Среден век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Во 7-от век, наследниците на Мухамед, ги освоиле [[Северна Африка]] и [[Блискиот Исток]] коишто некогаш биле дел од Источното римско царство ([[Византија]]), и ги присвоиле кон Исламското царство. И покрај тоа што имало значителни промени во општеството и политичките структури и прекинот со [[Антика|Антиката]] не бил целосен, сепак тоа не ја спречило големото Византиско царство да опстане и да остане голема сила. [[Јустинијановиот Кодекс]], којшто воедно бил и кодекс на закони на царството, бил ценет и пошироко. На запад повеќето царства ги вклучиле постоечките римски институции во својот состав, додека пак, ширењето на христијанството во Западна Европа предизвикало зголемување на бројот на манастири. [[Империја на Франките|Франките]] предводени од [[династијата на Каролинзите]] создале царство којашто го зафаќала поголемиот дел од [[Западна Европа]]. Империјата на Каролинзите се распаднала во 9-ти век кога им подлегнала на притисоците од инвазијата на [[Викинзи|Викинзите]] од север, [[Маѓарите]] од исток и [[Сарацените]] од југ.
 
За време на Развиениот среден век, којшто започнал по 1000-тата година од н.е. бројот на населението во Европа се зголемил, во голема мера тоа се должело на технолошките и земјоделските новитети коишто овозможиле развивање на трговијата и зголемување на доходите. Два од начините на коишто општеството било организирано во Развиениот среден век се, [[тимаро-спахиски систем|тимаро-спахискиот систем]] којшто претставува организација на граѓаните од селата коишто биле потчинети од благородниците и [[Феудализамфеудализам|феудализмот]]- политички состав каде што витезите и понискиот слој на благородници биле обврзани да извршуваат воена служба кај нивните господари во замена за изнајмување на земјиште и чифлизи. [[Крстоносни војни|Крстоносните војни]], коишто за прв пат се случиле во 1095 година, претставувале воени обиди од страна на западно-европските христијани,чијашто цел била да се поврати контролата над [[Света земја |Светата земја]] од Блискиот Исток којашто била одземена од [[Ислам|муслиманите]]. Кралевите станале шефови на централизирани држави, го намалиле криминалот и насилството но со тоа идеалот за обединување на [[Историја на христијанството|христијанскиот народ]] бил се подалечен. [[Схоластика|Схоластиката]], филозофијата коишто во прв план го ставиле здружувањето на верата со разумот и основањето на [[Универзитет|универзитети]], претставувале обележје на интелектуалниот живот. Филозофијата на Тома Аквински, сликите на Џото, поезијата на [[Данте Алигиери|Данте]] и [[Џефри Чосер|Чосер]], патувањата на [[Марко Поло]] и архитектурата на [[готските катедрали]] како Шартр се дел од извонредните достигнувања од овој период.
 
Тешкотиите и несреќите меѓу кои гладот, чумата и војната се сметаат за обележје на Доцниот среден век се, а воедно тие довеле и до намалувањето на популацијата во Западна Европа. Во периодот од 1347 година до1350 година , [[Црна смрт|Црната Смрт]] понела со себе околу една третина од Европската популација. Паралелно со војувањето меѓу државите, граѓанската војна и селанските буни имало и контроверзии, ерес и раскол во Црквата и сите заедно ја отсликувале состојбата во царствата. Културните и технолошките достигнувања му дале нов лик на Европското општество а со тоа го означиле крајот на Доцниот среден век и почетокот на [[Раниот модерен период]].
Ред 64:
Во почетокот на каролиншкиот период, со соодветната доминација на воените настани од страна на елитата, важноста на пешадијата и лесната коњаница започнала да се намалува. Во текот на каролиншкиот период, данокот што го собирала милицијата од слободното население се намалил. Иако голем дел од каролиншките војски биле качени на коњ, за време на раниот период излезе дека за поголем процент била поставена пешадија а не вистинска коњаница. Единствениот исклучок бил англосаксонскиот дел на Англија каде што армиите биле составени од локални регрутанти познати како fyrd, коишто биле предводени од локалните елити. Една од главните промени во воената технологија била враќањето на [[самострел]], којшто претходно се користел во римско време, а повторно се појавил како воено оружје во последните години од раниот среден век. Друга голема промена било воведувањето на узенгијата, којашто овозможувала поефективна употреба на коњаницата како ударна единица. Последна од промените во технологијата била [[потковица|потковицата]] којашто овозможувала користење на коњите во карпести предели а имала примена и надвор од потребите за војската.
 
