Мајсторот и Маргарита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Глава 7-12: ситна поправка
→‎Глава 7-12: дополнување
Ред 62:
Еден [[пролет]]ен ден, во [[Москва]], разговараат поетот Иван Николаевич Понирјов, познат како Бездомни, и Михаил Александрович Берлиоз (претседател на писателската [[организација]] МАССОЛИТ) при што Берлиоз образложува дека [[Исус Христос]] е измислен лик. Наеднаш, на Берлиоз му се појавува привидение, а потоа во разговорот се вклучува непознат човек со необичен изглед. Непознатиот, за кого Бездомни и Берлиоз помислуваат дека е странец, тврди дека Исус постоел, а потоа им ја раскажува случката во која [[Понтиј Пилат]] го осудил Исус на смртна казна, тврдејќи дека тој лично присуствувал на настанот. Непознатиот му кажува на Берлиоз дека истиот ден ќе умре така што ќе му биде пресечена [[глава]]та, а кога Берлиоз истрчува да се јави во [[полиција]], тој паѓа пред [[трамвај]] кој го обезглавува. Бездомни се обидува да го следи непознатиот, кому во меѓувреме му се придружува уште еден човек и еден голем мачор. Во трката по нив, Бездомни останува без [[облека]]та и по гаќи оди во седиштето на МАССОЛИТ, но никој не им верува на неговите зборови, туку го сметаат за луд и го носат во [[болница]]та за душевни болести.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 5-78.</ref>
 
===Глава 7-1213===
Следното утро, странецот (кој се претставува како артистот Воланд), неговиот помошник и мачорот се појавуваат во станот на Степан Лиходеев, директор на [[театар]]от „Вариете“ и прв сосед на Берлиоз. Воланд го известува Лиходеев дека потпишале договор за настап во театарот. Истовремено, Воланд му го презема станот, а Лиходеев за миг е пренесен во [[Јалта]]. Претседателот на станбената заедница на зградата, Никанор Иванович Босој, ги затекнува Воланд и неговата придружба во станот на Берлиоз, а потоа, помошникот на Воланд предизвикува Никанор да биде уапсен поради трговија со [[Девиза (појаснување)|девизи]]. Римски, директор на театарот „Вариете“, и неговиот помошник Варенуха добиваат [[Телеграма|телеграма]] дека Лиходеев се наоѓа во Јалта. Варенуха е грабнат од помошниците на Воланд така што и тој исчезнува. Во „Вариете“, Воланд и помошниците приредуваат неверојатна претстава. Во болницата, Бездомни запознава еден човек кој се претставува како Мајсторот. Тој му кажува на Бездомни дека во Москва дошол [[Сатана]]та, а исто така, му ја раскажува и својата животна приказна: Откако добил висока награда на [[лотарија]], Мајсторот почнал да пишува роман за Исус Христос и Понтиј Пилат, а истовремено се вљубил во една жена; кога се обидел да го објави [[роман]]от, тој бил одбиен, а потоа се појавиле остри критики против неговото дело; поради тоа, Мајсторот западнал во тешка душевна криза и самиот отишол во болницата.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 79-140160.</ref>
 
===Глава 14-15===
По необичната претстава, Римски се повлекува во својот кабинет, каде го посетува Варенуха кој му раскажува дека директорот Лиходеев бил пронајден во близината на [[Москва]]. Меѓутоа, Римски открива дека посетителот не е Варенуха, туку се работи за нечиста сила. Тогаш, почнуваат да пеат утринските петли и така Римски се спасува од сигурната смрт, по што веднаш со воз побегнува во [[Ленинград]]. Во меѓувреме, Никанор Босој, исто така, е затворен во болницата каде се наоѓаат Бездомни и Мајсторот.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 161-160.</ref>
 
==Осврт кон делото==