Алонсо де Охеда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова
 
дополнување
Ред 19:
Алонсо де Охеда бил роден во 1468 година (според некои извори во 1466) во [[Шпанија|шпанскиот]] град [[Куенка]], во сиромашно но аристократско семејство. Во младоста се истакнал како војник во битката за освајување на [[Гренада]], поради што ја стекнал наклоноста на тогашниот бискуп на градот Бургос. Благодарение на бискупот, во септември [[1493]] година се придружил на експедицијата на [[Кристифор Колумбо]], при второто патување во Америка, и стигнал до острвот [[Хиспаниола]]. Набрзо по доаѓањето на овој остров, Колумбо го поставил Охеда за гувернер на новооснованото утврдување Форт Санто Томас. Пред враќањето во Шпанија, [[1496]] година, Охеда се истакнал во борбите со локалните индијански племиња.
 
== Прва експедиција во Венецуела ==
[[File:Viajes de Alonso de Ojeda.PNG|thumb|350px|right|Патувањето на Алонсо де Охеда.]]
По налог на [[Католички кралеви|католичките кралеви]] на [[14 мај]] [[1499]] година Охеда повел своја експедиција со три каравели во Новиот свет. Меѓу членовите на неговата експедиција биле и шпанскиот морепловец и картограф [[Хуан де ла Коса]] и италијански навигатор [[Америго Веспучи]]. По испловувањето од [[Кадиз]], флотилата пловела долж брегот на [[Западна Африка]] кон [[Зелен ’Рт|Зелено`ртските Острви]], а потоа тргнале по истата патека што ја користел Колумбо на своето трето патување. По пристигнувањето во Јужна Америка, каравелата на Веспучи се одвоила и го продолжила патот кон [[Бразил]], додека другите пловеле кон север: од устието на реката [[Есеквиба]], преку делтата на [[Ориноко]] и натаму крај брегот сè до [[Маракаибо (езеро)|заливот Маракаибо]]. Експедицијата потоа се упатила кон Хиспаниола, каде се случил судир меѓу членовите на посадата на Охеда и приврзаниците на Колумбо, кои сметале дека само Колумбо има право да го истражува тој брег.
 
Најголемото значење на оваа експедиција лежи во фактот дека ова била прва европска експедиција која детално го истражила и го картирала брегот на денешната држава Венецуела. Охеда се вратил во Шпанија во јуни [[1500]] година.
 
== Наводи ==