Мајсторот и Маргарита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
 
== Историја на романот==
Во 1928 година, Булгаков почнал да го пишува своето ремек-дело, „романот за ѓаволот“ на којшто работел сè до смртта. Првобитните наслови на романот биле: „Сатана“, „Кнезот на темнината“, „Црниот маг“ и „Големиот канцелар“. Следната година ја напишал првата редакција на „романот за ѓаволот“ (вкупно 15 глави), како и четири глави од втората редакција. Во 1933 година ја напишал третата редакција на „романот за ѓаволот“, а во 1936 година и четвртата редакција, додека петтата и шестата редакција ги завршил во 1937 година, кога романот го добил конечниот наслов, „Мајсторот и Маргарита“. Во 1938 година ги напишал седмата и осмата редакција на романот. Во 1940 година, пред смртта, Булгаков го изговорил зборот „Мастер“, а неговата сопруга Елена му се заколнала дека ќе го објави романот „Мајсторот и Маргарита“.<ref>„Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, ''Pseće srce''. Beograd: LOM, 2008, стр. 123-126.</ref> Сепак, цензурираното издание на романот било објавено во [[СССР]] дури вокон крајот на 1966 и почетокот на 1967 година во списанието „Москва“. Веднаш по објавувањето, романот се наметнал како првокласна книжевна сензација и веднаш бил преведен на големите светски јазици. Но, тогаш не било познато дека од романот биле избришани многу „незгодни“ страници - вкупно една петтина од романот при што некаде бил исфрлен по некој збор, а некаде и цели поглавја. Подоцна, издавачките куќи надвор од СССР успеале да дојдат до оригиналната, нецензурирана верзија и романот бил објавен во целост, најпрвин во странство, а потоа и во [[Русија]].<ref>„MihailВлада BulgakovУрошевиќ, 1891„Поговор - 1940.Писателот Hronologija“под закрила на темните сили“, во: MihailМихаил BulgakovБулгаков, ''PsećeМајсторот srceи Маргарита''. BeogradСкопје: LOMТри, 20082006, стр. 123429-126430.</ref>
 
== Ликови во романот==