Омов закон: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 00:14, 31 август 2008

Омовиот закон се однесува на електрични кола, тој вели дека:

Напонскиот извор V, предизвикува електрична струја I, низ отпорникот R, трите величини на кои се однесува Омовиот закон: I = V/R.
Струјата помеѓу две точки е директно пропорционална со потенцијалната разлика (напонот) и обратно пропорционална со отпорот помеѓу нив.

Математички, тоа се изразува како:

Кајшто I е струјата во ампери, V е потенцијалната разлика во волти, и R е електричната отпорност изразена во оми. Потенцијалната разлика е позната и како пад на напонот, и може да се означува и со U, E или ЕМС (електромоторна сила).[1] I is from the German Intensität meaning "intensity".[се бара извор]

Оваа законитост ја открил германскиот физичар Георг Ом, и ја објавил во 1827. година како резултат на лабораториски мерења, и во малку посложена форма.

Отпорноста на повеќето отпорнички материјали отпорници е константна за широк спектар на струи и напони. Кога отпорникот се употребува во вакви околности, неговата отпорност се нарекува „омска“. Покрај омската отпорност, постои и капацитивна и индуктивна, кои се јавуваат кај променливите и наизменичните струи.

Омовиот закон, во презентираната форма, е мошне корисен за електротехниката, затоа што опишува како напонот, струјата и отпорот се поврзани на „макроскопско“ ниво, односно како елементи на електричното коло. Физичарите кои ги проучуваат електричните својства на материјалите на микроскопско ниво ја употребуваат векторската равенка:

кајшто J е густина на струјата (стрја по единечна површина), σ е електричната спроводливост, а E е електричното поле (во волти по метар).

Референци

  1. Handbook of Chemistry and Physics, Fortieth Edition, p.3112, 1958