Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 79.126.239.168) и ја поврати преработката 3501420 на Kiril Simeonovski
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 1:
{{викификација}}
{{внимание}}
 
Расизмот вообичаено се дефинира како гледишта, постапки и дела кои го одразуваат верувањето дека човештвото е поделено на различни биолошки групи наречени раси и членовите на одредена раса делат одредени особини коишто ја прават групата во целина помалку пожелна, повеќе пожелна, инфериорна или супериорна.
Точната дефиниција за расизам е спорна поради мала научна согласност за значењето на поимот „раса“, како и поради мала согласност за што ја сочинува а што не дискриминацијата. Критичарите тврдат дека терминот има различна примена, со сосредоточување на такви предрасуди од страна на белата раса и дефинирајќи едноставни забелешки на расни разлики како расизам. Според некои дефиниции, било која претпоставка дека однесувањето на една личност би било под влијание на неговата расна категоризација е расистичко, без обѕир дали тоа што го сторил е штетно или пејоративно. Други дефиниции вклучуваат и свесно злонамерни форми на дискриминација. Меѓу прашањата за тоа како да се дефинира расизмот се прашањата дали да се вклучат форми на дискриминација кои се ненамерни, како на пример претпоставување што некој претпочита или кои се неговите способности засновано врз расни стереотипи, дали да се вклучат симболични или регулирани форми на дискриминација како што е циркулирањето на етнички стереотипи низ медиумите, и дали да се вклучи социо-политичката динамика на социјална стратификација што во некои наврати е придружено од расна компонента. Некои дефиниции за расизам вклучуваат и дискриминаторски однесувања и ставови засновани врз културни, национални, етнички, општествено слојни или религиозни стереотипи.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам