Винсент ван Гог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 78:
[[Податотека:Red_vineyards.jpg|мини||right|''Црвените виногради'' 1888г.]]
[[Податотека:Vincent_Willem_van_Gogh_128.jpg|мини||left|''Вазна со дванаесет сончогледи'' 1888г.]]
Ван Гог се преселил во Арл барајќи засолниште; во тоа време бил зависник од алкохол и имал кашлица од цигарите.Пристигнал на 21 февруари 1888 година, зел соба во хотел-ресторанот Carrel, очекувајќи да изгледа како тие од сликите на Хокусаи (1760-1849) или Утамро (1753-1806). <ref>^ a b Pickvance (1984), 41–42: Chronology</ref> Тој заминал во градот со цел да пронајде утописка ликовна колонија. Во Арл два месеци се дружел со Кристијан Муриер-Петерсен. Сепак, Арл му изгледал егзотично и валкано. Во едно писмо тој го опишува Арл како туѓа земја и вели дека луѓето му изгледале како да припаѓаат на друг свет. 100 години после неговиот престој таму, 113 годишната Јани Калмент, која на 13-годшна возраст работела во продавницата на чичко и‘‘, се сеќава на Ван Гог како на валкан, лошо облечен, грд, некултурен и болен маж кој купувал платно од кај нив. Ван Гог бил обземен од пејзажот и светлината во Арл. Во делата кои ги насликал овој период преовладува жолта, ултрамарин и виолетова боја. Светлината на градот го воодушевувала, и поради тоа во неговите слики често ја прикажувал. Сликал локални пејзажи и три од неговите дела биле прикажани на изложба. Во април го посетил американскиот уметник Доџ МекНајт, кој живеел во близина на Фонтвил. На 1 мај изнајмил нов стан за 15 фрнки месечно. Собите биле празни, без мебел. За тоа време престојувал во хотелот Карел, но престојот му бил многу скап. Поради тоа на 7 мај се преселил кај нови газдисо кои многу се спријателил. Иако изнајмената куќа не била уредена со мебел, тој ја користел како атеље. Најголемо достигнување во овој период биле сериите дела : ''Столот на Ван Гог'' (1888г.), ''Спална соба во Арл''(1888), ''Кафе тераса, Арл, навечер''( септември 1888г.), ''Ѕвездено небо'' (1888г.), мртва природа: ''Вазна со дванаесет сончогледи''(1888), кои биле дел од проектот декорација за Жолтата куќа.<ref>^ Pickvance (1984), 175–176 and Dorn (1990), passim</ref> Во јуни заминал во Сен Мари де ла Мер, каде што држел часови по цртање. МекНајт го запознал Ван Гог со Еуген Бок, белгиски уметник кој некогаш живеел во Фонтвил. Во август почнал да слика сончогледи. Бок повторно го посетил, и тогаш Ван Гог го нацртал неговиот портрет. Сестрата на Бок, Ана (1848-1963), исто така уметник, ја купила сликата ''Црвениот виноград'' во 1890г. По советот на неговиот пријател Јосиф Рулин, чијшто портрет го насликал Ван Гог, на 8 септември купил два кревета, <ref>^ Letter 534; Gayford (2006), 18</ref> и конечно, на 17 септември, ја поминал првата ноќ во Жолтата куќа, која се‘ уште не била целосно уредена. Кога Гоген решил да живее и работи во Арл, Ван Гог започнал да работи на проектот Декорацијата за Жолтата куќа, кое веројатно било и негово најамбициозно дело. Ван Гог изработил две слики со столови: Столот на Ван Гог и Столот на Гоген.<ref>^ Pickvance (1984), 234–235</ref> Гоген пристигнал во Арл на 23 октомври. Во ноември сликале заедно. Гоген го насликал портретот на Ван Гог ''Сликар на сончогледи'', ''Портрет на Ван Гог'', и што е невообичаено за Ван Гог, нацртал неколку слики по сеќавање. Двајцата уметници во декември заминале во Монтпелиер, каде што виделе познати дела во музејот Фабре „Фабре“. Но , нивното пријателство почнало да се распаѓа. Се карале и за уметноста; Ван Гог чувствувал сртав дека Гоген ќе замине. На 23 декември 1888г., вознемирен и болен, Ван Гог го нападнал Гогин со жилет. Во паника, заминал и отишол во некој локален бордел. Додека бил таму си отсекол дел од левото уво. Го завиткал отсечениот дел во весник и и‘ го дал на проститутката Ракел, замолувајќи ја да го чува.<ref>^ According to Doiteau & Leroy, the diagonal cut removed the lobe and probably a little more.</ref> Гоген заминал од Арл и повеќе никогаш не го видел Ван Гог. По неколку дена Ван Гог бил хоспитализиран во критична состојба која траела неколку дена. Во јануари 1889г. се вратил во Жолтата куќа, но често бил и во болница бидејќи халуцинирал дека некој го отрул. Во март полицијата ја затворила неговата куќа, откако 30 луѓе од градот потпишале петиција за тоа. Пол Сињак го посетил во болницата и во негова придружба Ван Гог бил пуштен од таму. Во април се преселил во собите на докторот Реј, откако поплава му уништила неколку слики во станот. <ref>^ Tralbaut (1981), 265–273</ref> Два месеца подоцна заминал од Арл во душевна болница во Сен Реми де Прованс.
