Општина Новаци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
с Никаде не се споменуваат Македонци, туку Бугари.
Ред 33:
Цивилизација во Пелагонија имало уште од античко – римско време, додека христијанството, според археолошки наоѓалишта на остатоци од христијански храмови, било примено уште во првите векови. По илјадагодишното постоење на античките Македонци и на Римската империја на овие простори, кон 6 век (697/8) областа ја населило словенското племе Брсјаци.
Во 1382 година, Пелагонија паднала под Османлиско ропство, кое траело цели пет векови. За време на турската империја, Општината Новаци била нахија, со ограничени овластувања, додека другите потребности (суство, школство, полиција и др.) се вршеле преку истурени единици и станици од општината Битола. Кон крајот на 1912 година, по пропаста на турската империја, Новаци ги доживеа траумите на Балканските војни. Веднаш по Балканските војни, Кралството Србија воспоставило окупациска власт, а од 1914 – 1918 година на овие простори се воделе најжестоките борби во Првата светска војна.
Особено жестоки биле борбите на планината Ниџе, на нејзиниот врв Кајмакчалан, каде што се воделе битките од т.н. Солунски или Македонски фронт, на кој, според некои податоци, учествувале над 1.200.000 војници од двете завојувани страни. Меѓу нив, во должина од 60 км. на фронтот, во Мариовскиот крај, од страна на силите на Антантата биле ангажирани 622.000 војници, од кои околу 150.000 војници биле од српска и македонскабугарска националност, 180.000 биле Французи, 120.000 Англиски, 130.000 грчки и 42.000 италијански војници. Од другата страна, сојузничките сили на Германија, Австро-Унгарија и Бугарија, ангажирале околу 600.000 војници.
По битките на Солунскиот фронт, Новаци стана огромна гробница на загинати војници од двете страни, а стравотиите и ужасите од овие битки мошне добро ги опишале француските историчари: Ив Жуен и Пјер Франсоа.
Новаци не го одминаа ни стравотиите и траумите од НОБ и Револуцијата, во текот на Втората светска војна. Во своето револуционерно минато, Новаци дало многу херои и револуционери. Најпознати меѓу нив се прославените војводи Ѓорѓи Сугарев и Толе Паша. Своето слободарско сонце Новаци го доживеа на 4 ноември 1944 година, датум што се смета за ден на ослободувањето на Новаци.