Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 74:
}}
 
'''Амстердам''' ({{lang-nl|Amsterdam}}) е главен и воедно најголем град во [[Холандија]]. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од 790 654 жители, урбана население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители<ref>{{cite web|url=http://www.iamsterdam.com/en/visiting/touristinformation/aboutamsterdam/factsandfigures |title=Facts and Figures |publisher=I amsterdam |accessdate=1 June 2011}}</ref>. Градот се наоѓа во покраината [[Северна Холандија]] која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во [[Европа]] која има население од околу 7 милиони жители.
Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката [[Амстел (река)|Амстел]]. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19-от и 20-от век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на [[УНЕСКО]] во јули 2010 година.
Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2thinknow2 (thinknow) во индексот на градови со најдобри иновации.
Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот музеј]] (''Rijksmuseum''), [[МузејВинсент на Ванван Гог|Музејот на Ван Гог]], куќата на [[Ана Франк]], музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, , како и бројните кафетерии каде се консумира [[канабис]], годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана. Градоначалникот EberhardЕберхард vanван derдер LaanЛан се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.
 
== Историја ==
 
Првите евидентирани податоци за употребата на името „Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 Октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот FlorisФлорис VПетти. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката [[Амстел (река)|Амстел]]. До 1327-ма година името преминало во Амстердам. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, [[Ротердам]] и [[Утрехт]]. Во Октомври 2008-ма година, историчарот ChrisКрис deде BontБонт изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на 10-от век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејки можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво.
Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306-та година. Од 14-от век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од [[Ханза]]та. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за аџилак се до прифаќањето на [[Протестантство|Протестанстската вера]]. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека „Стиле Омганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на аџилакот.
Во 16-от век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот крал [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на Протестантите од страна на шпанските Инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на водачот на холандската буна [[Вилем Молчеливиот]]. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел , како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од [[Шпанија]], нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направија Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат.
 
== Географија ==
Амстердам е дел од покраината NorthСеверна HolandХоландија и се наоѓа во западниот дел на Холандија, во близина на областите [[Утрехт]] и Флеволанд. Реката [[Амстел (река)|Амстел]] минува низ центарот на градот и е поврзана со голем број канали кои на крајот завршуваат во заливот познат како IJ. Амстердам е издигнат два метри над нивото на морето. Земјиштето кое го опкружува е рамно и се состои од големи полдери (земјиште составено од песок или друг материјал кој е опколен со вода). Југозападно од градот се наоѓа вештачка шума наречена Амстердамсе Бос ''Amsterdamse Bos''. Амстердам е поврзан со [[Северно Море|Северното море]] преку долг канал.
Градот Амстердам, како и општината со исто име се густо населени и урбанизирани. На површина од 219,4 километри квадратни, во градот живеат 4,457 жители на еден километар квадратен, а бројот на куќите на еден километар квадратен изнесува 2,275. Парковите и природните резервати зафаќаат 12% од површината на Амстердам.
 
== Клима ==
Амстерам има океанска клима, како резултат на близината на Северното Море на запад и преовладувачките западни ветрови. Амстердам и поголемиот дел од покраината NorthСеверна HolandХоландија спаѓаат во климатската зона 8б, што и воедно е најсеверна климатска зона во делот на Европа каде има континентална клима. До појава на мраз доаѓа единствено доколку дуваат ветрови од источни или североисточни ветрови од внатрешноста на Европа. Дури и во тој случај, температурата ноќе ретко паѓа под 5 степени целзиусови, додека во [[Хилверзум|Хилверсум]], кој се наоѓа 25 километри југоисточно, температурата може да падне и до -12 степени целзиусови. Летата се умерено топли, и многу ретко се случува да бидат претопли. Дневните температури во просек се движат од 22,1 до 30 степени целзиусови, при што Амстердам спаѓа во топлотната зона 2. Најголемите разлики во температурата изнесуваат од -24 до +36,8 степени целзиусови.
Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од Октомври до Март.
Изглед на градот и архитектура
Амстердам започнува да се шири од Централната Железничка станица. Главната улица се вика Дамрак и таа води кон улицата Рокин. Најстарата област на градот се вика де Валлен. Таа се наоѓа источно од улицата Дамрак и во неа се наоѓа познатата „[[подрачје на црвени фенери]]“. Јужно од оваа област се наоѓа стар еврејски кварт- Батерлоплеин (''Waterlooplein''). Каналите на Амстердам кои потекнуваат од 17-от век го обвиткуваат центарот на градот каде куќите на нивната предна страна имаат куки. Од другата страна на каналите се наоѓаат поранешните работнички квартови Јордаан и Пијп. Областа каде се наоѓаат најголемите музеи- [[Вонделпарк]] е парк од 19-от век кој е именуван по познатиот холандски писател Јоост ван ден Вондел, а тука се наоѓа и населбата Плантаге и зоолошката градина на градот Амстердам.
Неколку делови од градот и нивната околина се составени од полдери. Тоа е препознатливо по суфиксот мер, што всушност значи езеро во имињата на Аалсеер, Бииџмемер, Хаарлемер и Ватерграфсмер.
 