== '''Доцен среден век''' ==
Карактеристично за Доцниот среден век е зголемувањето на бројот на населението. И покрај тоа што причините за зголемувањето на населението не се јасни, во периодот помеѓу 1000 и 1347 година бројот на населението во Европа се зголемил од 35 мил. на 85 милиони жители. Како причини за населувањето се сметаат, подобрувањето на земјоделските техники, падот на [[робовладетелство|робовладетелството]], средновековниот топол период и отсуството на окупација. Околу 90 проценти од европската популација останале во руралните средини. Повеќето од нив не се населувале веќе во изолирани фарми туку се собирале во мали заедници познати како чифлизи или села. Овие селани често биле потчинувани од благородниците на коишто им должеле наемнини и други услуги и тој систем на подредување бил познат како тимаро- спахиски. Во текот на овој период а и после него, останале само неколку слободни селани коишто побројни биле во јужниот дел на Европа за разлика од северниот дел. Практиката на инвестирање или доведување на нови земји во производството ги охрабрила селаните коишто се населиле на новите земји, а воедно била и причина за ширење на населението. [[Благородништво|Благородништвото]], [[свештенство|свештенството]] и граѓанството ги сочинувале другите слоеви на општеството. Благородниците, витезите со титула и без титула и покрај тоа што не го поседувале целосно земјиштето, ги експлоатирале велепоседниците и селаните. Со феудализмот, господарот на благородниците им доделил право на приходот од [[чифлизи|чифлизите]] и другото земјиште. Во текот на 11-от и 12-от век овие земјишта или имоти станале наследни и во повеќето области повеќе не се делеле помеѓу сите наследници како што бил случајот во Раниот среден век. Наместо тоа, повеќето имоти и земјишта ги наследувал најстариот син. Власта на благородништвото зависела од, контролата што ја имало врз земјиштето, врз својата [[воена служба]]- големата коњаница, контрола врз замоците и бројните ослободувања од [[даноци]] и други товари. Како одговор на нарушените временски услови, во текот на 9-от и 10-от век почнале да се градат камените замоци коишто им овозможувале на жителите да се засолнат од напаѓачите. Контролата врз замоците им овозможила на благородниците да им пркосат на кралевите или другите владетели. Благородниците биле во сојуз со кралевите и високото благородништво, контролирајќи ги обичните луѓе и други благородници. После овој највисок ранг, доаѓаат другите благородници коишто контролираат помалку земјиште и помалку луѓе. По нив биле витезите во чиј што посед имало земјиште но не и контрола врз други благородници. Витезите коишто не поседувале земја и морало да им служат на други благородници биле со најнизок статус во благородништвото. Свештенството било поделено на два вида и тоа, секуларно свештенство кое живеело во светот и редовните свештеници коишто живееле според верските правила а најчесто биле монаси. Во текот на овој период монасите секогаш претставувале мал дел од населението, обично биле помалку од еден процент од вкупното население. Поголем дел од редовните свештеници му припаѓале на благородништвото, истата социјална класа која служела како регрутна основа за повисоките слоеви на секуларното свештенство. Локалните [[парохиски свештеници]] често потекнувале од селанската класа. Граѓанството било во некако необична позиција, бидејќи тоа не се вклопувало во традиционалната три слојна поделба на општеството на благородници, свештенство и селани. Поради зголемувањето на постојните градови и поради создавањето нови населени места во текот на 12-от и 13-от век редовите на граѓанството се прошириле во голема мера. Но во текот на Средниот век веројатно населението во градовите никогаш не изнесувало повеќе од 10 проценти од вкупната популација. Евреите исто така се населиле низ Европа, во текот на овој период. Во 11-от и 12-от век заедници се формирале и во Германија и Англија, но шпанските Евреи коишто долго време биле под власта на муслиманите тогаш потпаднале под христијанска власт и се зголемил притисокот за нивно преминување во христијанска вера. Поголемиот број [[Евреи]] биле заточеници на градовите бидејќи не им било дозволено да поседуваат земја или пак да бидат селани. Покрај Евреите, по крајните делови на Европа имало и други не- христијански народи како што се паганските [[Словени]] во [[Источна Европа]] и муслиманите во [[Јужна Европа]]. Од жените во Средниот век се барало да бидат под контрола на некои машки, без разлика дали нивниот татко, сопруг или други роднини. Вдовиците, коишто често имале поголема контрола врз своите животи, сѐ уште биле законски ограничени. Општо земено, работата на жените се состоела од домаќинство и други домашни работи. Селските жени обично биле одговорни за грижата околу домаќинството, грижа за децата, како и градинарството и одгледување на животни во близина на куќата. Тие можеле да го зголемат домашниот приход со предење или парење дома. Во време на жетвата од нив се очекувало да помогнат во полињата. Градските жени како и селските биле одговорни за домаќинството а можеле исто така да се вклучат и во трговијата. Во зависност од земјата и периодот варирале и занаетите коишто биле достапни за жените. Жените на благородниците биле одговорни за домаќинството и повремено од нив се очекувало да управуваат со имотот но само доколку мажите не биле дома. Обично благородничките жени биле ограничени кога станувало збор за воени или владини работи. Единственото занимање за жени во црквата било калуѓерството бидејќи тие не можеле да станат свештеници.
Во Централна и Северна Италија и во Фландрија, порастот на градовите коишто до некој степен биле само –управувачки , поттикнале економски раст и создале средина за нови видови на трговски друштва. Трговските градови на брегот на Балтичкото море склучиле договор познат како Ханзаски лига со што италијанските [[градови- држави]] како што се [[Венеција]], [[Џенова]] и [[Пиза]] ја прошириле својата трговија преку Медитеранот. Во текот на овој период биле формирани големи трговски саеми коишто процветале во северна Франција, дозволувајќи им на италијански и германски трговци како и на локалните трговци да тргуваат едни со други. Во доцниот 13-ти век се забележува отпочнување на нови копни и морски патишта поврзувајќи се со Далечниот Исток, коишто славно беа опишани во [[,, Патувањата на Марко Полоˮ]], напишана од еден од трговците, Марко Поло. Порастот на трговијата донел нови методи за справување со парите и златните монети коишто повторно се ковале во Европа, почнувајќи во Италија потоа во Франција па во другите држави. Се појавиле нови форми на трговски договори коишто овозможувале ризикот да се дели помеѓу трговците. Делумно преку употреба на двојното книговодство се подобриле сметководствените методи, а за да се олесни преносот на парите се појавиле акредитивите.
 
