Демократска унија за интеграција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
дополнување
Ред 20:
}}
 
'''Демократската унија за интеграција''' или '''ДУИ''' ({{lang-sq|Bashkimi Demokratik për Integrim}} или '''BDI''') — најголема [[политичка партија]] на [[Македонски Албанци|македонските Албанци]]. Од [[2002]] до [[2006]] година, партијата ебила дел од владината коалиција предводена од [[СДСМ]], а од [[2008]] годинадо е2016 година дел од владината коалиција, предводена од [[ВМРО ДПМНЕ]]. ЛидерПретседател на партијата од нејзиното основање е [[Али Ахмети]].
 
Демократската унија за интеграција е формирана на [[5 мај]] [[2002]] година во [[Тетово]], три месеци пред одржувањето на [[Македонски парламентарни избори, 2002|парламентарните избори во 2002 година]] од јадрото на [[Ослободителна Народна Армија|Ослободителната Народна Армија]] (ОНА), која во 2001 отпочна [[Конфликт во 2001 година|вооружен конфликт против власта во Република Македонија]]. На овие избори ДУИ освои 12,2% од гласовите (околу 55% од гласовите на етничките Албанци) и се профилира како најголема партија помеѓу партиите на етничките Албанци во Република Македонија. По изборите, ДУИ влезе во владината коалиција заедно со [[СДСМ|Социјалдемократскиот сојуз на Македонија]] и со [[Либерално демократска партија|Либерално демократската партија]].
Ред 27:
 
На [[Македонски парламентарни избори, 2008|парламентарните избори 2008 година]] ДУИ освои 12,8% од гласовите и влезе во владината коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ. На следните [[Македонски парламентарни избори, 2011|парламентарни избори во 2011 година]], ДУИ повторно освои најголем процент од гласовите на албанскиот електорат во Република Македонија (10,2% од гласовите) и продолжи да биде дел од владината коалиција на ВМРО ДПМНЕ.
 
==Финансиски извештаи==
Според завршната сметка на партијата, во 2016 година таа остварила [[приходи]] во износ од 378.500 [[Евро|евра]] (48.500 евра од членарини и донации), а нејзините приходи во 2015 година биле 563.500 евра (235.500 евра од членарини и [[Донација|донации]]). Притоа, најголем дел од приходите биле остварени врз основа на членарини и донации (718.000 евра). Од друга страна, вкупните [[расходи]] на ДУИ во 2016 година изнесувале 334.000 евра, а вредноста на имотот на партијата била 3.995.500 евра.<ref>Влатко Стојановски, „ВМРО-ДПМНЕ трупа недвижности, а ДУИ собира сè помалку донации!“, ''Фокус'', број 1124, 21 април 2017, стр. 18-22.</ref>
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.bdi.mk/mk/index.php Официјална страница на ДУИ] {{mk}}
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Македонски политички партии}}