Ред 102:
Со текот на времето, од неколку канали се направени улици и плоштади.
'''Развој на градот Амстердам'''
По развојот на каналите во 17-от век, границите на градот Амстердам останале непроменети цели 2 века. За време на 19-от век, Семјуел Сарфати изготвил план за развој на градот врз основа на величенственоста на Париз и Лондон во тоа време. Планот предвидувал изградба на нови куќи, јавни згради и улици во населбата Грахтенгордел. Главната цел на овој план била да се подобри јавното здравје на населението. Иако овој план не помогнал во развојот на градот, сепак со неговото исполнување се добиени најголемите јавни градби во Амстердам како што е Палеис фор Фолксвајт (''Paleis voor Volksviijt'').
По стапките на Сарфати, Ван Нифтник проектирал цел круг населби од 19-от век кои го опкружувале центарот на градот. Во тоа време градот го поседувал целото земјиште од 17-от век натаму со што го контролирал развојот. Поголемиот дел од овие населби станале место за живеење на работничката класа.
За да се спречи пренатрупаноста,на почетокот на 20-от век биле изготвени 2 плана кои се разликувале од се дотогаш видено во Амстердам: Планот Зуид, ( [[Амстердам Југ]]) кој бил проектиран од страна на архитектот Берлаџ и планот Запад. Овие проекти предвидувале изградба на нови населби со живеалишта за сите општествени слоеви.
По завршувањето на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]] во западните, југоиисточните и северните делови на градот биле изградени нови големи населби. Овие нови населби биле изградени со цел да се надмине недостатокот од простор за живеење и населението да добие конфорни и достапни куќи и живеалишта. Населбите се состоеле од големи станбени блокови меѓу кои се наоѓале паркови, а истите биле поврзани со широки улици, што овозможило движење на моторни возила. Западните предградија на градот се нарекуваат Westelijke Tuinsteden. Областа која се наоѓа југоисточно од градот се вика Biijlmer[[Бајмар]].
 
== Архитектура ==
Амстердам има богата архитектонска историја. Најстарата градба во Амстердам е Старата Црква која се наоѓа во срцето на Валлен и која била осветена во 1306 година. Најстарата градба изработена од дрво е hetХутен Houten HuysХус во BegijnhovБехајнхоф. Таа била изградена околу 1425 година и е една од вкупно 2-те останати дрвени куќи. Таа исто така претставува еден од примерите за Готската архитектура во Амстердам.
Во текот на 16-от век, дрвените куќи биле срушени и нив ги замениле куќите изработени од цигли. За време на овој период многу градби се изработувале во стилот [[Ренесанса|на Ренесансата]]. Градбите од овој период се препознатливи по нивната фасада со кука на предниот дел што е белег на Холандскиот ренесансен стил. За многу кратко време , градот Амстердам развил свој ренесансен стил во архитектурата. Овие градби биле градени по принципите на архитектот Хендрик де Кејзер. Еден од највпечатливите објекти проектирани од страна на Кејзер е Западната Црква. Во 17-от век барокната архитектура станала многу позната, а позната била и насекаде во Европа. Тоа приближно се совпаднало со Златната Ера на градот Амстердам. Најпознати архитекти од времето на барокот биле Јакоб ван Кампен, Филип Вингбонс, Данил Сталперт.
Во почетокот на 20-от век архитектот на т.н. „Амстердамска школа“, Филип Вигбонс проектирал прекрасни куќи за трговците. Најпознатата градба во барокен стил во Амстердам, како што е [[Кралски дворец (Амстердам)|Кралски дворец]] која се наоѓа на главниот плоштад Дам. Во текот на 18-от век, Амстердам бил под силно влијание на француската култура, што е отсликано во архитектурата од тој период. Околу 1815 година, архитектите престанале да го практикуваат барокниот стил и почнале да проектираат градби од нов тип. Повеќето градби од тој период се со готска архитектура, па затоа се зборува дека тие се градени во нов-готски стил. На крајот на 19-от век познат станал Новиот стил или ArtАрт NoveauНовау, па токму затоа голем број градби биле изградени токму во овој стил. Бидејки градот се ширел многу брзо за време на овој период , новите градби во центарот на градот биле градени во истиот стил. Новите куќи во близина на Плоштадот на музеите во стариот јужен дел претставуваат примери за Новиот Стил. Арт Деко бил стил кој бил познат во градбите во Амстердам пред појавата на стилот на новата ера. Амстердам имал своја верзија на овој стил во архитектурата кој бил позната како AmsterdamseАмстердамската Schoolшколаl. Биле градени цели области во овој стил. Таква област е Ривиеренбурт (Rivierenbuurt). Забележлива карактеристика на градбите од Амстердамската Школа е дека нивните фасади имале многу раскошни декорации и врати и прозорци со чудна форма.
Стариот центар на градот претставува фокусна точка на сите архитектонски стилови пред крајот на 19-от век. Градби од Новиот Стил и стилот Георгиан главно може да се видат во населбите од почетокот на 20-от век кои се наоѓаат надвор од центарот на градот, иако има и впечатливи примери кои се наоѓаат во центарот на градот. Повеќето историски градби во центарот на градот се куќи, како што се куќите на познатите трговци кои се наредени по должината на каналите.
 
== Поделба ==
Раководењето со општините во Амстердам е поделено на 15 области или Стадесплеин (Stadesdelen)- централниот дел кој е опкружен со Западниот парк, Бос ен Ломер (Bos en lommer), Де Барсјес (De Baarsjes), Стар запад (Oud-West), Oud_ZuidСтар Југ (Oud-Zuid), Исток/Ватерхраафтсмер (Oost/Watergraafsmeer), Зебурх (Zeeburg), Амстердам Север (Amsterdam Noord), и 6 надворешни области (Westpoort, Geuzenveld-Slotermeer, Osdorp, Slotervaart, Zuideramstel, Zuidosst). На 1 мај 2010 година бројот на области е намален на 8 (centrum, Noord, Zuid, West, Nieuw-West, Zuidoost, Westport).
 
== Дефинирање ==
Осумте области на Амстердам најчесто се разбираат како да се однесуваат за општината Амстердам. Сепак, некои делови од општината како на пример селото Дургердам не се сметаат за дел од Амстердам. Статистички гледано се употребуваат 3 дефиниции за Амстердам- Метрополитен Амстердам, Областа Амстердам и урбаниот регион (општина Амстердам). Овие дефиниции не се совпаѓаат со термините урбана област и метрополитен област кои се употребуваат во земјите каде се говори Англискиот јазик. Во одделот за истражување и статистика во Амстердам се употребува и четврта дефиниција, односно градскиот регион Амстердам. Оваа област е слична со Областа Амстердам но во неа спаѓаат и општините ZaanstandЗанстад и WormerlandВормерланд , додека во неа не спаѓа GraftХрафт-DeДе RijpРајп.
Најмалата површина меѓу гореспоменатите има општината која броела 742,981 жители во 2006 година. Областа метрополитен имала 1 021 870 жители во 2006 година. Во неа спаѓаат повеќе општини заедно со општината Амстердам. Областа Амстердам има 15 општини и брои 1,211 503 жители според пописот во 2006 година. Иако е поголема по површина, бројот на населението е само малку поголем во неа, бидејки по дефиниција во неа не спаѓа релативно бројната по жители општина Заанстанд. Област со најголем број на жители е областа Амстердам метрополитен која има 2,22 милиони жители. Во неа спаѓаат Zaanstad, Wormerveer, Muiden, Abcoude, Haarlem, Almere и Lelystad но во неа не спаѓа GraftХрафт-DeДе Rijpрајп.
Амстердам спаѓа во метрополитен областа Рандстанд и има вкупно население од 6,659,300 жители.
 
