Животна средина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Air_.pollution_1.jpg со Image:Air_pollution_by_industrial_chimneys.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: [[:c:COM:FR#reasons|File renamin...
Ред 37:
Цицачите и [[птици]]те се хомеотермни организми, што значи дека можат да ја регулираат нивната внатрешна температура, ограничувајќи ги ефектите на надворешните температурни варијации. Но, Т сѐ уште е ограничување. Ладењето кај нив се постигнува со [[потење]] (загуба на вода). Топлината е произведува преку метаболизмот на храната, така што за да се преживее во студена клима, потребен е висок степен на метаболизам.
 
=== Атмосферски гасови(од Васко Стојанов) ===
 
Се смета дека постоењето на Земјината атмосфера се должи во најголем дел на присуството на живот. Во исто време, организмите еволуирале да опстанат во атмосферата таква каква што е. Составни делови на атмосферата со најголемо биолошко значење се [[кислород]]от и [[јаглерод диоксид]]от. Кислородот зазема приближно 20% од атмосферата и се создава како резултат на кислородната фотосинтеза. При овој процес се внесува CO<sub>2</sub> со цел да се произведат [[јаглехидрат]]и. [[Аероб]]ното дишење е обратно на овој процес, при што се користи O<sub>2</sub> за да се добие вода. Според ова, сегашната атмосфера е рамнотежа од овие две биолошки процеси. За повеќето копнени организми, ниту CO<sub>2</sub> или O<sub>2</sub> се ограничувачки фактори; но, потребата да се земе секој од овие гасови во клетката може да е ограничување на големината и можноста да се толерира воден стрес. Ограничувањето на секој од овие гасови може да е важно во водните [[екосистем]]и, каде нивната концентрација е значително пониска.