Нинџа-желки (ТВ-серија од 1987): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
а може и да се избрише?
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Внимание}}
{{Викифицирање}}
Нинџа желки е американска цртана серија. Дејството се одвива во Њујорк. Нејзини главни ликови се нинџа желките Леонардо, Донатело, Рафаело, Микеланџело, стаорецот Сплинтер и нивните пријатели кои се луѓе по име Кејси Џонс и Ејприл Онил. Во текот на цртаната серија ќе се среќаваат со разни пријатели и непријатели. Пријатели им се Сребрениот Стржар, Ејнџел, Дањо и многу други. Додека во текот на серијата најголеми непријатели ќе им се ного нинџите .Првите епизоди се направени во 2003-та година. Првата сезона се состои од 26 епизоди, втората од 26 епизоди, третата од 26, четвртата од 26, петтата е малку пократка и има 13 епизоди, а пак шесттата сезона има исто така 26 епизоди. Практично секоја сезона освен петтата има по 26 епизоди. Во тек е снимање на 7-мата сезона.
'''Нинџа Желки''' (англиски: Teenage Mutant Ninja Turtles) претставуваат измислени ликови на четири антропоморфни желки, Леонардо, Рафаело, Микеланџело и Донатело. Нивниот учител Сплинтер, ги тренира и оспособува на нинџа вештини, така што секоја желка ракува со посебно оружје. Најчесто како нивни непријатели се јавуваат Секачот, Кранг, Бибоп, Рокстеди, а како нивниот најблизок пријател и соработник во речиси сите емитувања е новинарката Ејприл О’Нил.
 
== '''Историја:''' ==
Младите мутанти нинџа желки водат потекло од американскиот стрип, кој го издал ''Мираж Стјудиос'' во 1984 година. Концептот настанал од хумористичните скици, кои ги нацртал Кевин Истман со својот пријател Питер Лердом. Со сопствени пари младите уметници самите го издаваат првиот број на стрипови како пародија на четирите најпопуларни стрипови во почетокот на 1980-тите: „Дердевил“ и „Нови мутанти“, од Марвел Комикс, „Серебус“ од Дејв Сим и „Ронин“ од Френк Милер.<ref>{{cite web|url=* http://www.heavymetal.com/page.cfm?id=262|title=I Was a Teenage Mutant Ninja Turtle|date=26. 1. 2007.}}</ref>
 
== '''Филмски остварувања:''' ==
'''Анимирани филмови:'''
 
Снимени се повеќе телевизиски проекти, од кои првата анимирана серија ''Млади мутанти нинџа желки'' се создава и емитува 9 години и тоа од 1987 до 1996 година. Содржи вкупно 193 епизоди во 10 сезони.
 
Емитување на втората анимирана истоимена серија започнува на 8 февруари 2003 година. Особините на Нинџа Желките се изменети во однос на серијата од 1987 година, со цел да бидат доближени до оригиналните ликови од стриповите. Во овој серијал, повеќе е нагласена акцијата и борбата со злото во однос на претходната верзија, каде застапени се и хумористични моменти. Вкупно епитувани се 159 епизоди, распоредени во 7 сезони.
 
Третиот анимиран филм со нова верзија за нинџа желки се емитува од 2012 до 2017 година. Содржи 124 епизоди во 5 сезони.  
 
'''Играни филмови:'''
 
Нинџа желките се појавуваат и во шест играни филмови. Првите три дела се настанати во почетокот на 1990-тите години, односно во 1990, 1991 и 1993 година. Четвртиот филм насловен како „ТМНТ“ е објавен во 2007 година. Најновите филмски остварувања се двата дела на филмот насловен како „Млади мутанти нинџа желки“ во режија на Џонатан Либесман, а во продукција на Мајкл Беј. Првиот дел е објавен на 8 август 2014, додека неговото продолжение беше објавено на 3 јуни 2016 година.  
 