Ред 124:
Како и сите холандски општини, Амстердам го управуваат градоначалник, општински совет и Aldermen. Сепак, за разлика од другите холандски општини, Амстердам е поделен на 7 области, систем кој бил спроведен во 1980-те години со цел да се подобри локалното управување. Сега областите се одговорни за многу активности кои претходно биле одговорност на градот. Првично градот бил поделен на 15 области. 14 од нив имале свој совет кој се бирал на избори. 15-от Вестпорт кој е најблиску до пристаништето во Амстердам , имал мал број на жители и бил воден од централниот општински совет. Локалните одлуки се спроведуваат на ниво на областа, а само работите кои го засегнуваат целиот град, како што се поголеми инфраструктурни проекти и слично ги води централниот градски совет.
== Национална влада ==
Амстердам е главен град на Холандија во техничка правна смисла. Денешниот устав на Холандија го споменува Амстердам како главен град на само едно место- глава 2, член 32: Инаугурацијата и крунисувањето на кралот се врши во Амстердам-главниот град. Претходните устави го споменувале само како градот Амстердам, без спомнување на главен град. Сепак , седиштето на владата, собранието и врховниот суд на Холандија е ( и секогаш бил , со исклучок на еден краток период од 1808 и 1810 година) сместен во Хаг. Странските амбасади исто така се наоѓаат во [[Хаг]]. Главниот град на Северна Холандија е Хаарлем[[Харлем]].
 
== Симболи ==
Грбот на Амстердам е составен од неколку историски елементи. Во средината на грбот се наоѓаат 3 крстови на Св. Андреј кои се поредени вертикално. Овие 3 крстови може исто така да се видат и на ознаките на населбите Амстелвеен[[Амстелвен]] и Оудер –Амстел. Тој дел од грбот на Амстердам се наоѓа и на знамето на градот Амстердам, кое е избрано од страна на градските власти , но и на цивилните бродови кои се регистрирани во Амстердам. Вториот симбол е Австриската кралска круна. Во 1489 година, како знак на благодарност за помошта и заемите кои ги добил, Максимилијан први му дозволил на Амстердам да ја употреби кралската круна на грбот на градот. Во 1508 година таа била заменета со круната на Максимилијан, откако тој бил крунисан како Светиот Романски Император. На почетокот од 17 век, круната на Максимилијан која се наоѓала на грбот на Амстердам била повторно променета, овој пат со круната на императорот Рудолф 2, која станала царска круна на [[Австрија]]. Лавот потекнува од 16-от век, кога градот и областа станале дел од „Република на седум обединети Холандии“. Последно е усвоено официјалното мото на градот- херојски, одлучни, милосливи, кое кралицата Вилхелма му го подарила на градот во 1947 година за да ја награди храброста на градот во Втората Светска војна.
 
