Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 120:
::::Толку многу сме остареле, INkubusse, што се изненадив дека некој ми пишал: бидејќи средував нешто ситно на англиската Википедија, си мислев дека нотификацијата се однесува на нешто тамошно, ама бидејќи и јас, како тебе, ретко (и главно анонимно) уредувам, ми требаа неколку секунди да сфатам кој и каде ми пишува. Би се повторил кога би напишал што и да е повеќе по однос на темава: да пишував пред INkubusse, веројатно ќе напишев нешто многу слично. Премногу работни обврски и нереализирани цели на личен план за да насетам враќање во блиска иднина, па не гледам зошто не би бил преместен од [[Википедија:Список на администратори|поделокот на неактивни во оној на поранешни администратори]]; и самиот, кога пред некое време ги гледав листите, сфатив дека припаѓам таму: неколку години имав задоволство да работам со оние од листата на неактивни и поранешни администратори, а дел од активните администратори ([[Корисник:Raso mk|Raso mk]], [[Корисник:Тиверополник|Тиверополник]], [[Корисник:MacedonianBoy|MacedonianBoy]]) го стекнуваа своето реноме и статус некако паралелно со нашата деволуција од активни во полуактивни администратори; останатите, ако не се лажам, некаде тогаш почнуваа активно да уредуваат. Природна смена на генерации. Секако, концепт без никакво значење за [[Корисник:Bjankuloski06|Бојан]] и [[User:Kiril Simeonovski|Кирил]].
::::Беше убаво додека имавме време. Светот, за жал, да ти бил безнадежно различен и не многу заинтересиран за аргументи. Капа долу до сите што издржавте. – [[User:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]] <small>([[User talk:Виктор Јованоски|разговор]])</small> 10:59, 28 јануари 2017 (CET)
*{{Коментар}} Кога ќе размислам од денешна перспектива (и јас еднаш спомнав за отстранување) што корист има Википедија ако им се одземат правата на неактивните админи? Ништо. Нека бидат и понатака админи, самото тоа што се ставени во секција неактивни е доволно. Активните корисници имаат претстава кој е активен а кој не. Поздрав--<big><font face="Monotype Corsiva">[[Корисник:MacedonianBoy|Никола]] <sup>[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Стоіаноски]]</sup></font></big> 11:29, 28 јануари 2017 (CET)