Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. август + август)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. септември + септември)
Ред 2:
'''Западно римско царство''' — назив за западната половина на [[Римско царство|Римското царство]] по административната поделба што била воведена од страна на царот [[Диоклецијан]] во 286 година. Во потесна, но и во поширока смисла, овој термин се однесува на западната половина на царството во периодот помеѓу смртта на императорот [[Теодосиј I]] (395 г.) и соборувањето на последниот западноримски император [[Ромул Августул]] (476 г.) што било изведено од страна на водачот на [[варвар]]ските наемници во Италија, [[Одоакар]].
Во теоријата, [[Римското царство]] и по 286 г., односно 395 г. било едно, единствено и неделливо. Во пракса, по 286 г. со царството раководеле неколку владетели, обично еден на Исток, друг на Запад<ref>[http://docs.google.com/viewer?a=v&q=cache:5s5DGVR-I6EJ:evrodijalog.eu/pdf/ED%252011/ED11%2520%255B173-186%255D.pdf+%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE+%D1%80%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%BE+%D1%86%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE&hl=en&pid=bl&srcid=ADGEESjb7XVcrdbpV-18eUrdwg0Znh6_gg6nGS5FqaKOb8_fJzd9a62e2cafKRJ8iueAGgoZMn4z95gBK6VsTioy5-sV-wQOoZYw1jwftHewI31tEhkLSt5vnjCU2W_OsygVWgaFqadK&sig=AHIEtbSYlycoHA6S1kvNIDSF0Zuv4QUgGg ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО И КОНСТРУКЦИЈА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ИДЕНТИТЕТИ, Страшко СТОЈАНОВСКИ]</ref>. Теоретски гледано, последниот владетел на обединетото царство бил [[Теодосиј I|Теодосиј Велики]], кој пред смртта во 395 г. го поделил помеѓу своите два сина – на постариот [[Аркадиј]] му го оставил Истокот, а на помладиот [[Хонориј]], Западот. После тоа, западните цареви најпрвин владееле од [[Милано]], а по 402 г. и од [[Равена]]. По 407 г. почнало забрзаното слабеење на Западното Римско Царство како резултат на нападите на варварите ([[Готи]], [[Вандали]], [[Франки]] и др.) кои почнале да се населуваат во рамките на границите на империјата. По 455 г. Западноримскиот цар ефективно владеел само со [[Италија]], а на 4.  септември 476 г. [[Ромул Августул]] бил соборен. Последниот кој имал титула на цар бил [[Јулиј Непот]], кој починал во [[Далмација]] во 480 год. По 476 г., односно 480 г., варварските владетели на Италија, како на пример [[Одоакар]] и [[Теодорик]], се сметани за гувернери на римскиот император (од [[Цариград]]).
 
Источноримскиот ([[Византија|византиски]]) император [[Јустинијан I]] се обидел во 6. век да ја обнови римската власт на Запад и неговите војсководачи ја зазеле [[Италија]], [[Африка]] и средоземниот брег на [[Хиспанија]]. И покрај напорите кои ги вложил Јустинијан, со огед на ситуацијата во која се нашла Имеријата по неговата смрт сите освоени територии не останале под Визнатиска власт уште долго. Византија на југот на Италија е присутна до 1071 година, но политичкото и духовно влијание кое Цариград го има на Западот во голема мерка се намалува најпрво со формирањето на Светото Римско Царство, а потоа и со [[Големата шизма|големата шизма]].
Ред 61:
 
