Тиридат III: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Христијанизација
Ред 64:
==Христијанизација==
Приказната за покрстувањето на кралот и целиот народ се базира врз „Историја на Ерменците“ од [[Агатангелос]], од 5 век.<ref>http://www.vehi.net/istoriya/armenia/agathangelos/en/AGATHANGELOS.html '''Agathangelos''', History of St. Gregory and the Conversion of Armenia</ref> Се зборува за тоа како [[Гргур Просветител]], синот на Анак, станал христијанин, па чувствувал вина заради гревот на својот татко. Гргур се приклучил на ерменската војска и станал секретар на кралот. Христијанството станало силно кон крајот на третиот век, иако голем дел од населението сè уште биле пагани. Тиридат не бил исклучок од ова: обожавал древни богови. За време на една религиозна паганска церемонија, Тиридат му наредил на Гргур да стави венец од свеќе кај нозете од статуата на божицата [[Анахит]] во Ериза. Гргур одбил, велејќи дека е христијанин. Ова го разбеснило кралот, кој уште повеќе се огорчил кога му кажале дека Гргур е син на Анак, човекот кој го убил таткото на Тиридат. Гргур бил измачуван, а потоа фрлен во [[Хор Вирап]], затвор кој се наоѓал длабоко под земја.
 
Додека Гргур бил во затвор, во Ерменија дошла група на свештенички девици, водени од [[Црква на Света Гајана|Гајана]], а кои избегале од Рим заради христијанската верба. Тиридат чул за оваа група, како и за легендарната убавина на една од членките, [[Рипсиме]]. Наредил да се доведат во замокот, и побарал да се ожени со убавата девица, но таа го одбила. Кралот потоа наредил да се измачува и да се убие целата група. По овој настан, кралот се разболел, и според легендата, почнал да се однесува како див вепар, бесцелно скитајќи по шумата. Сестрата на кралот, Косровидукт, сонувала дека Гргур е сè уште жив во затворот и дека само тој може да го излечи кралот. Веќе биле поминати 13 години од затворањето на Гргур, и сеќавањата на него биле бледи. Го извлекле од затворот, и иако бил ослабен, сепак бил жив. Успеал да преживее поради тоа што една добра жена му фрлала леб секој ден во Хор Випар.<ref>https://www.youtube.com/watch?v=AxRND4ucKqs</ref>
 
Гргур е донесен пред Тиридат, и кралот е волшебно излечен од болеста во 301 година.<ref>Оваа приказна е прераскажана и од [[Агатангелос]] во неговата ''„Историја на светиот Гргур и преобраќањето на Ерменија“''.</ref> Убеден во силата на лекот, кралот веднаш го прогласил христијанството за државна религија. Така Ерменија станала првата официјална христијанска држава. Тиридат го прогласил Гргур за прв [[католикос|поглавар]] на [[Ерменска апостолска црква|Ерменската апостолска црква]].
 
==Галерија==