Аренал (вулкан): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с навод ко што треба
Ред 28:
 
== Географија ==
Аренал е еден од седумте историски активни [[Список на вулкани во Костарика|костарикански вулкани]] заедно со [[Поас (вулкан)|Поас]], [[Иразу (вулкан)|Иразу]], [[Миравалјес (вулкан)|Миравалјес]], [[ОрозиОроси (вулкан)|ОрозиОроси]], [[Ринкон де ла Виеха (вулкан)|Ринкон де ла Виеха]] комплексот, и [[Туриалба (вулкан)|Туриалба]]. Тој бил најактивен вулкан на Костарика до [[2010]] година и еден од десетте најактивните вулкани во светот. Со години бил проучуван од страна на [[Сеизмологија|сеизмолозите]].<ref>{{Наведено списание|last=Melson|first=W. G.|last2=Saenz|first2=R.|date=1973-09-01|title=Volume, energy and cyclicity of eruptions of Arenal volcano, Costa Rica|url=https://link.springer.com/article/10.1007/BF02597639|journal=Bulletin Volcanologique|language=en|volume=37|issue=3|pages=416–437|doi=10.1007/BF02597639|issn=0258-8900}}</ref>
 
Вулканот се наоѓа во центарот на [[Национален парк на вулканот Аренал|Националниот парк на вулканот Аренал]] во северната зона на земјата, 15 километри југозападно од областа [[Ла Фортуна]] во кантонот [[Сан Карлос]], на [[Костарика]].<ref>[http://www.arenal.net/arenal-volcano-overview.htm "Arenal Volcano Costa Rica overview"]. Arenal.net. </ref>
Ред 56:
 
==== Јули 1968 ====
На понеделник, 29 јули 1968 година во 7:30 часот, вулканот Аренал ненадејно и насилно еруптирал. Ерупција продолжила со несмалено темпо неколку дена, закопувајќи над 15 квадратни километри под карпи, лава и пепел. При ерупцијата загинале 87 луѓе а закопани биле 3 мали села – [[Табакон]], [[Пуебло Нуево]] и Сан Луис. Штети биле направени на 232 км2 од земјата. Посевите биле уништени а убиен бил и голем број на добиток.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.arenal.net/arenal-volcano-1968-eruption.htm|title=Arenal Volcano 1968 eruption|last=www.arenal.net|work=www.arenal.net|accessdate=2017-12-08}}</ref> Неколкуте стотина луѓе кои живееле во околината воопшто не знаеле дека Аренал е вулкан и го сметале за обично брдо, за што говори фактот дека сѐ до 1968 го нарекувале врвот / планината Аренал. До 29 јули 1968 врвот бил понизок од 1000 метри, но поради наталожувањето на лавата до ден денес се извишил повеќе до над 1600 метри. Областа била покриена со високи дрвја, поради што многу селани немале чист поглед кон врвот и немале можност да видат од каде доаѓаат жешките карпи. Бидејќи селаните немале причина да се сомневаат во вулканска ерупција, а и поради фактот што лавата била во форма на огромни жешки блокови, многумина во првите моменти помислиле дека станува збор за нешто сосем друго, како на пример [[метеор]], [[комета]], вонземјански напад или [[Апокалипса|Библиската апокалипса]].
 
Во екот на жестоката активност, вулканот исфрлил џиновски карпи – некои тежаттежеле неколку тони – на повеќе од километар оддалеченост во висина и со брзина од 600 метри во секунда. Ваквите експлозии формирале три нови активни кратери. Трите населби биле уништени на западната страна на вулканот а градот со име Ел Борио на источната страна останал недопрен и немал никакви штети. Популарен мит е дека откако вулканот престанал да еруптира, Ел Борио бил преименуван во [[Ла Фортуна]], што на шпански значи "среќа". Сепак, вистината е дека градот бил преименуван во Ла Фортуна од своите жители пред ерупцијата во 1968 ерупција. Името Ла Фортуна воедно значи "богатство", а се однесува на плодните земјишта во областа, за разлика од грубиот, планински терен кој преовладува во областа на вулканот.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.arenalobservatorylodge.com/blog/then-and-now-how-eruption-arenal-volcano-costa-rica-changed-everything|title=Then and now: How the eruption of Arenal Volcano in Costa Rica changed everything {{!}} Arenal Observatory Lodge|work=www.arenalobservatorylodge.com|language=en|accessdate=2017-12-08}}</ref>
[[Податотека:Arenal volcano 2007.jpg|мини|Аренал, фотографија на вулканот од 2007]]