Разлика помеѓу преработките на „Фиона Штајл-Антони“

Додадени 5.458 бајти ,  пред 4 години
проширување
(нова статија)
 
(проширување)
|титула = [[женски интернационален мајстор]] (2010)
|светски првак =
|рејтинг = 21852159 (мајјули 2016)
|врв-рејтинг = 2198 (јануари 2010)
}}
 
'''Фиона Штајл-Антони''' ([[10 јануари]] [[1989]], [[Нидеркорн]], [[Луксембург]]) — луксембуршка шахистка која ја поседува титулата [[женски интернационален мајстор]].
 
== Биографија ==
Фиона научила да игра шах со помош на татко ѝ кога имала девет години. Една година подоцна, таа станала дел на националната репрезентација, а нејзин тренер во тоа време бил [[Властимил Јанса]]. Во 2015 година, Фиона магистрирала по менаџмент на настани на [[Лондонски метрополитенски универзитет|Лондонскиот метрополитенски универзитет]]. Од 2016 година, таа работи за 2016 chess24.com.
 
== Шаховска кариера ==
Фиона за првпат настапила за [[Лукесмбург]]на [[Светско младинско првенство во шах|светското младинско првенство во шах]] во [[Оропеза дел Мар]] во 2000 година, по што продолжила да учествува на истиот турнир вкупно шест пати. Таа исто така настапувала за Луксембург и четири пати на [[Европско младинско првенство во шах|европските младински првенства во шах]], како и на [[Светско јуниорско првенство во шах|светското јуниорско првенство во шах]] во [[Пуерто Мадрин]] во 2009 година.
 
Штајл-Антони учествувала на седум [[Шаховска олимпијада|Шаховски олимпијади]] (2002-2014) како дел од репрезентацијата на Луксембург, вклучувајќи го и нејзиниот настап како дел од машката репрезентација во [[Ханти-Мансијск]] во 2010 година. Нејзиниот најдобар резултат го остварила на [[Шаховска олимпијада 2006|Шаховската олимпијада 2006]] во [[Торино]], каде што остварила учинок 10/12 и го освоила златниот медал на втора табла. За овој успех, таа ја добила титулата [[женски ФИДЕ-мајстор]].<ref>[http://www.olimpbase.org/playersw/gu2ue02j.html Fiona Steil-Antoni] Women's Chess Olympiad results.</ref><ref>[http://www.olimpbase.org/players/gu2ue02j.html Fiona Steil-Antoni], Men's Chess Olympiad results.</ref>
 
На женскиот велемајсторски турнир во [[Кондом (Франција)|Кондом]] во 2008 година завршила на делба на второто место.<ref>[http://ratings.fide.com/tournament_report.phtml?event16=14566 7eme open international de Condom - GMF], FIDE Tournament Report.</ref> Се стекнала со титулата [[женски интернационален мајстор]] во април 2010 година, како последица на нејзините на резултати на Шаховската олимпијада 2006, светското младинско првенство во 2007, отворениот турнир во [[Вандевр ле Нанси]] и турнирот во Кондом во 2008 година.<ref>[http://ratings.fide.com/card.phtml?event=4001249 Fiona Steil-Antoni], FIDE Player Profile.</ref><ref>[http://ratings.fide.com/title_applications.phtml?details=1&id=4001249&title=WIM&pb=26 Fiona Steil-Antoni WIM Title Application], FIDE 2nd quarter Presidential Board 2010, 21-24 April 2010, Sofia, BUL.</ref>
 
Фиона била првенка на својата земја неколку пати и завршила како втора на отворениот турнир во [[Клаксвик]] во 2010, турнирот во [[Уксбриџ]] истата година и на турнирот во [[Мулхаус]] во 2012 година.<ref>Big Database 2013, ChessBase GbmH</ref><ref>[http://ratings.fide.com/view_source.phtml?code=51756 Klaksvik Open 2010], FIDE Tournament Report.</ref><ref>[http://ratings.fide.com/tournament_report.phtml?event16=52532 Uxbridge International Women].</ref><ref>[http://ratings.fide.com/tournament_report.phtml?event16=70109 Festival de Mulhouse 2012], FIDE Tournament Report.</ref>
 
Штајл-Антони настапила за Луксембург на Екипното шаховско првенство на мали нации во 2009 и 2013 година, при што го освоила бронзениот медал во [[Андора ла Вела]].<ref>[http://www.olimpbase.org/playerssn/gu2ue02j.html Fiona Steil-Antoni], Small Nations Chess Team Tournament results.</ref> Таа била дел од репрезентацијат на [[Луксембург]] и на [[Европско екпино првенство во шах|европското екипно првенство во шах]] во [[Порто Карас]] во 2011 година.<ref>[http://www.olimpbase.org/playerse/gu2ue02j.html Fiona Steil-Antoni], European Men's Team Chess Championship results.</ref>
 
Заедно со интернационалниот мајстор Том Вебер, Фиона Штајл-Антони го освоила турнирот во брзопотезен шах во двојки во [[Гибралтар]] во 2011 година. Ова било прво учество на клубот „Смешинг понс“ (оригинал: ''The Smashing Pawns'') на било какво натпреварување. Моментно, Фиона игра за клубовите Смешинг понс (Луксембург), Вандевр (Франција) и Чедлтон (Англија).
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* {{chessgames player|id=400124989166}}
 
{{Нормативна контрола}}