Куклиш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38:
Во 1904 година селото било запалено од страна на турската војска. Според преданијата, во овој напад загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете а имало и силување од страна на аскерот. Според други извори, од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел.
 
На [[3 февруари]] [[1904]] година [[Крсто Ѓоргиев Новоселски]] со својата мала чета слегол во селото. Тој во селото бил предаден па по него се упатил башибозукот од [[Струмица]]. Битката започнала уште во раните утрински часови и траела цел цен, сè до полноќ. Турците на неколку пати се обидувале да се доближат и да ја запалат куќата каде биле четниците, но секогаш биле одбивани со големи загуби. Околу полноќ опсадените, со силен налет, и фрлајќи бомби, си пробиле пат и се извлекле кон [[Беласица]]. Четниците поминале без ниедна жртва, а од [[Турци|Турците]] загинале 18 души, меѓу кои и еден офицер. Во овој број се нашол „пеливанот” Сефедин чауш, од блиското село [[Габрово]]. Турците гневни поради неуспехот да се зароби или убие војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски, турскиот аскер веднаш почнал со палењето и крвавото плачкосување на целото село.
 
== Економија ==
Ред 45:
 
== Демографија ==
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.532 жители.<ref>http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.</ref> и претставува најголемо село во [[Општина Струмица]], како и едно од најголемите села во [[Струмичко-радовишка Котлина|Струмичко Поле]].
 
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:<ref>Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Куклиш