== '''Анимирана серија „Млади мутанти нинџа желки 1987 - 1996“''' ==
'''Млади мутанти ниџа желки''' (англиски: Teenage Mutant Ninja Turtles) e американска цртана серија продуцирана од фирмата ''Murakami-Wolf-Swenson Film Productions Inc.'' Американската премиера ја имала на 10 демекври 1987 година. Создадени се 193 епизоди, кои овозможиле овие ликови да стекнат огромна популарност. Серијата се заснова врз истоимениот стрип на Кевин Истман и Питер Лерд, иако темите значително се разликуваат од релативно мрачните мотиви од стрипот за пред сè, да бидат погодни и за децата.
 
=== '''Содржина''' ===
Во Јапонија постои клан нинџи под називот ''Стопало'', кои ги предводи чесниот учител Хамато Јоши. Поради подмолноста на еден од неговите ученици – Ороку Саки – Јоши е посрамотен и протеран од кланот, иселувајќи во Њујорк каде што во очај и беда почнува да живее во канализација. Еден ден, непознато дете кое носи аквариум со четири желки случајно се сопнува, ги испушта желките, кои паѓаат во канализацијата кај Јоши. По некое време, Јоши ги наоѓа желките покриени со светлосна розова смеса, мутантна хемикалија со која поради контактот со Јоши ги претвора во човечки желки, додека Хамато Јоши поради тоа што непосредно пред тоа бил во контакт со стаорци, станува човечки стаорец, именувајќи се со ново име '''Сплинтер'''. Јоши ги прифаќа четирите желки како свои синови и ги учи на нинџа вештини. Им дава имиња по своите омилени ренесансни уметници: Леонардо, Рафаело, Михеланџело и Донатело. Секоја нинџа носи марама со одредена боја и умее да ракува со одредено оружје.  
 
Набргу желките ја запознаваат Ејприл О’Нил – новинарка на Канал 6, кои ја спасуваат од група насилници. Дознаваат дека насилниците работат за злобниот Секач, кој е всушност стариот непријател на Јоши, неговиот ученик Ороку Саки. Секачот ги открива желките и Сплинтер дознавајќи дека тој е одговорен за нивната мутација. Имено, Саки (кој подоцна станува водач на кланот ''Стопало'') го следел Јоши до Њујорк, па и него и желките ги изложил на мутација, која претвора луѓе во животни и обратно, со кои непосредно пред тоа биле во контакт.    
 
Во меѓувреме Секач соработува со злобниот тиранин Кранг, протеран од Димензија Икс и го обезбедува Секачот со врвна технологија и арсенал на оружје, кој се напѓа во нивната база – Технодром. За возврат, Секачот му направил на Кранг андроитско тело и му помага во неговите различни проекти поврзани со инвазија на светот.  
 
Осознавајќи ја оваа вистина, желките постануваат херои, со постојани акции трајно спречувајќи го Секачот да ги оствари своите планови.
 
=== '''Ликови:''' ===
'''Нинџа Желки'''
 
* '''Леонардо –''' Неофицијален лидер на тимот. Храбар, одлучен и особено посветен на боречките вештини. Најблизок со Сплинтер од сите останати и има мошне изразено чувство за чест и правда. Носи сина марама и неговото оружје е катана. Името го добива по [[Леонардо да Винчи]].
* '''Рафаело -'''  Антидруштвен член, а понекогаш и агресивен по природа. Голем шегаџија, но и полн со сарказам и ароганција. Понекогаш е лут на Леонардо поради неговата позиција. Носи црвена марама, а неговото оружје е саи. Името го добива во [[Рафаел|Рафаело Санти]].
* '''Микеланџело –''' Најнезрелиот и најнесериозниот член во екипата. Има особено голем апетит за пица и најмногу се истакнува по својот слободен дух. Иако сака да се одмара, исто така и авантуристичка и креативна страна. Користи доста сленгови во неговиот говор. Носи портокалова боја, а неговото оружје е нончаки. Името го добива по [[Микеланџело Буонароти]].
* '''Донатело –''' Брилијантен научник, пронаоѓач, инженер и технолошки гениј. Од сите желки најмногу одбегнува насилство со тоа што сака да го користи својот интелект за решавање на конфликтот. Носи виолетова марама и негово оружје е бо-стап. Името го добива по вајарот [[Донатело]].
 
'''                     '''