Битка кај Мидвеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Почетниот воен успех на Јапонците, големите штети во воената база на [[Напад на Перл Харбор|Перл Харбор]], освојување на [[Борнео]], [[Суматра]], [[Филипини|Филипините]], [[Малезија]], [[Сингапур]], [[Индонезија|Холандска источна Индија]], нанесени големи загуби на [[Далечен Исток|далекуисточната]] [[флота]] на [[Обединето Кралство|Британската]] [[морнарица]] им влевал надежи дека лесно и без отпор ќе завладеат со [[Фиџи]], [[Самоа]] и со [[Австралија]]. Оваа нивна намера била сериозно осуетена еден месец порано со [[битката во Коралното море]] каде задружените сили на САД и Австралија извојувале огромна стратешка победа иако воено не ги ослабнале јапонските сили.
 
[[File:Japanese expansion april 1942.svg|thumb|550px|Приказ на јапонската воена експанзија и плановите на адмирал Јамамото, Април 1942]]
 
Пролетта 1942 Американците започнале да ги бомбардираат индустриските цели на островот [[Хоншу]], [[Токио]] и [[Јокохама]] (т.н [[операција Дулитл]]) со авиони од носачот „[[Хорнет (ЦВ-8)|Хорнет]]“ нанесувајќи сериозни загуби. Јапонците (погрешно) биле убедени дека американските бомбардери полетале од [[Мидвејски Атол|Мидвеј]], важна попатна (поморска и авионска) станица насреде [[Тихи Океан|Тихиот океан]], а во тој момент најблиската евентуална појдовна точка на сојузниците до [[Јапонски Архипелаг|Јапонскиот Архипелаг]]. Дотогашните почетни воени успеси преовладале јапонците да гледаат со големо потценување кон непријателот дури несвесни дека по [[битката во Коралното море]] дефинитивно е ставен крај на нивните успешни офанзиви на [[Тихи Океан|Пацификот]]. Сепак биле решени да го освојат [[Мидвејски Атол|Мидвеј]]. Успехот го гледале со своите претпоставки дека американците се деморализирани од претходните загуби (еден потопен носач на авиони, друг тешко оштетен и неупотреблив, бојните бродови се само „парче железо“ во хавајското пристаниште, итн.