Разлика помеѓу преработките на „Атентат врз Франц Фердинанд“

#1Lib1Ref
с (Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јули + јули))
(#1Lib1Ref)
[[Податотека:Franz ferdinand.jpg|thumb|right|250px|Франц Фердинанд, надвојводата од Австрија.]]
 
'''Атентатот врз надвојводата Франц Фердинанд од Австрија''' кој довел до избувнувањето на [[Првата светска војна]] се случил на 28 јуни 1914 во [[Сараево]], во тогашна [[Австро-Унгарија]]. Надвојводата [[Франц Фердинанд]], кој бил и престолонаследник на австро-унгарскиот трон, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отворен автомобил, и двајцата биле застрелани и убиени од [[Гаврило Принцип]], еден од групата од шест заговорници предводени од [[Данило Илиќ]].<ref>Милорад Екмечић, Стварање Југославије 1790–1918, кн. 2, стр. 685.</ref>
 
Политичката цел на атентатот била да се принуди Австро-Унгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на [[Голема Србија]] или [[Југославија]]. Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како [[Млада Босна]] и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава - Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање Драгутин Димитријевиќ - Апис. Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот.