Среден век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 73:
Првите години на 14-от век биле обележани со глад, кулминирајќи во [[Масовен глад]](1315—1317). Како дел од причините за Масовниот глад може да се вбројат бавната транзиција од средновековниот топол период кон малата ледено доба, којашто ги направила луѓето ранливи поради неуспешните жетви предизвикани од лошите временски услови. Во периодот на 1313–1314 и 1317–1321год. низ цела Европа преовладувале многу врнежи коишто придонеле за зголемување на бројот на неуспешни жетви. Климатските промени коишто довеле до опаѓање на просечна годишна температура во Европа, во 14-от век биле придружени со [[економска криза]].
Во 1347 година овие проблеми довеле до појавување на [[Црна смрт|Црната смрт]], болест којашто се ширела низ Европа во текот на следните три години. Билансот на жртвите веројатно бил околу 35 милиони луѓе во Европа, што претставувало околу една третина од населението. Особено тешко биле погодени градовите, поради многубројните болести.
Големи делови од земјата биле ретко населени а во некои места полињата биле оставени необработени. Со цел земјопоседниците да привлечат што поголем број на достапни работници на нивните полиња, дошло до зголемување на платите. Дополнителни проблеми претставувале и пониските кирии и намалувањето на побарувачката на храна коишто довеле до намалување на земјоделскиот приход. Се чинело дека и урбаните работници имале право на поголема заработувачка коешто довело до избувнување на популарни востанија низ Европа. Меѓу востанијата биле Жакеријата во Франција, Селското востание во Англија и револти во градовите [[Фиренца]] во Италија и во [[Гент]] и [[БригеБрухе]] во Фландрија. Траумата којашто ја преживеале луѓето резултирала со зголемување на побожноста низ Европа којашто довела до формирање на нови добротворни организации, до само- измачување на верските фанатици,како и прилагањето на жртвени јагниња од страна на Евреите. Со враќањето на Чумата, дошло до уште поголемо нарушување на условите во остатокот од 14-от век. Таа продолжила да напаѓа во остатокот од Средниот век.
 
== Општество и економија ==