Културна револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 78:
На [[1 јуни]] [[1966]] година, по радиото бил прочитан слоганот, составен од Не Јуанѕ, професор по филозофија на Универзитетот Пекинг: „''Апсолутно, радикално, целосно елиминирање на доминацијата и злонамерниот заговор на ревизионистите! Отстранување на чудовиштата - ревизионисти од крилото на Хрушчов''!“. Милиони ученици и студенти, организирани во тимови започнале да бараат чудовишта и демони меѓу наставниот кадар, универзитетското раководство, а потоа и во локалните и општинските власти, кои се обидувале да ги заштитат професорите. Истите биле прогласени за непријатели и биле понижувани. Распуштањето на [[26 јули]] [[1966]] година на ученици од сите училишта и универзитети за шест месеци го олеснил овој процес и привлекол дополнително 50 милиони ученици во Црвената гарда на учениците.
 
Во август [[1967]] година весниците во Пекинг пишувале: „''Антимаоистите, тоа се пуштени на слобода по улиците стаорци ... убивајте ги, убивајте ги!“'' Изјавата на Лин Бао објавено во весникот на [[хунвејбини]]те во [[1967]] година практично ги оправдило овие убијства. Министерството за транспорт во есента 1966 година им дало на Црвените водичи бесплатни екскурзиски патувања низ целата земја за да разменат искуства. Културните и научните активности биле скоро целосно парализирани и запрени. Сите книжарници имале забрана за продажба на книги освен една: „Цитатите на Мао“. Тие биле издавани во многу варијанти: една од нив била книга со корица направена од цврста пластика која не остава траги од крв. Со нив, многумина истакнати лидери на партијата биле тепани до смрт кога „нивниот аристократски отров“ излегувал од нивните усти<ref>MacFarquhar, Roderick and Schoenhals, Michael. Mao's Last Revolution. Harvard University Press, 2006. p. 125</ref>.
 
[[Слика:Trip to Ningxia and Gansu.jpg|мини|Лицата на статуите од [[Буда]] во манастирите биле уништени]]
Ред 91:
 
Во есента [[1967]] година, Мао ја искористел Армијата против Црвената гарда, која била отфрлена како некомпетентна и политички незрела. [[Хунвејбини]]те понекогаш се спротивставувале на армијата. Во септември [[1967]] година, организацијата на Црвената гарда била распуштена. Пет црвени лидери биле испратени да работат на свињарска фарма во длабоката провинција. На [[27 април]] [[1968]] година неколку лидери во [[Шангај]] биле осудени на смрт и јавно убиени. Во есента [[1967]] година, еден милион млади луѓе биле раселени во оддалечени области, од кои многумина останале таму повеќе од десет години.
 
===Втора фаза===
[[Слика:Lin Biao.jpg|мини|десно|Лин Бјао]]
 
Втората фаза на Културната револуција започнала во мај [[1969]] година и завршила во септември [[1971]] година. Деветтиот конгрес на партијата се одржил во април 1969 година и послужил како средство да заживее земјата со свежи идеи и нови кадри, откако голем дел од старата гарда била уништена во борбите од претходните години<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 285.</ref>. Институционалната рамка на земјата утврдена две децении порано била укинета речиси целосно: делегатите за конгресот биле избрани од револуционерни комитети, а не преку избори од партиски членови<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 288.</ref>. Воената застапеност се зголемила од претходниот конгрес<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 292.</ref>. Многу офицери поставени на лидерски позиции биле лојални на [[Лин Бјао]], нова фракциска поделба помеѓу военото и цивилното раководство<ref>MacFarquhar and Schoenhals. Chapter 17.</ref>.
 
Конгресот ја зацврстила улогата на маоизмот во рамките на партијата, повторно го прогласил [[Мао Це Тунг]] како официјален лидер на идеологијата на партијата во партискиот статут и официјално го одредил Лин Бјао како наследник на Мао. Вториот ја обновил функцијата на некои официјални институции и лица кои биле суспендирани помеѓу 1966-1968 година.
 
Овој период е познат како „Кадровски училишта од 7 мај“. Првите такви училишта се појавуваат кон крајот на [[1968]] година. Името го добиле од Директивата на Мао од [[7 мај]] [[1966]] година, во која понудил создавање на училишта во кои бирократските кадри и интелектуалци ќе извршуваат корисен физички труд по кое ќе се спроведи идеолошкото преобраќање<ref> [http://chineseposters.net/themes/seven-may-cadre-schools.php Seven May Cadre Schools (1968)]</ref>. За високите функционери, 106 училишта биле изградени во 18 провинции, каде што биле испратени речиси 100.000 службеници, меѓу кои и [[Денг Сјаопинг]] и 30.000 членови на нивните семејства. За службеници од понизок ранг имало илјадници штабни училишта каде што биле обучувани голем број службеници. На пример, на [[10 јануари]] [[1969]] година, во провинцијата [[Гуангдонг]] биле изградени речиси 300 училишта, каде што биле испратени повеќе од 100.000 луѓе.
 
Во оваа фаза популарност добила кампањата „Нагоре кон планините, надолу кон селата“, за развој на руралните области на Кина. Оваа програма за преместување и воспоставување на голем број ученици од повисоките класи, студентите работници и војници од градовите во руралните и прекуграничните области, за прв пат била применета во ограничен обем пред „Големиот скок“, обновена во почетокот на 1960-тите години и забрзана кон крајот на деценијата. За разлика сепак од периодот 1956-1966 година, кога кампањата испратила во провинцијата близу 1,2 милиони млади луѓе од градовите, во периодот 1968-1975 година во неа биле вклучени не помалку од 12 милиони луѓе, што одговарало на приближно 10% од урбаното население во Кина од 1970-тите години<ref>[http://chineseposters.net/themes/up-to-the-mountains.php Up to the mountains, down to the villages (1968)]</ref>.
 
===Трета фаза===
 
== Наводи ==