== Економија ==
Областа Зуидас е главната бизнис област во Амстердам и таа сеуште е во голема мера во изградба. Голем број Холандски и мулти-национални компании имаат свое седиште во Амстердам, како што се АБН Амро и Акзо Нобел.
Амстердам е главен финансиски и бизнис центар на Холандија. Амстердам во моментов спаѓа во најдобрите Европски градови каде може да основате меѓународен бизнис. Тој е на петто место во оваа категорија и него го надминуваат само – [[Лондон]], [[Париз]], [[Франкфурт на Мајна|Франкфурт]] и [[Барселона]]. Многу од големите коорпорации имаат свое седиште во Амстердам. Тука спаѓаат : Кралската банка на Шкотска, Акзо Нобел, Хајнекен интернационал, ИНГ груп, Ахолд, ТомТОм, Делта Лојд Груп и Филипс. КПМГинтернационал има свое седиште во близина на Амстердам, поточно во Амстелвеен, каде и многу други интернационални компании имаат свои седишта и можат да уживаат полна правна сопственост на земјиштето за разлика од можноста да се изнајми земјиште во Амстердам.
Иако голем број мали компании сеуште се имаат свои канцеларии во близина на старите канали, сепак се поголем број компании се преселуваат надвор од центарот на градот. Зуидас стана новиот финансиски и правен центар. Петте најголеми фирми во Холандија и голем број холандски подружници на консултантските фирми како што се Бостон Консалтинг груп и Accenture како и светскиот трговски центар Амстердам се наоѓаат во Зуидас.
Постојат и други 3 помали финансиски области во Амстердам. Првиот е областа која го опкружува центарот околу главната железничка станица во Амстердам- Слотердајк, каде се сместени неколку канцеларии на познатите новински агенции како Де Телеграаф. Тука исто така се наоѓаат канцелариите на компанијата на општински јавен превоз и Даночната канцеларија на Холандија. Втората финансиска област е областа која ја опкружува Амстердамската Арена (стадионот). Третата област е областа во близина на железничката станица Амстел. Таму се наоѓаат највисоката кула во Амстердам – кулата Рембрант, како и седиштето на компанијата Филипс.
Ред 139:
Де Вален, најголемаото подрачје на црвени фенери во Амстердам претставува голема туристичка атракција.
Амстердам е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, која годишно има повеќе од 4,63 милиони интернационални туристи , без притоа да бидат пресметани повеќе од 16 милиони дневни посетители на Амстердам на годишно ниво. Бројот на посетители се повеќе се зголемува изминатава декада. Тоа може да се припише на се поголемиот број Европски посетители. Две третини од хотелите се наоѓаат во центарот на градот. Хотелите со 4 и 5 ѕвездички зафаќаат 42% од вкупните места за преноќување, како и 41 процент од ноќевалиштата за една ноќ. Во 2006 година се искористени 78% од капацитетот на сместување, а во 2005 исполнетоста изнесувала 70% од капацитетот.
Поголемиот дел од туристите (74%) се од Европа. Најголемиот дел од туристите кои не потекнуваат од Европа се [[Американци]] (околу 14% од туристите). Во одредени години се организираат тематски манифестации со цел да се привлечат дополнителен број на туристи. На пример во 2006 година беше прогласена за година на „Рембрант 400“ со цел да се прослави 400 годишнината од раѓањето на [[Рембрант ван Рејн|Рембрант]]. За тој период некои хотели нудат посебни аранжмани на активности. Бројот на гости кои престојуваат во некој од 4-те кампови околу градот изнесува од 12 до 65,000 гости.
 
Де Валлен или уште позната како Walletjes и Rosse Buurt, е одредена област во која проституцијата е легализирана и воедно е најголема и најпозататото подрачје на црвени фенери во Амстердам. Оваа населба со текот на времето станала една од најпознатите туристички атракции. Таа се состои од мрежа на улици кои се мегусебно поврзани и на кои има неколку стотини мали еднособни станови кои се изнајмуваат од сексуални работнички кои нудат сексуални услуги на тој начин што седат пред стаклениот излог на просторијата која најчесто е осветлена со црвено светло.
 
== Трговија ==
Продавниците во Амстердам варираат од огромни стоковни куќи како Де Бијенкорф (1870 година) и Мејсон де Боннетерие , стоковна куќа во париски стил изградена 1889 година, па се до мали специјализирани продавници. Хај енд продавниците во Амстердам се сместени на улиците PieterПитер CorneliszКорнелиц HooftstraatХофстрат и CornelisКорнелис SchuytstraatСхуистрат, кои се наоѓаат во близина на Вонделовиот парк. Една од најпрометните улици во Амстердам е тесната средновековна улица – Kalverstraat која се наоѓа во срцето на градот. Други области за купување се NegenДевет StraatjesУлици , HaarlemmerdijkХарлемердајк и HaarlemmerstraatХарлемерстрат. ''Negen Straatjes'' се девет тесни улици во рамките на Grachtengordel, концентричниот систем на канали во Амстердам. Negen Straatjes се разликуваат од другите области за шопинг по тоа што имаат голем број на приватни продавници. Haarlemmerstraat и Haarlemmerdijk беа прогласени за најдобри шопинг улици во Холандија во 2011 година. На овие улици исто така има голем број приватни продавници. Но, додека на 'Negenдевет Straatjesулици доминираат модните продавници, на HaarlemmerstraatХарлемерстрат. и HaarlemmerdijkХарлемердајк може да се видат секаков вид на продавници- продавници за слатки и друг тип на храна, долна облека, патики, облека за венчавки и свечености, продавници за мебел, книжарници, продавници за велосипеди, скејт опрема и тн.
Во градот исто така има и голем број пазари на отворено како AlbertАлберт CuypmarktСупермаркетите, WesterstraatВестерстрат -markt пазарот, Tenтен KatemarktКатемаркт, andи DappermarktДапермаркт. Некои од овие пазари се дневни, а некои се одржуваат еднаш неделно.
 
