Оскар Вајлд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
поврзница Теофил Готје
Ред 64:
 
[[Податотека:Oscar Wilde Aesthetic Cigars.jpg|мини|десно|150п|Сметка за цигари 'Естетик' со фотографија од Наполеон Сарони, 1882]]
Врз Вајлд значително влијаеле англиските писатели [[Џон Раскин]] и [[Волтер Патер]], кои расправале за централното значење на уметноста во животот, аргумент украсен со силна филхеленска и хомоеротска конотација. Подоцна Вајлд иронично коментирал за потиснатите чувства на Патер: кога го известиле за смртта на човекот, одговорил, „Дали воопшто живеел“? Во „''Сликата на Доријан Греј''“, размислувајќи за гледиштето на Патер за уметноста, Вајлд напишал: „Сета уметност е сосем бескорисна“. Изјавата била наменета да се чита буквално, бидејќи била во духот на доктрината уметност заради уметност, создадена од философот Виктор Кузен, развиена од [[Теофил Готје]] и доведена до еминентност од страна на Џејмс Абот Мекнил Вислер. Во [[1879]] година, Вајлд започнал да предава естетски вредности во [[Лондон]].
 
Естетското движење, претставено од правецот на [[Вилијам Морис]] и [[Данте Габриел Росети]], имало трајно влијание врз англиската декоративна уметност. Како врвен естет во [[Британија]], Вајлд станал една од највидните личности на своето време. Иако некогаш го исмевале поради нив, неговите парадокси и остроумни изреки се цитирале насекаде.