Кинески јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 132:
 
== Влијание врз други јазици ==
Низ вековите, [[кинеска култура|кинеската култура]] и политика имале големо влијание врз несродните јазици како [[корејски јазик|корејскиот]], [[виетнамски јазик|виетнамскиот]] и [[јапонски јазик|јапонскиот]]. Јапонскиот и корејскиот имаат писма кои се служат со [[кинески знаци]] (Ханцу), кои се нарекуваат [[ханџаханча]] и [[канџи]].
 
Виетнамскиот поим за кинеското писмо е [[хан ти]]. Сѐ до XIV век бил единствениот начин на пишување на виетнамскиот јазик, користен исклучиво од кинески-образованата виетнамска елита. Од XIV до доцниот XIX век, виетнамскиот се пишувал со [[чи ном]], кинеско писмо прилагодено за виетнамските звуци и слогови. Ова писмо било сосема заменето со прилагодена латиница, измислена од езуитскиот мисионер [[Александар де Род]], која користи систем од дијакритички додатоци за тонови и изменетите слогови. Виетнамскиот јазик е сличен на кантонскиот во извесни интонации и [[плозива|плозивни]] согласни наставки. Постои и мало влијание од мандаринскиот, меѓу кои поостри самогласки и звукот „х“ кој не го наоѓаме во други азиски јазици.
 
Во [[Јужна Кореја]] се користи азбуката [[Хангул]], но наоѓа примена и [[ханџаханча]]та, главно како печатно писмо. Во [[Северна Кореја]] пак, [[ханџаханча]]та е укината. Од модернизацијата на Јапонија од доцниот XIX век, постојат идеи за напуштање на кинеското писмо, но тоа сѐ уште не е сторено од практични причини.
 
Јазиците со влијание од кинеската култура имаат голем број на [[заемка|позајмени зборови]] од кинескиот. Над педесет проценти од корејскиот фонд на зборови е од кинеско потекло, а влијанието врз јапонскиот и виетнамскиот исто така е значајно. Зборовите од кинеско потекло сочинуваат 60%–70% од вкупниот број на зборови во еден јапонски речник, а сочинуваат 18%–40% од говорните зборови. Десет проценти од филипинскиот [[вокабулар]] е со кинеско потекло. Кинескиот исто така дели многу граматички карактеристики со овие соседни јазици, особено непостоењето на [[род (граматика)|родови]] и употребата на [[мерен збор|мерни зборови]].