'''Доцен среден век '''
 
<br />
== Војна, глад и чума ==
Првите години на 14-от век биле обележани со глад, кулминирајќи во [[Масовен глад]](1315—1317). Како дел од причините за Масовниот глад може да се вбројат бавната транзиција од средновековниот топол период кон малата ледено доба, којашто ги направила луѓето ранливи поради неуспешните жетви предизвикани од лошите временски услови. Во периодот на 1313–1314 и 1317–1321год. низ цела Европа преовладувале многу врнежи коишто придонеле за зголемување на бројот на неуспешни жетви. Климатските промени коишто довеле до опаѓање на просечна годишна температура во Европа, во 14-от век биле придружени со [[економска криза]].
Ред 82:
 
 
== Денешни размислувања за Средниотсредниот век ==
Средновековниот период е често карикиран како ,,време на незнаењето и суеверие”, време кога ,, верските власти се сметаат за посупериорни наспроти личното искуство и разумната активност.” Ова останало од Ренесансата и [[Просветителство|Просветителството]], кога учените луѓе ги споредувале нивните духовни култури со средновековниот период, заземајќи негативен став кон Средниот век. Учените луѓе од Ренесансата гледале на Средниот век како на период на опаѓање на високиот степен на култура и цивилизација во Класицизмот. Просветителите сметале дека разумот е супериорен во однос на верата и од тука на Средниот век гледале како на време на незнаење и суеверие. Други пак тврдат дека разумот, обично, многу се земал во предвид во текот на Средниот век. Историчарот [[Едвард Грант]] напишал: ,,Доколку револуционерните, разумни мисли биле искажани (во 18-от век), тие би биле остварени како резултат на долгата средновековна традиција којашто ја утврдува употребата на разумот како една од најважните човечки активности”. Исто така, спротивно на вообичаеното верување, Дејвид Линдберг напишал: ,,Учениот човек, во доцниот средновековен период, ретко ја чувствувал принудната моќ на црквата и би се сметал самиот себе за слободен (особено во природните науки) да го следи разумот и набљудувањето, без разлика до што можат да доведат тие”. Исто така, карикатурата на овој период се изразува со некои поспецифични поими. Една од најчестите погрешни претстави за првпат проширена во 19-от век а и сѐ уште многу присутна е, дека сите луѓе во средновековниот период мислеле дека Земјата е рамна. Ова е неточно, бидејќи учители од средновековните универзитети често тврделе дека доказите покажале дека [[Земја (планета)|Земјата била топка]]. Линдберг и Роналд Намбрс, уште едни научници од овој период изјавиле дека: ,,одвај имало христијански научник од средновековниот период којшто не ја признавал топчестата форма на Земјата и покрај тоа што немале поима за приближниот обем на истата”. Други заблуди биле дека ,,црквата забранувала аутопсии и дисекции во текот на Средниот век”. ,,Појавата на христијанството ја уништило древната наука” или пак ,,средновековната христијанска црква го потиснала развивањето на природната филозофија”. Сите овие се цитирани од страна на Намбрс како примери на широко популарни митови кои сѐ уште важат за историска вистина, иако тие не се поддржани од актуелните историски истражувања.