Свето Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 79:
Во 962 година [[Отон I]] бил прогласен за [[цар на Светото Римско Царство]] (германски: Römisch-Deutscher Kaiser, Римско-германски цар), иако титулата цар на Светото Римско Царство според традиционалните преданија претходно му била доделена на [[Карло Велики]] во 800 година. Отон бил првиот цар на државата кој не и припагал на династијата [[Каролинзи]].<ref>Martin Arbage, "Otto I", in ''Medieval Italy: An Encyclopedia'' (Routledge, 2004), p. 810 [http://books.google.com/books?id=spKxJeHJgTAC&pg=PA810&dq=%22Otto+can+be+considered+the+first+ruler%22&lr=&as_drrb_is=q&as_minm_is=0&as_miny_is=&as_maxm_is=0&as_maxy_is=&as_brr=0 online]: "Otto can be considered the first ruler of the Holy Roman empire, though that term was not used until the twelfth century."</ref> Последен цар на Светото Римско Царство бил [[Франц II]], кој абдицирал и го растурил царството во 1806 за време на [[Наполеонски војни|Наполеонските војни]].<ref>{{cite book|last=Bryce|first=James|title=The Holy Roman Empire|year=1889|publisher=Macmillan and Co.|location=London|page=1|url=http://books.google.ca/books?id=lvgsAAAAYAAJ&printsec=frontcover&dq=holy+roman+empire&hl=en&sa=X&ei=ukRbT4CTGsm1gweT2oWiCw&ved=0CDMQ6AEwAA#v=onepage&q=holy%20roman%20empire&f=false}}</ref> По седницата во [[Келн]] во 1512 година, името било официјално сменето во Свето Римско Царство на германскиот народ (германски: Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation, латински: Imperium Romanum Sacrum Nationis Germanicæ)..<ref name="wilson">Peter Hamish Wilson, ''The Holy Roman Empire, 1495–1806,'' MacMillan Press 1999, London, page 2; [http://www.london.diplo.de/Vertretung/london/en/06/German_20History/Holy__Roman__Empire/Background__seite.html The Holy Roman Empire of the German Nation] at the Embassy of the Federal Republic of Germany in London website</ref>
 
Териториите на Светото Римско Царство денес се дел од државите: [[Германија]] (без [[јужен Шлезвиг]]), [[Австрија]] (без [[Градиште (Австрија)|Градиште]]), [[Чешка]], [[Швајцарија]] и [[Лихтенштајн]], [[Холандија]], [[Белгија]], [[Луксембург]] и [[Словенија]] (освен [[Прекмурје]]), делови од источна [[Франција]] ([[Артоа]], [[Алзас]], [[Франш-Конте]], [[Француска Фландрија]], [[Савоја]] и [[Лорена]]), северна [[Италија]] (главно [[Ломбардија]], [[Пиемонт]], [[Емилија-Ромања]], [[Тоскана]], [[Тренто]] и [[јужен Тирол]]) и западна [[Полска]] (главнопретежно [[ШлезијаШлеска]], [[ПомеранијаПоморје]]то и [[Нојмарк]]).
 
== Именување ==
Ред 126:
Политиката на Фридрих била главно насочена кон Италија, каде се судрил со се побогатите и слободоумни градови од северот, особено [[Милано]]. Тој се вмешал во уште еден конфликт со Папството со неговата поддршка на еден од помалите кандидати наспроти [[Папа Александар III|папата Александар III]] (1159-81). Фридрих поддржувал неколку [[антипапа|антипапи]] пред да се смири со Александар во 1177 година. Во Германија, царот постојано го штител [[Хенри Лавот]] од жалбите на неговите ривали и градови (што бил случајот со [[Минхен]] и [[Либек]]). Поддршката на Хајнрих за политиката на Фридрих била еднообразна и во една критична ситуација за време на војните во Италија, Хајнрих ја одбил молбата за помош на царот. По неговото враќање во Германија, огорчениот Фридрих започнал постапка против војводата, со што тој добил јавна забрана и сите територии му биле одземени.
 
За време на династијата Хоенштауфен, германските принцеви го обезбедиле успешно и мирно населување на источни земји претходно населени од [[западни Словени]] или ненаселени земји со луѓе кои зборувале на [[Германци|германски]] јазик од западниот дел на Царството, и христијани и евреи. Постепената германизација на овие земји била сложен феномен што не треба да се гледа како преку наклонетоста кон [[Национализам|национализмот]] од 19 век. Со источното населување, влијанието на Царството се проширило во [[ПомеранијаПоморје]]то и [[ШлезијаШлеска]]-но и поради браковите на локалните словенски владетели со германски сопружници. Исто така Тевтонскиот ред бил поканет во [[Прусија]] од војводата [[Конрад од Мазовија]] да ги покрсти [[Пруси]]те во 1226 година. Монастичката држава [[Тевтонски ред|Тевтонски Ред]] и подоцнежните држави-наследнички на Прусија никогаш не биле дел од Светото Римско Царство.
 
Во 1190 година, Барбароса учествувал во [[Третата крстоносна војна]] и загинал во [[Мала Азија]]. За време на владеењето на неговиот син и наследник, [[Хајнрих VI]], династијата Хоенштауфен го достигнала својот врв. Хајнрих го додал норманското Кралство Сицилија во неговите територии, го држел [[Ричард I|Ричард I Лавовско Срце]] како заробеник и сакал да направи наследна монархија кога умрел во 1197 година. Иако неговиот син Фридрих II бил веќе избран за крал, тој бил мало дете и живеел на Сицилија, германските принцеви решиле да изберат возрасен крал, што резултирало со двојниот избор на најмладиот син на Барбароса [[Филип од Швабија]] и синот на Хајнрих Лавот, [[Отон од Брунсвик]]. Отон успеал да владее одредено време откако Филип бил убиен во приватна караница во 1208 година, и започнал да ја бара Сицилија. [[Папа Инокентие III|Папата Инокентие III]], кој се плашел од можното обединување на Царството и Сицилија, сега го поддржувал кралот на Сицилија [[Фридрих II]], кој марширал до Германија и го поразил Отон. По неговата победа Фридрих не го исполнил ветувањето да ги држи двете држави одвоени – иако го назначил својот син Хајнрих за крал на Сицилија пред да оди во Германија, тој бил оној што ја имал вистинската политичка моќ. Ова продолжило и по крунисувањето на Фридрих за цар во 1220 година. Плашејќи се од големата моќ на Фридрих, папата конечно го екскомуницирал царот. Друга работа била и [[Шеста крстоносна војна|крстоносната]] војна, на која Фридрих се обврзал но постојано ја откажувал. Иако екскомунициран, Фридрих ја предводел крстоносната војна во 1228 година, која на крајот завршила со преговори и привремено обновување на Кралството Ерусалим. Конфликтот со папата продолжил и папата го поддржал изборот на анти-крал во Германија.