Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Varlaam (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Првата Светска Војна +Првата светска војна)
Ред 13:
За време на ерата на откритијата во 15-тиот и 16-тиот век, Португалија и Шпанија ги започнале европските истражувања на светот и во текот на тој процес основале големи прекуморски империи. Англија, Франција и Холандија им завидувале на овие овие империи бидејќи биле многу богати и затоа започнале да основаат свои колонии и трговски мрежи во америка и Азија. Во 17-тиот и 18-тиот век, Англија водела низа војни со Холандија и Франција кои (Британија по Актот на Унијата со Шкотска од 1707 година) ја направиле Англија доминантна колониска моќ во Северна Америка и Индија. Губењето на Тринаесетте Колонии во Северна Америка во 1783 година, по војната за независност, ја лишило Британија од една од нејзините најстари и најнаселени колонии. Вниманието на Бритаија наскоро се насочило кон Африка, Азија и Пацификот. По поразот на Наполеонска Франција во 1815 година, за Британија настапила скоро неприкосновена доминација која траела еден век и таа го проширила своето кралско влијание низ целиот свет. Значителен степен на автономија добиле нејзините колонии кои биле населени од белци, а некои од нив биле трансформирани во доминиони.
 
Растот на Германија и на [[Соединетите Американски Држави]], до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата Светскасветска Војнавојна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на својата империја. Конфликтот и предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората Светска Војна британскките колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на империјата, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.
 
По крајот на Втората Светска Војна, како дел од големо деколонизациско движење водено од страна на големите европски сили повеќето територии на Британската Империја добиле независност, што завршило со предавањето на [[Хонг Конг]] на Народна Република Кина во 1997 година. Четиринаесет територии останале под Британска власт- Британските прекуморски територии. По независноста, многу поранешни британски територи се приклучиле кон Комонвелтот на нациите- слободно здружение на независни држави. 16 нации на Комонвелтот имале заеднички водач- Кралицата Елизабета II.
Ред 125:
Патот до независноста на белите колонии од Британската империја започнал со Извештајот Дурхам во 1839 година, со кој се предложила унификација и самоуправување на Долна и Горна Канада како решение на политичките нереди таму. Ова започнало кога се донел актот на унијата во 1840 година со кој се создала провинцијата Канада. Своја влада прва добила Нова Шкотска во 1848 година, и наскоро овој тренд се проширил и кај другите британски колонии во Северна Америка. Со донесувањето на актот на британска Северна Америка во 1867 година од страна на британскиот парламент Горна и Долна Канада, Нов Брунсвик и Нова Шкотска се оформиле во доминионот [[Канада]], конфедерација која имала целосно самоуправување со исклучок на меѓународните односи. Австралија и Нов Зеланд постигнале слично ниво на самоуправување по 1900 година, со австралиските колонии кои се федерализирале во 1901 годин. Терминот доминантен статус (dominion status) официјално се вовел на Конференцијата за колониите во 1907година.
 
Последните децении од 19-тиот век донеле и политички кампањи за ирското независно управување. Ирска се обединила со Британија во рамките на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, со актот на унијата во 1800 година по ирското востание во 1798 година и во неа завладеал глад помеѓу 1845 и 1852 година. Самоуправувањето го поддржал британскиот премиер Вилијам Гладстон кој се надевал дека Ирска можеби ќе оди по стапките на Канада како домонионион во империјата но неговиот предлог закон за самоуправување во 1886 година не бил прифатен во парламентот бидејќи многу пратеници се плашеле дека, делумно, независната Ирска може да претставува закана за сигурноста на Велика Британија или да го започне распаѓањето на империјата. Вториот предлог закон за самоуправување исто така не бил прифатен од слични причини. Третиот предлог закон бил прифатен од страна на парламентот во 1914 година, но не се се спровел поради избувнувањето на Првата Светскасветска Војнавојна што довело до Велигденското востание во 1916 година.
 
==Светските Војни (1914- 1945 година)==