Бозгунова Пештера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
| caption = Почетниот дел на Бозгунова Пештера
| location = [[Патишка Река]], [[Скопско]]
| depth =82 m
| length =125 m
| altitude =1150 m
Ред 25:
==Местоположба==
[[File:Бозгунова Пештера 03.jpg|thumb|250п|лево|Отворот на Бозгунова Пештера]]
Бозгуновата Пештера се наоѓа на источните наклони на [[Сува Планина]], над [[Патишка Река]]<ref name="Манаковиќ">{{наведено списание|last=Манаковиќ|first=Душан|year=1973|title=Пештери и пропасти во Скопската котлина|journal=Географски видик|publisher=Географско друштво на СР Македонија|location=Скопје|page=30|language=македонски}}</ref>. Поточно, пештерата е сместена веднаш десно над патот во делот каде што се наоѓаат викенд-куќите пред самиот почеток на селото Патишка Река. Веднаш од патот кон десно покрај едно бачило започнува мала пешачка козја патека која пробивајќи се низ шумата, достигнува до еден карпест предел на средина од падината каде што се наоѓа отворот на самата пештера. Отворот на Бозгунова Пештера се наоѓа на надморска височина од 1150 метри<ref name="Манаковиќ" />. Во долината на [[Патишка Река]], односно нејзиното породолжение [[Сува Река (Македонија)|Сува Река]], најпозната е токму пештерата Бозгуни, која всушност претставува прва пештера на просторот помеѓу [[Матка (кањон)|кањонот Матка]] и долината на [[Маркова Река]], чии истражувања се објавени во научната и стручна литература уште во 1928 година.
 
==Морфометриски одлики==
Влезниот дел на пештерата е доста широк односно со широчина од 9,5 метри и е условен со разурнувањето на таваницата<ref name="Манаковиќ" />. Веднаш по влезот е една сала широка 13 метри, а долга 25 метри Подот е препокриен со глина, разурнати карпи и напласти<ref name="Манаковиќ" />. Преку еден отсек од 3 метри, се навлегува во главната сала на пештерата, кој по страните има многу убави напласти и завеси со жолтеникава боја<ref name="Манаковиќ" />. Салата е долга 37 метри, а наширокиот дел ѝ изнесува 25 метри. Во средината на салата има разурнати блокови од кои повеќето се препокриени со бигрена корка<ref name="Манаковиќ" />. Овие блокови личат како една купа која е висока 19 метри<ref name="Манаковиќ" />. На самиот врв има еден сталактит со обилк на човек. Во долниот дел на купата, напластите образуваат разни животински ликови како на лав, волк и др<ref name="Манаковиќ" />. Од овој дел преку еден канал долг 12 метри се навлегува во третата сала која е долга 20 метри и широка 10 метри. Таваницата и ѕидовите се доста напукнати<ref name="Манаковиќ" />. При првите истражувања во 1928 година запишани се податоци за надморската височина од 1050 метри и вкупна должина на пештерата од 82 метри.
 
==Предание==