 
=== Сен Реми (мај 1889-мај 1890) ===
Ред 105:
== Работа ==
Додека одел на училиште, Ван Гог сликал со водени бои; некои од овие дела се зачувани, но авторството на дел од нив е спорно. Подоцна, кога прифатил сериозно да се занимава со уметност, започнал со копирање на Курс де дизајн. Пролетта 1882г., чичко му кој бил сопственик на галеријата за современа уметност во Амстердам, од Ван Гог побарал цртежи од Хаг. Но неговите дела не ги исполниле очекувањата на чичко му. Подоцна уште еднаш го ангажирал, прецизирајќи му што точно бара, но по втор пат бил разочаран од резултатот. Но тој не се разочарувал. Ја подобрил осветленоста во ателјето местејќи ролетни и експериментирал со различни материјали за цртање. За нешто повеќе од една година започнал да работи на еднофигурни композиции, за кои тогаш бил многу критикуван. Денес тие се сметаат за први ремек-дела од него.
Во 1883г. започнал да црта композиции со повеќе фигури. Некои од нив ги фотографирал, но кога брат му забележал дека во нив недостасува свежина и живот, почнал да ги бои. Тео му обезбедувал финансиска поддршка за првите слики, но сите пари набргу биле потрошени. Пролетта 1883г. се запознал со уметници од училиштето во Хаг, Вајзенбрух и Блумерс, и од нив добивал техничка поддршка, како и од сликарите како Де Бок И Ван дер Веле, исто така уметници од втората генерација на ова училиште.<ref>^ a b See Dorn, Schröder & Sillevis, ed. (1996)</ref>Кога се преселил во Нуенен започнал со сликање на големи слики, но поголемиот дел од нив ги уништил. По посетата на музејот[[Државен Ријкмузеј (Амстердам)|Државниот музем]], Ван Гог станал свесен дека неговиот неуспех се должи на немањето искуство во техниката на работа. Затоа заминал во Антверпен , а подоцна и во Париз да ги усовршува овие техники.
 
Помалку или повеќе запознат со импресионистичките и неоимпресионистичките техники и теории, Ван Гог заминал во Арл да ги развива новите можности. Но, за кратко време почнал повторно да ги употребува старите идеи за сликање. Како што се развивала неговата работа, насликал повеќе автопортрети. Во 1884г. во Нуенен работел на циклус кој требало да ја декорира трпезаријата на негов пријател во [[Ајндховен]]. Исто така и во Арл, пролетта 1888г. подготвувал серија фигури кои завршиле во домот на фамилијата Рулин, а најпосле, со доаѓањето на Гогин во Арл, почнал да работи на ''Декорацијата за жолтата куќа'', што претставува негов најамбициозен циклус на дела. Пролетта 1889г. насликал уште еден помал циклус овоштарници. Историчарот на уметност Алберт Боиме бил првиот кој покажал дека дури и во фантастичното дело како ''Ѕвездена ноќ'' , Ван Гог се потпира на реалноста.<ref>^ Boime (1989)</ref> ''Белата куќа навечер'' претставува куќа во самрак и ѕвезда на небо опкружена со светлина. Астрономите од Универзитетот во Тексас пресметале дека ѕвездата е всушност Венус, која сјаела на небото во јуни 1890, за кога се смета дека Ван Гог го насликал ова дело. Сликите од Сен Реми се карактеризираат со виори и спирали. Светлината која ја прикажува во сликите е соодветна со Колмогровиот статистички модел на турбуленција.<ref># ^ J. L. Aragón, Gerardo G. Naumis, M. Bai, M. Torres, P.K. Maini.'Kolmogorov scaling in impassioned van Gogh paintings'. 28 јуни 2006</ref>