Педро Алмодовар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 19:
==Филмска кариера==
===Пепи, Луси, Бом и другите девојки од маалото (1980)===
Својот прв важен филм, Алмодовар го направи во [[1980]] - '''''[[Пепи, Луси, Бом и другите девојки од маалото]]''''' (1980) ''(Pepi, Luci, Bom y otras chicas del montón)'' со многу мал буџет и тим на волонтери со кои снимаше преку викенди. Филмот беше базиран на неговата фото-новела ''Главни ерекции'', која претходно била објавена во магазинот Ел Вибора (Змијата). Овој филм содржи серија споени настани наместо еден цел заплет. Ги следи авантурите на трите личности именувани во насловот: Пепи, која сака да се одмазди на корумпираниот полицаец кој ја силувал; Луси, мазохистичка домаќинка; и Бом, панк рок пејачка, лезбејка. Централната тема на филмот, пријателство и женска солидарност, се појавуваат и во другите филмови на Алмодовар.
 
Филмот го затекнаа финансиски и технички проблеми. Сепак, Алмодовар има убаво сеќавање од неговиот прв филм: „Пепи, Луси, Бом... е филм полн со дефекти. Кога некој филм има само еден или два дефекта, се смета за несовршен филм, но кога постојани има технички пропусти, тоа се нарекува стил. Тоа го кажав шегувајќи се кога го промовирав филмот, но верувам дека тоа беше блиску до вистината.“
 
===Лавиринти на страста (1982)===
'''''[[Лавиринти на страста]]''''' ''(Laberintos de pasión)'' е комедија за повеќе идентитети, една од омилените теми на Алмодовар. Заплетот е центриран на авантурите на два лика полудени од секс: Сексилија, [[нимфоманијак]], и Риза, [[геј]] синот на лидер на фиктивна земја од Среден Исток, кои се создадени да бидат заедно.
 
===Темни навики (1983)===
'''''[[Темни навики]]''''' ''(Entre tinieblas)'' е [[мелодрама]] со елементи на [[комедија]] во кој глумат [[Мариса Паредес]] и [[Кармен Маура]], меѓу другите глумци со кој Алмодовар и претходно соработувал.
 
===Што направив да го заслужам ова? (1984)===
Следниот филм на Алмодовар, '''''[[Што направив да го заслужам ова?]]''''' ''(¿Qué he hecho yo para merecer esto?)'' е инспириран од шпанските црни комедии од доцните 50-ти и 60-ти. Раскажува приказна на една домаќинка, нејзиниот насилен сопруг, постариот син кој е дилер на дрога, помладиот, и бабата која го мрази градот и сака да се врати во родното село.
 
===Матадор (1986)===
'''''[[Матадор (филм)|Матадор]]''''' ''(Matador)'' го продлабочува истражувањето на сексуалноста. Матадор е темна, комплексна приказна која ја раскажува врската на поранешен борец со бикови и убиствена адвокатка, чии сексуални потреби не се во целост задоволени ако не убијат.
 
===Закон на желбата (1987)===
'''''[[Закон на желбата]]''''' (La ley del deseo) е еден од најбогатите и највознемирувачките филмови на Алмодовар. Го следи животот на три ликови: геј филмски режија кој започнува нов проект, неговата сестра која порано му била брат (Кармен Маура) и опсесивен убиец кои го следи (Антонио Бандерас)
 
===Жени на работ од нервен слом (1988)===
Следниот филм на Алмодовар, '''''[[Жени на работ од нервен слом]]''''' ''(Mujeres al borde de un ataque de nervios)'' е феминистичка лајт комедија која го потврди Алмодовар како „женски режисер“, како [[Џорџ Кукор]] и [[Рејнер Вернер Фасбиндер]]. Алмодовар има кажано дека жените се подобри ликови како драматични субјекти.
 
Филмот е адаптација на театарска драма која раскажува два дена од животот на Пепа, професионален филмски дублер чиј оженет љубовник одеднадеж ја напушта, а со кој таа френетично се обидува да стапи во контакт. За време на потрагата, таа открива неколку негови тајни и ги открива сопствените вистински чувства.
Ред 46:
 
===Врзи ме! (1990)===
Следниот филм на Алмодовар го одбележа почетокот на соработката со уште една голема актерка од европското и шпанско кино: [[Викторија Абрил]]. '''''[[Врзи ме!]]''''' ''(Atame!)'' е и четвртиот најважен филм во кој соработува со [[Антонио Бандерас]].
Во овој филм, Рики (Антонио Бандерас), тукушто ослободен пациент од психијатрија, киднапира и држи заробена актерка (Викторија Абрил) со цел таа да се заљуби во него. ''„Имам 23 години, 50,000 пезети и сум сам на светов. Ќе се обидам да бидам добар маж за тебе и добар татко за твоите деца“'', ѝ вели тој.
 