Без поддршката на Сенатот, а наскоро и на војската, [[Грацијан]] бил убиен во 383 г. во судирот со [[Магн Максим]], командантот на британските легии. После тоа, војсководачот на Валентијан, [[Баутон]], кој имал [[франки|франачко]] потекло, успеал да ги блокира [[Алпи|алпските]] превои и новата узурпација била разрешена со дипломатија. [[Магн Максим]] бил признат како западен [[август (титула)|август]], чија власт ја признале [[Британија]], [[Галија]], [[Хиспанија]] и [[Африка]]. Кога во 387 г. западниот август го прекршил договорот и ја нападнал [[Италија]], младиот Валентијан и неговата мајка побегнале кај Теодосиј во [[Солун]]. По низа тешки борби на [[Балкан]]от, Теодосиј, со помош на готските одреди, успеал во 388 г. кај [[Аквилеја]] да го порази и да го погуби [[Магн Максим]]. Потоа Теодосиј се задржал на Запад се до 391 г. до кога поважните позиции им ги препуштил на своите луѓе. Неговата посета на Запад била значајна од повеќе причини. Првата била таа што се покажало дека во царскиот колегиум источноримскиот владател е посилен партнер, кој својот избор за совладател може да му го наметне на Западното царство. Вториот аспект било јавното покајание, откако [[Амброзиј Милански]] го екскомуницирал Теодосиј, низ што царот поминувал со месеци за да се искупи за колежот на околу 7000 бунтовници од [[Солун]]. И најпосле, Амброзиј влијаел во 391 г. царот да издаде низа [[декрет]]и кои биле насочени против паганството. Паганството воопшто не било потполно задушено со овие закони, но бројни традиционални обичаи биле укинати. На пример, бил распуштен колегиумот на [[весталки]]те и изгасен е вечниот оган на [[Веста]], претскажувањето на иднината по пат на ауспициј станало казниво, а најпосле, во 393 г. биле укинати древните [[Олимписки игри]]. Јавното потчинување на Теодосиј на епископот Амброзиј и низата антипагански мерки го означиле крајот на паганството.
Теодосиј се вратил на исток и го оставил франкот [[Арбогаст]] како врховен воен заповедник на Западот (magister militum). Во рацете на Арбогаст се наоѓала сета власт и младиот Валентинијан во неколку наврати му се пожалил на Теодосиј за неговото владеење. Најпосле, официјално на 15, мај 392 г. Валентинијан извршил самоубиство, но во [[Константинопол]] почнале сомневањата дека Арбогаст го убил царот. Веќе на 22 август 392 г. за западноримски цар е прогласен [[Евгениј]] кој, иако номинално бил христијанин, им пружил поддршка на паганите. Теодосиј одбил да го признае Евгениј за нов цар, туку својот деветгодишен син [[Хонориј]] го прогласил за август на Западот на 23 јануари 393 г. Прогласувањето на Хонориј било исто што и објавување војна и Теодосиј започнал нов поход на Запад и на 6.  септември 394 г. ги поразил [[Евгениј]] и [[Арбогаст]] во битката на [[Фригид]]. (денешна граница меѓу [[Италија]] и [[Словенија]]), со што повторно, слично на Константин, го обединил Римското царство под своја власт.
 
== Слабеење ==
Ред 99:
=== „Последниот вистински Римјанин“ ===
 
Воздигнувањето на Констанциј за [[август (титула)|август]] никогаш не било прифатено во [[Константинопол]], но тој конфликт бил брзо надминат откако мажот на Плацидија умрел на 2.  септември 421 г. Гала Плацидија, сега мајка на малиот Валентинијан, се обидела да обезбеди наследство на престолот за својот син, но во 422 г. била протерана и се скрила во Цариград на дворот на [[Теодосиј II]]. [[Хонориј]], кој немал деца, умрел на 15 август 423 г. и неговата смрт довела до нови беспошттедни борби кои практично ги уништиле сите придобивки од напорите на Констанциј.
 
[[Податотека:Galla Placidia (rechts) und ihre Kinder.jpg|thumb|250px|'''[[Гала Плацидија]] и нејзините деца''', [[августа (титула)|августата]] е прикажана десно, нејзината ќерка [[Хонорија]] во средината, а синот [[Валентинијан III]] лево.]]
Ред 119:
Во моментот на смртта на Атила, западноримскиот двор веќе не ја контролирал Британија, околу две третини од [[Хиспанија]], која во тоа време ја зазеле [[Свеви]]те, делови од [[Галија]], која ја контролирале Визиготите и Бургундите, и северна Африка во која завладеале Вандалите и Аланите. Атила го наследиле трите синови и наскоро хунската превласт ја отфрлиле [[Гепиди]]те. Според [[Јорданес]], историчар од VI век, по поразот во битката на неидентификуваната река [[Недау]], Хуните се повлекле од средното [[Подунавје]]. Наследниците на Атила и понатаму повремено го загрозувале римското Подунавје, но сега биле во постојан судир со претходно потчинетите варварски народи. Исчезнувањето на варварската империја во средна Европа повторно го започнало процесот на понатамошни преселби, делумно и во правец на римските територии.
 