== Мода ==
Ред 152:
== Демографија ==
Амстердам има 783,364 жители. На 1 јануари 2011 година , етничкиот состав во Амстердам изнесувал 49,7% холандско население и 50, 3% странци. Во 16-от и 17 от век имигрантите биле Фламанци, Сепарди Евреи, Вестфалијанци и Huguenots. Huguenot-ите дошле по декретот на Фонтаинблау, во 1685 година, додека Фламанските протестанти дошле за време на осумдесетгодишната војна. Вестфалијанците дошле во Амстердам највеќе од економски причини , а нивниот прилив продолжил и во 18-от и 19-от век. Пред почетокот на Втората Светска војна 10% од населението било Еврејско.
Првата масовна имиграција во 20-от век била изведена од луѓе од Индонезија, кои дошле во Амстердам по осамостојувањето на холандските Источни Инди во 1940-те и 50-те години. Во 1960-те години гастарбајтери од Турција, Мароко, Италија и Шпанија емигрирале во Амстердам. По осамостојувањето на Суринами[[Суринам]], голем број СуринамејциСуринамци дошле во Амстердам и се сместиле во Биијлмер[[Бајмар]] областа. Други имигранти, во кои спаѓаат и бегалци-азиланти и нелегални имигранти доаѓаат од Европа, Америка, Азија и Африка. Во 1970-те и 80-те години, голем број од „старите„ Холанѓани се преселиле во нови градови како Алмер и Пурмеренд , поттикнати од третата планолошка сметка на холандската влада. Со тоа се промовирала субурбанизацијата и се овозможува развој на гроеикернен или буквално јадрото на растот. Млади професионалци и уметници се населиле во населбите de PijpПајп и the JordaanЈордан кои овие Амстердамци ги напуштиле. Незападните имигранти се населиле во социјалните стамбени проекти во западниот дел на Амстердам и Биијлмер. Денес луѓето кои немаат западно потекло сочинуваат околу една третина од населението во Амстердам,од кои 50% се деца.
Најголемата религиска група е христијанската (17% во 2000 година), кои се делат на [[Римокатолицизам|Римокатолици]] и [[Протестантство|Протестанти]].
Следната религија по број е Илсамот (14% во 2000-та година), чии поголем дел од следбениците се сунити.
Во 1578 година претходно римокатоличкиот град Амстердам се приклучил на бунтот против Шпанското владеење, што е прилично доцна во споредба со другите поголеми северни градови во Холандија. Во согласност со протестантската процедура за тоа време, сите цркви биле преобратени во протестантски. Калвинизмот стана доминантна религија и иако католицизмот не бил забранет , а на свештениците им било дозволено да држат миси, сепак била забранете католичката Хиерархија. Ова довело до формирање на (schuilkerken), тајни цркви кои се наоѓале зад навидум обичната предна страна на куќите до каналите.
Таков пример е моменталниот предмет на дебата – Роде Хоед.
Во 17-от век во Амстердам дошло до голем прилив на доселеници од сите религии, а особено евреи од Шпанија и Португалија, Хугуенотс од Франција и Протестанти од јужните делови на Холандија. Тоа довело до формирање на голем број цркви во кои не се вршеле служби на холандски јазик. Во 1603-та година било направено првото известување од страна на еврејската верска служба. Во 1639 била осветена првата синагога. Евреите почнале да го викаат градот Ерусалим на Западот поради нивното чувство на припадност .
Кога се етаблирале во градот, другите христијански деноминации ги користеле преобратените католички капели за одржување на миси. Најстарата црква каде се служи на англиски јазик а се наоѓа надвор од границите на Обединетото кралство е во Бегинјхоф. Таму сеуште се држат редовни миси на англиски јазик под покровителство на шкотската црква. Хугуенотите броеле околу 20% од жителите на Амстердам во 1700-та година. Бидејки биле калвинисти, тие набрзо се преобратиле во реформите на Холандската црква , иако голем дел од нив останале на својата вера. Некои од нив кои денес се препознатливи по прекарот Валонци сеуште држат проповеди на француски јазик.
