Кери Бредшо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
додаден/изменет шаблон
правопис - црвеникав
Ред 29:
Кери е пасивен пушач и кога тоа го прави најчесто ја гледаме со "Марлборо" цигари. Во 3 и 4 сезона , кога веќе е во врска со Ејден, неколку пати се обидува да ги откаже цигарите користејќи [[лепенки против пушење]]. Таа ужива пиејќи коктели (особено [[Космополитан]] - тоа помогна да се популаризира овој пијалок). Иако Кери многу добро ги знае проблемите што ги има во врските, поради лошите искуства во текот на серијата, сепак е романтичарка во бескрајна потрага по вистинската љубов и не се задоволува со : "ништо помалку од пеперутки во стомакот". Но и покрај ова, таа постојано се двоуми дека е од оној тип на жена која би се омажила и би имала семејство.
 
Кери живее во околината на [[Менхетен]] во [[Њујорк]], во зграда од [[црвенкастцрвеникав градежен камен]], која се наоѓа на [[горен Менхетен]], на измислен куќен број 245, а адресата е East 73rd Street, меѓу Парк и Медисон. Во овој стан живее во сите 4 сезони од серијата и во 4тата сезона го купува од Ејден. Во почетните епизоди од првата сезона може да се забележи дека станот на Кери се наоѓа веднаш над едно кафуле во непосредна близина на Авенијата Медисон. До приближно четвртата сезона сите згради во близина на нејзиното место на живеење се со исти фасади и така остануваат до крајот на серијата. Само во првата епизода станот на Кери е различен од останатите 93 епизоди од тв серијата и од двата дела од играниот филм. Во вистинскиот живот, познатите скали од нејзината зграда се наоѓаат на Пери Стрит 66, Њујорк (Вест Вилиџ, Менхетен).
 
Многу малку се кажува за животот на Кери пред серијата. Таа за прв пат доаѓа во Менхетен во вторник на 11 Јуни 1986 година, кога имала приближно 21 година земено според нејзината возраст која се спомнува во други сцени од серијата. Во филмот таа кажува дека во истиот стан живее 20 години (иако во една сцена вели дека има 35 години и дека во тој стан живее веќе една деценија), што значи дека живеела во градот 5 години пред да се пресели на наведената локација. Во четвртата сезона, Кери му кажува на еден фотограф дека кога прв пат пристигнала во Њујорк била толку сиромашна што би си купела еден примерок ''[["Вог"]]'' наместо јадење. Исто така се спомнува дека таткото на Кери ги напуштил неа и мајка и кога таа имала само 5 години, а браќа и сестри нема. Во серијата се открива и дека на 22 годишна возраст имала [[абортус]], откако се впуштила во [[авантура]] со некој келнер во 1988 година.