Исчезнувањето на моќниот непријател и чест сојузник, влијаело и на промената на среќата на Аециј. Под влијание на сенаторот [[Петрониј Максим]], на 21. или 22.  септември 454 г. [[Валентинијан III]] лично го убил [[Аециј]]. Во очите на царот, без притисокот на Хуните, Аециј веќе не бил неопходен. Атентатот само предизвикал нов круг на борби за власт во Рим во текот на кои двајца телохранители на Аециј го убиле царот Валентинијан на 16 март 455 г. Со тоа на Западот исчезнала легитимната династија на Теодосиј и сенаторот [[Петрониј Максим]] го наследил престолот еден ден по убиството на царот. Новиот цар веднаш го испратил [[Авит]] во [[Галија]] да побара воена помош од визиготскиот крал [[Теодорик II]]. Тоа била потполна негација на политиката на Констанциј и Аециј за постојан притисок врз Визиготите, како потенцијално најголема опасност по западното царство. Така, Визиготите биле промовирани во главни царски сојузници и во извор на воена моќ. Втората грешка што ја направил Петрониј Максим била тоа што насилно се оженил со вдовицата на Валентинијан, а нејзината ќерка [[Евдокија]] ја оженил за својот син. Бидејќи Евдокија веќе била свршена со вандалскиот принц [[Хунерих]], неговиот татко [[Гејсерих]] собрал голема флота и најавил дек доаѓа во Рим за да ја исправи навредата за нарушената чест на неговото семејство. На веста дека доаѓаат Вандалите, Петрониј Максим се обидел да побегне од Рим, но на излезот од градот, на 31 мај, по само два ипол месеца владеење, со камења го убил разбеснетиот народ. Пред [[Гејсерих]], кој истиот ден се истоварил на вливот на Тибар, повторно излегол папата [[Лав I]] и го замолил вравраскиот крал да го поштеди градот од разорување и убивање и да се задоволи со грабеж. Градските порти на рим им биле отворени на Вандалите на 2 јуни и [[Вечниот град]] бил под тринеделен грабеж. Гејсерих со себе во [[Картагина]] ја повел царицата [[Евдоксија]] и нејзините две ќерки, од кои Евдокија подоцна била омажена за Хунерих. Неговите војници со себе однеле богат плен, пред се злато, сребро и бронза, кои можеле да се најдат во Рим. Терминот вандализам, кој обично се поврзува со грабежот на Гејсерих во Рим, се појавил дури во 1794 г. во францускиот јазик.
 
[[Податотека:Solidus Petronius Maximus-RIC 2201.jpg|thumb|300px|'''Златник на [[Петрониј Максимус]]''': царот кој малку владеел е прикажан на реверсот во победнички став кој повеќе ја претставува вообичаената царска иконографија, отколку реалноста.]]
Ред 140:
Бидејќи неговиот штитеник бил во неволја, Лав го испратил [[Олибриј]] во Италија за да се обиде да посередува меѓу царот и Рицимер. И пред Антемиј официјално да биде тргнат од престолот, Олибриј бил прогласен за цар во април 472 г. Потоа Антемиј бил симнат од престолот и убиен, но тоа се покажало како последен триумф на Рицимер, бидејќи моќниот восјководач умрел на 18 август. Олибриј не го надживеал долго, бидејќи умрел од хидропсија на 2. ноември истата година. Положбата на Рицимер и улогата на сивата еминенција ја наследил неговиот сестричник [[Гундобад]], принцот на [[Бургундија]]. Неговиот избор паднал на [[Глицериј]], командант на гардата на доместиците (comes domesticorum). Глицериј бил прогласен за цар на 3 март 473 г., но набргу останал без најсилната поддршка, откако Гундобад во почетокот на 474 г. ја напуштил италија за да учествува во борбата за престолот во бургундија, откако неговиот татко [[Гундиох]] умрел. Глицериј не бил прифатен во Цариград и [[Лав I]] му одобрил на командантот на илирската војска [[Јулиј Непот]], сестричникот на [[Марцелин]], да го заземе западноримскиот престол. Во летото 474 г. [[Јулиј Непот]] се истоварил во римското пристаниште Остија и потоа без борба влегол во Рим и го натерал Глицериј да го напушти престолот. Глицериј морал да прифати да биде епископ на [[Салона]] (денешен [[Сплит]]) во [[Далмација]].
 
