Домат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
 
== Опис ==
Растението е повеќегодишни, но во умерениот климатски појас се одгледува како едногодишно. Со напредните земјоделски техники на производство во контролирани услови во [[стаклена градина]] (и пластеници) постојат и повеќе реколти (берби) во текот на една година, односно две до три, на крајот на зимата или раната пролет и во средината и кон крајот на летото. На површината е влакнесто и лепливо. Растението типично достигнува височина од 1 до 3 м и има слабо дрвенесто стебло кое често расти како ползавец со други растенија. Листовите се долги 10 до 25 см со назабен раб. Цветовите се со пречник од 1 до 2 см, со жолтеникава боја.
 
==Сорти==
Постојат повеќе видови на домат, кои што се одгледуваат ширум светот и во [[Македонија]]. Најпознати се: рајско јаболко поради што во повеќе средноевропски земји доматот се нарекува „рајчица“ (хрватски) или „рајчата“ (чешки), ситната сорта на домат наречена „''шери''“ (''cherry''), јабучар, воловско срце, розев или индустриски домат итн.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Домат