Ред 54:
 
===Високи потпетици (1991)===
Семејната мелодрама '''''[[Високи потпетици]]''' (Tacones Lejanos)'' ја обработува приказната за прекинатата врска меѓу мајка и нејзината ќерка, и славна пејачка. Ќерката се венчала со поранешниот љубовник на својата мајка и се здружила со пејач кој ја имитра нејзината мајка. Популарните песни кои се секогаш присутни во филмовите на Алмодовар, се најприсутни во овој филм.
 
===Кика (1993)===
Во '''''[[Кика]]''''' ''(Kika)'', секој лик припаѓа на посебен филмски жанр. Приказата е за Кика - откачена, но добра шминкерка која се вовлекува во врска со американски писател и неговиот посинок. Неа цело време ја следи чудна телевизиска репортерка, која секогаш е во потрага по сензационални приказни.
 
''Кика'' е критика на [[масовни медиуми|масовните медиуми]], особено на нивниот [[сензационализам]]. Овој филм создаде голема контроверзност во САД поради смешна сцена со силување. Филмот не беше добро-прифатен од страна на критичарите, но отвори ново поглавје во кариерата на режисерот.
 
===Цветот на мојата тајна (1995)===
'''''[[Цветот на мојата тајна]]''''' ''(La flor de mi secreto)'' е приказна за Лео Масијас, успешна писателка на романи која треба да се соочи со професионална и лична криза. Таа е отуѓена од својот сопруг, кој волунтира во [[Босна и Херцеговина]] за да ја избегне.
 
Во главната улога настапува [[Мариса Паредес]]. Оваа психолошка драма се смета за неговиот најзрел филм досега. Филмот има многу заеднички елементи со ''[[Сѐ за мојата мајка]]'' и ''[[Зборувај со неа]]''. Трите филмови се работат за „губиток, созревање и опоравување“.
 
===Живо месо (1997)===
Алмодовар е сценарист на сите свои филмови, но со '''''[[Живо месо]]''' (Carne trémula)'', тој ја дели заслугата. Ова му е првиот и – за сега единствен - филм адаптиран према книга, истоимениот роман од [[Рут Рендел]]. Давид, полициски детектив, и Виктор, човек обвинет за неговото парализирање. По излегувањето од затвор, Виктор сака да се одмазди, а притоа се вплеткува во животите на Давид, неговата сопруга, поранешниот колега на Давид, Санчо, и сопругата на Санчо.
 
===Сѐ за мојата мајка (1999)===
Потоа, Алмодовар продолжи со своите сериозни драми создавајќи го '''''[[Сѐ за мојата мајка]]''' (Todo sobre mi madre)''. Филмот произлезе од кратка сцена во ''Цветот на мојата тајна'', во која се раскажува приказната за мајка која ја жали смртта на својот син, и која, читајќи го неговиот дневник, дознава дека сакал да го запознае татка си. Таа се одлучува да отпатува до [[Барселона]] во потрага по неговиот татко, и сака да му каже дека имале син откако таа го напуштила пред многу години. Кога пристигнува таму, се сретнува со многу чудни ликови – проститутка трансвестит, бремена калуѓерка и актерка која е лезбејка – и сите тие на свој начин ѝ помагаат да ја преброди болката.
 
Во овој филм повторно се јавуваат темите како сестринство и семејство. Посветен е на [[Бет Дејвис]], [[Роми Шнајдер]] и [[Џина Роландс]].
Ред 79:
 
===Зборувај со неа (2002)===
Две години подоцна, Алмодовар создаде уште еден успешен филм – '''''[[Зборувај со неа]]''' (Hable con ella)'', кој ја раскажува приказната за двајца мажи кои се спријателуваат во болницата каде се грижат за жените кои ги сакаат, а пак, кои се во [[кома]]. Нивните животи се движат во сите насоки, минато, сегашност и иднина, и ги влечат до неочекувана судбина.
 
Филмот беше пофален од критиката и Алмодовар за него доби бројни награди и почести.
 
===Лошо воспитание (2004)===
'''''[[Лошо воспитание]]''' (La mala educación)'' ја раскажува приказната за две деца, Игнасио и Енрике кои ја откриваат љубовта, киното и стравот во религиозно училиште на почетокот од 1960-тите. Отецот Маноло, директорот на училиштето и нивен учител, е сведок на некои од овие нивни откритија. Трите ликови повторно се сретнуваат во 1970-тите и 1980-тите, или барем така изгледа.
 
Алмодовар во овој филм користи [[филм ноар]].
 
===Враќање (2006)===
Дејството на 16-тиот филм на Алмодовар, '''''[[Враќање]]''' (Volver)'', е сместено во Ла Манча, и следи три генерации жени во исто семејство кои се борат да преживеат од ветрот, огнот, и дури и од самата смрт.
 
Приказната на ''Враќање'' се појавува како роман и скрипт во ''Цветот на мојата тајна''.
 
===Идни проекти===
Алмодовар моментално го снима својот најнов филм '''''[[Скршени прегратки]]''' (Los abrazos rotos)''
 
==Надворешни врски==