Од друга страна, варварските кралства на западот зајакнале во текот на римските судири и [[Јулиј Непот]] во 474 г. му ги признал на Еурих сите освојувања во [[Галија]] и [[Хиспанија]]. Непот ги препуштил градовите кои долго се спротивставувале на Визиготите во замена за [[Прованса]]. Истата година Лав ги признал освојувањата на Гејсерих со што Византија практично се откажала од понатамошните потфати на Запад. Во самата Италија, Непот, како човек од истокот, не бил претерано популарен и на 28 август 475 г. ја напуштил Италија и се вратил во Далмација под притисок на командантот на војската [[Орест]], поранешен секретар на Aтила. Потоа, на 31. октомври 475 г. Орест го прогласил својот син [[Ромул Августул|Ромул]] за цар. Новиот август Ромул бил се уште дете на околу десетгодишна возраст и поради тоа бил запомнет под деминутивот Августул. Превратот на Орест не бил прифатен ниту во [[Константинопол]], ниту во галскиот [[Соасон]], каде [[Сиагриј]] продолжил да кова пари во име на [[Јулиј Непот]] кој сега владеел само со Далмација. Орест успеал да го симне од престолот Јулиј Непот, но немал пари за да ја исплати војската која го направила превратот. Варварските одреди на [[Скири]]те и [[Ругијци]]те, кои стапиле во служба на Рим по распадот на царството на Атила барале барем да им се подари земја во Италија. Орест одбил да спроведе населување на варварските наемници во Италија, но за возврат дошло до бунт предводен од поглаварот на Скирите, [[Одоакар]]. Тој прво го совладал Орест кај [[Плацентиј]] на 28 август, а потоа и неговиот брат Павле на 4.  септември 476 г. Младиот [[Ромул Августул]] бил симнат од престолот и испратен на еден имот во [[Кампанија]]<ref>[http://www.archive.org/stream/medievaleuropefr00bmuoft#page/n69/mode/2up Medieval Europe from 395 to 1270] Bémont, Charles, 1848-1939 ([[англиски јазик|анг.]])</ref>.
 
[[Податотека:Solidus-Odoacer-ZenoRIC 3657cf.jpg|thumb|left|300px|'''Златник на Одоакар искован во име на источноримскиот цара Зенон''': Парите ја потврдуваат формалната власт на [[Зенон]] над Италија. Во практиката [[Одоакар]] бил независен владетел, прв варварски крал на Италија, древниот центар на Римското царство.]]
Ред 171:
** [[Магненциј]] (350-353, Галија, Британија, Хиспанија, Италија, Африка)
** [[Ветранион]] (1 март - 25. декември 350, Илирик)
** [[Силван (узурпатор)|Силван]] ( 11 август - 7.  септември 355, Келн во Германија)
* [[Јулијан Отпадник]] (353-361, цезар во Галија, 361-363, целото Римско царство)
 
Ред 190:
** [[Константин III]] (407-411, Британија?, Хиспанија, Галија)
** [[Јовин]] (411-413, северна Галија),
* [[Констанциј III]] (8 февруари - 2.  септември 421 како совладетел на Хонориј)
** [[Јован (узурпатор)|Јован]] (423-425)
* [[Валентинијан III]] (425-455)
Ред 198:
* [[Авит]] (9/10 јули 455 - 17/18. октомври 456)
* [[Мајоријан]] (18 февруари/28. декември 457 - 2/7 август 461)
* [[Либиј Север]] (19. ноември 461 - по 25.  септември 465)
* [[Антемиј]] (12 април 467 - 11 јули 472)
* [[Олибриј]] (април/мај 472 - 22. октомври или 2. ноември 472)
* [[Глицериј]] (3/5 март 473 - јуни 474)
* [[Јулиј Непот]] (19/24 јуни 474 - 28 август 475, потоа само во Далмација до 25 април/9 мај/22 јуни 480)
* [[Ромул Августул]] (31. октомври 475 - 4.  септември 476.)
 
== Литература ==