Даутица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
==Природни одлики==
[[File:Dautica so manastirot Zrze-MK.JPG|thumb|250px|лево|Поглед на манастирот Зрзе на падините на Даутица]]
Планината Даутица се наоѓа во средишниот дел на [[Македонија]] и претставува пределна граница помеѓу [[Пелагонија]] и Прилепското поле на исток, [[Порече]] на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток. Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив [[Мокра Планина|Мокра или Јакупица]]. Се протега по речиси меридијански правец север-југ со мало отклонување и завртување кон исток. Даутица започнува да се протега од пределот [[Перчулица]] висок 2423 метри кој се наоѓа под местноста Солунско Поле веднаш под [[Солунска Глава]] кој е највисокиот врв на целиот планински масив на [[Мокра]]. Продолжува да се протега во јужен правец снижувајќи се до врвот Јалоарник (1685 м.н.в.) од каде што кон исток се разгранува највисокиот врв Даутица (2178 м.н.в.) и врвот Плавник (2126 м.н.в.) на пределот Куртовица. Од врвот Јалоарник планинскиот срт и било продолжува да се протега на југ кон врвовите Момина Чука (1569 м.н.в.) и Чардак (1652 м.н.в.) од каде што се искачува до најиздадениот планински врв на нејзиното било, Бел Камен кој е висок 2074 метри. Оттука продолжува кон југ со мало свртување кон исток спуштајќи се по врвовите Клепало (1624 м.н.в.), Јалорник (1453 м.н.в.) и Баби (1275 м.н.в.) над [[Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе|Зрзевскиот манастир „Св. Преображение“]] сѐ до Прилепското Поле во [[Пелагонија]]. Даутица е планина со варовнички состав на карпите поради што таа изобилува со многу силни, издашни и бистри извори на вода какви што се: Беличките над с.[[Белица]], Плавник, Бела Вода, Китановски Извор, Чавкарник, Стеванов Извор, силниот извор Врело над манастирот во Зрзе и др. На нејзините падини има и повеќе пештери меѓу кои и најпознатите Змејовица (над [[Крапа]]), Пешна, Гулабарница, Јаловарник и др. Падините за застапени со густа дабова шума, а во помала мерка и буки, бор и нискостеблести грмушки. Билото под сртот е богато со пасишта.
 
==Детален опис и изглед==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Даутица