Во втората половина на 17-от век , во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од централна и источна европа, што продолжува се до 19-от век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]]. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз Амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина [[јидиш]]ки локални зборови .
Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи претпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Јоденбрестат (Jodenbreestraat). Ова маало го сочинуваат и Waterlooplein и Nieuwmarkt. Градбите од ова маало биле уништени во втората светска војна , а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница. Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред.
Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа Протестантскиот крал Вилијам трети да одбие да го отвори тој „манастир“. Во 1924 година римо-католичката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам, на кој присуствувале бројни католички архиереи и притоа го посетиле градот , каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености. Сепак во тоа време сеуште биле забранети католичките поворки по улиците. Во 20-от век релацијата на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала, но и покрај се поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град Хаарлем[[Харлем]].
Во последно време , верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од Суринами[[Суринам]] го вовеле Евангелскиот протестанизам и [[лутеранство]]то, хиндуизмот е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Сега [[Ислам|исламот]] е најбројната не-христијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од [[Гана]] и нигерија[[Нигерија]] создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа БејлмерБајмар каде многу од нив живеат. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример Будизамот, конфучијанизмот и хиндуизмот.
И покрај изреката „Живеј и остави да живеат„ која накратко ги опишува Холанѓаните и посебно отвореното и толерантно општество на Амстердам, сепак зголемениот прилив на луѓе од различни раси и религии, по завршувањето на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]] во неколку случаи ги нарушило општествените односи. Собирајки луѓе од 176 различни, Амстердам е дом на една од најголемите варијации на националности во кој било друг град во светот.
Имигрантите денес сочинуваат околу 50% од населението во Амстердам.
Жители по потеклото
Ред 174:
Во 1932 година Амстердам беше предвиден да биде центар, на нултиот километар- на автопатскиот систем на Холандија. Автопатите требале да бидат обележани од 1-8 и да тргнуваат од градот. Почетокот на Втората светска војна и пренасочување на приоритетите биле причините поради кои денес само патиштата А1,А2 и А4 тргнуваат од Амстердам. Изградбата на патот А3 кон Ротердам била откажана воо 1970 година со цел да се зачува Гроене Харт.
Патот А8, кој води северно до Заандам и патот А10 биле пуштени во употреба меѓу 1968 и 1974 година. Освен патот А1, А2,А4 и А8 неколку други патишта како А7 и А6 водат кон Амстердам.
Во Амстердам има десет станици на Холандската железница. Пет од нив се меѓуградски- Sloterdijk, Zuid, Amstel, Bijlmer ArenA и Amsterdam Centraal. Станици за локални линии се Lelylaan, RAI, Holendrecht,Muiderpoort and Science Park како и AmsterdamАмстердам CentraalЦентрал. Од централната станица има линии за Австрија, Белорусија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска , Русија, и Швајцарија. Освен овие линии има и меѓународни линии на Холандската железница ( Амстердам-Брисел-Париз_Келн) , CityNightLine, и InterCityExpress.
Еуролинија има линии на автобуси од железничката станица Амстел во Амстердам до сите дестинации во Европа.
Аеродромот Шипхол е одалечен на 20 минути со воз од централната железничка станица . Тоа е најголемиот аеродром во Холандија, петти по големина во Европа и дванаесетти по број на патници во целиот Свет. Тој може да опслужи околу 46 милиони патници годишно и е база на 4 авиопревозници KLM, transavia.com, Martinair и Arkefly. Шипхол во 2010 година беше четврти аеродром по употребеност од странски патници.