Видое Смилевски - Бато: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 15:
 
== Биографија ==
=== Рани години ===
Потекнува од богато селско семејство од Никифорово, Гостиварско, кое во време на Првата Светска војна се преселило во Белград. Од најраните години работи во градската меана на татко му во Белград. Работејќи, тој истовремено и се школува: во Белград завршува основно образование, гимназија и државна трговска академија. Во [[1935]] година се вработува како банкарски службеник. Во април [[1940]] година станува член на [[КПЈ]].
 
== За време на НОВ ==
Во [[НОВ]] учествува од [[1941]] година. Врши одговорни функции прво во [[Белград]], а потоа, од јануари [[1943]] година, во [[Лесковац]]. Во февруари 1944 година станува секретар на Окружниот комитет на КПЈ за [[Врање]], од април - секретар на Окружниот комитет за [[Пирот]]. Потоа бил вратен за инструктор на КПЈ за [[Србија]].
 
Во јули [[1944]] е упатен на партиска работа во [[Македонија]] и учествува на Првото заседание на [[АСНОМ]]. Кооптиран е за член на ЦК на [[КПМ]], а од октомври 1944 година ја презема должноста секретар на Обласниот комитет на КП на Скопската област.
 
=== По ослободувањето ===
По ослободувањето се наоѓал на повеќе високи партиски функции. Постојано е избиран за член на ЦК на СКЈ од Петтиот до Осмиот конгрес, а член на Претседателството на ЦК на СКЈ е од [[1969]] година.