Рафаел Алберти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
}}
 
'''Рафаел Алберти''' ({{роден на|16|декември|1902}} - {{починал на|28|октомври|1999}}) е [[Шпанија|шпански]] [[поет]], [[драма]]тург, [[сликар]], [[графика|графичар]], виден член на ''[[Генерацијата '27]]'', еден од најзначајните шпански поети на [[20-ти век|дваесеттиот век]]. Во својата поезија Алберти создава еден од најперсоналните и автентични опуси во модерната шпанска лирика. <ref name=Mateja/>
 
== Биографија ==
 
Роден е во [[Пуерто де Санта Марија]] ([[Кадиз]], [[Андалузија]]), место каде и го започнува школувањето. <ref name=Mateja> [[Матеја Матевски]], ''Десет века на шпанската поезија'', [[МАНУ]], Скопје, 2004, стр. 514-515. </ref>. Оди во [[Мадрид]], каде најпрво флертува со [[сликарство]]то, за потоа, поттикнуван од [[Хуан Рамон Хименес|Хименес]] и неговиот близок пријател [[Федерико Гарсија Лорка|Лорка]] потполно да се повети на [[поезија]]та: ''Marinero en tierra'' (''„Морнар на копно“'', [[1925]]), ''La Amante'' („''Љубената''“, [[1926]]) и ''El alba del alhelí'' (''„Зората на шебоите“'', [[1927]]). Неговото рано творештво многу ѝ должи на шпанската традиција иако на карактеристичниот ''[[Кансониеро]]'' израз, Алберти успева да му даде една сосема нова авантгардна перспектива. Неговата прва книга, ''Морнар на копно'', заедно со ''Хумани стихови'' на [[Херардо Диего]], ќе ја подели националната награда за литература.
 
Откако се приклучува на ''[[Генерацијата '27]]'', Алберти почнува да ги покажува во својата поезија влијанијата на [[Луис де Гонгора]]. Сепак, интроспективниот надреализам во ''Sobre los ángeles'' (''„За ангелите“'', [[1929]]), чиј тон е помалку и очекуван по неколкуте мрачни моменти во неговото рано творештво, ќе направи од Алберти зрел и високо ценет поет. ''Sobre los ángeles'' се смета за најдобро дело на Алберти.
 
Во текот на [[1930]]тите поезијата на Алберти политички се активира, почнувајќи од ''Con los zapatos puestos tengo que morir'' (''„Морам да умрам носејќи ги сопствените чевли“'', [[1930]]). Во [[1931]] година, Алберти станува член на [[Комунизам|Комунистичката партија на Шпанија]]. Поезијата од неговиот [[марксизам|марксистички период]] е собрана во ''Consignas'' (''„Ред“'', [[1933]]), ''Un fantasma recorre Europa'' (''„Дух ја демне Европа“'', [[1933]]), ''13 bandas y 48 estrellas'' (''„13 риги и 48 ѕвезди“'', [[1936]]) и ''El poeta en la calle'' (''„Поетот на улицата“'', [[1938]]).
 
Во текот на [[Шпанската граѓанска војна]], Алберти активно се бори на страната на Републиката, но по победата на [[Франциско Франко]], во [[1939]] година заминува во [[Аргентина]]. Неговото творештво во егзил е исполнето со носталгија кон Шпанија, што особено може да се забележи во неговата книга ''Entre el clavel y la espada'' (''Меѓу каранфилот и мечот'', [[1941]]). Издава и збирки речиси целосно инспирани од два нему блиски мотиви - [[сликарство]]то (''A la pintura'' (''„За сликањето“'', [[1945]])) и [[море]]то (''Pleamar'' (''„Плима“'', [[1944]])), ''Oda marítima'' (''„Поморска ода“'', [[1953]])). Неговата [[автобиографија]] ''La arboleda perdida'' (''„Изгубената шума“'') е издадена во [[1942]] година.
 
Отако минува безмалку четири децении во неколку европски и латино-американски градови, меѓу кои и [[Париз]] и [[Рим]], се враќа во Шпанија во [[1977]] година. Следната година за прв пат учествува на [[Струшките вечери на поезијата]], а во [[1979]] година го добива и ''Златниот венец''.
Ред 72:
== Награди и признанија ==
 
Во [[1925]] година, Алберти, за своето дело ''Морнар на копно'' ја добива Националната награда за литература, заедно со [[Херардо Диего]] и неговите ''Хумани стихови'' .<ref name=Mateja/>. Во 1965 година, добитник е и на [[Лениновата награда за мир]]., а во [[1983]] година, тој се закитува и со шпанскиот еквивалент на [[Нобеловата награда]] - ''[[Награда Сервантес|Premio Cervantes]]'', највисокото признание што може да го добие еден писател на шпански јазик, со оглед на тоа штокое се доделува само еднаш, за целокупен опус, и е проследено со награда во паричен износ од 90,000 [[евро|€]]. Во [[1979]] година, Алберти го прима и ''Златниот венец'' на [[Струшките вечери на поезијата]], една од најпрестижните поетски награди во светот.
[[евро|€]]. Во [[1979]] година, Алберти го прима и ''Златниот венец'' на [[Струшките вечери на поезијата]], една од најпрестижните поетски награди во светот.
 
== Белешки ==
Ред 81 ⟶ 80:
* [http://www.rafaelalberti.es/ Фондација Рафаел Алберти.] {{es}} {{en}} {{fr}} {{de}}
* [http://www.poesiaspoemas.com/rafael-alberti Песни на Рафаел Алберти.] {{es}}
* [https://www.marxists.org/makedonski/tematska/poezija/alberti.htm Рафаел Алберти, „Малечок разговор на револуцијата и поетот“]
* [http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp?IDMAKFILM=428 Информации за македонски филм посветен на животот и делото на Рафаел Алберти.]