Герхарт Хауптман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 23:
 
== Творештво ==
Хауптман е најзначајниот претставник на [[Натурализам|натурализмот]] во [[Германија]]. Тој започнал да пишува на дваесетгодишна возраст, а во книжевноста се појавил со своите две драми: „Пред изгрејсонце“ ([[1889]]) и „[[Ткајачи (драма на Хауптман)|Ткајачи]]“ ([[1892]]) со кои предизвикал скандал во Германија при што „Ткајачи“ била предмет на судска тужба, драмите повремено му биле забранети, а царот Вилхелм II бил огорчен на Хауптман. Творештвото на Хауптман е плодно и опфаќа повеќе од 30 драмски и над 20 епски дела, неколку романи, како и раскази и новели. Веќе пред Првата светска војна, тој бил најпознатиот и најголемиот германски писател, добитник на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата награда (1912). Сепак, тој е најпознат по своите драми: „Пред изгрејсонце“ ([[1889]]), „Ткајачи“ ([[1892]]), комедијата „Даброво крзно“ ([[1893]]), историската драма „Флоријан Гаер“, „Свеченоста на мирот“, „Колегата Крамптон“, „Ханелиното вознесување“ (1894), „Потонатата камбана“ (1897), „Кочијашот Хеншел“ итн. Неговите драми постигнале голем успех и биле играни на бројни сцени во Германија и во повеќе други земји, вршејќи големо влијание врз тогашната публика, така зголемувајќи го неговиот книжевен углед. Од неговите [[еп]]ови се издвојуваат „Прометидите“, „Атридите“, „Ана“, „Синиот цвет“ итн., но тие је достигнале популарноста на драмските дела. Прозното дело на Хауптман го сочинуваат [[роман]]ите „[[Глупакот Емануел Квинт]]“ ([[1910]]), „Островот на големата мајка“ ([[1912]]), „Атлантис“, „Ванда“ и „Книга на страстите“; неколку раскази и новели („[[Чуварот на пругата Тил]]“, „[[Еретикот од Соана]]“; дневникот од патувањето низ Грција, „Грчка пролет“; како и неколку фрагменти и [[Биографија|биографски]] белешки.
„Пред изгрејсонце“ ([[1889]]), „Ткајачи“ ([[1892]]), „Даброво крзно“ ([[1893]]), „Ханеле“ ([[1894]]), „Потоната камбана“ ([[1897]]), „[[Глупакот Емануел Квинт]]“ ([[1910]]), „Островот на големата мајка“ ([[1912]]), „Атридите“, „[[Еретикот од Соана]]“ итн..
 
== Наводи ==