Милорад Павиќ: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Творештво: ситна поправка |
|||
Ред 6:
==Творештво==
Павиќ бил романописец, раскажувач, поет и драмски писател. Својата книжевна кариера, Павиќ ја започнал како поет, со стихозбирките „Палимпсести“ (1967) и „Месечев камен“ (1971). Во овој период, тој ги објавил и книгите „Историја на српска книжевност во барокниот период“ (1970), „Војислав Илиќ и европска поезија“ (1971) и „Гаврил Стефановиќ Венциловиќ“ (1972). Својата есеистичка и научна работа ја продолжил и во текот на 1970-тите о 1980-тите, со книгите: „Јазичното паметење и поетскиот облик“ (1976), „Историјата, сталежот и стилот“ (1985), „Историја на српската книжевност од класицизмот и предромантизмот“ (1979) и „Раѓањето на новата српска книжевност“ (1983). Првата збирка раскази „Железна завеса“ ја објавил во 1973 година, а потоа следеле збирките раскази: „[[Коњите на свети Марко]]“ (1976), „Руски 'рт“ (1979), „Нови белградски приказни“ (1981), „Душите се капат последен пат“ (1982) и „Превртена ракавица“ (1989). Домашната и светската слава Павиќ ја стекнал со [[роман]]от „[[Хазарски речник]]“ од 1984 година, по што следеле романите „Предел сликан со чај“ (1988), „Внатрешната страна на ветрот“ (1991) и „Последната љубов во Цариград“ (1994). Исто така, значајно место во творештвото на Павиќ заземаат и делата: „Шешир од рибина кожа - Љубовна приказна“ (1996), „Стаклен полжав - Приказни од Интернет“ (1998),
Според зборовите на Часлав Ѓорѓевиќ, Павиќ е европски [[Борхес]], бидејќи во своите дела, внесувајќи во нив научно и фантастично, обликува прозни форми и уметнички ветрови кои не престануваат да ги збунуваат и воодушевуваат читателите насекаде во светот.<ref>Часлав Ђорђевић и Предраг Лучић, ''Књижевност и српски језик - приручник за ученике четвртог разреда гимназије и средњих стручних школа'', Нови Сад, 2009.</ref> До денес, делата на Павиќ се преведени во повеќе од 80 преводи во посебни книги на различни јазици во целиот свет. Од страна на експерти од [[Европа]], [[САД]] и [[Бразил]], Милорад Павиќ бил номиниран за [[Нобеловата награда за литература]].
|