Бабуна (планина): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
'''Бабуна''' е македонска средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на [[Македонија]], а се издига помеѓу долината на реката [[Бабуна (река)|Бабуна]] и [[Прилепско Поле]]<ref name="географија">{{наведена книга|last=Стојмилов|first=Александар|title=Географија на Република Македонија|year=2011|publisher=Универзитет за туризам и менаџмент|location=Скопје|language=македонски|page=185}}</ref>.
==Протегање и врвови==
[[File:Бабуна планина 01.jpg|thumb|250п|лево|Поглед на планината Бабуна и стариот пат [[Велес]] - [[Прилеп]]]]
Се протега на север од Голи Рид (1455 м.) до превојот [[Плетвар]] (994 м.) на југоистојугоисток<ref name="географија" />. Билото има динарски правец на протегање северозапад–југоисток<ref name="географија" />. Во средишниот дел е позната како ''Мукос Планина'' со највисок врв [[Лута (врв)|Лута]] (1.499 m). Највисок врв е [[Козјак (врв)|Козјак]] (1.746 m). На запад Бабуна продолжува во планината [[Злато (планина)|Злато]] ([[Златоврв]] 1.422 m). Македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] давајќи детален опис на протегањето целата планина ја нарекува Мукос, а ги наведува и следните имиња според правцот на протегање: од низината на 2 часа растојание јужната падина ѝ се нарекува Дреновска Планина по селото [[Дреновци]] коешто се наоѓа на јужното подножје, а поголемиот дел од северната падина се нарекува Мукос, назив којшто тој го зема општо за целата таа верига<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|editor=превод: Марио Шаревски|title=Материјали по изучувањето на Македонија|edition=2016|year=1896|pages = 65-66|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Веригата се распознава како посебна планина уште на билото на Даутица. Нејзиниот почеток во полето претставува ред од 5-6 долгнавести височини, одделени една од друга со снижувања како пресеки<ref name="Ѓорче Петров" />. Од манастирот Слепче таа добива правилна форма и претставува тесна ниска верига со остар гребен. Јужните падини и подножјето некаде ѝ се покриени со ретки грмушки, некаде се карпести, а северните падини или самиот Мукос е покриен повеќе со кории<ref name="Ѓорче Петров" />. Во источниот крај на Мукос веригата малку се раширува и снижува<ref name="Ѓорче Петров" />. На почетокот таа се нарекува Преслоп, низ којшто минува прилепско-велешкиот пат, а затоа што има стражарница или дервент, ја нарекуваат и Дервент. Од патот на десно започнува Борула Планина којашто завршува со врвот Козјак. По билото ѝ минува патот од Прилеп за с.Крстец и с.Никодин. Од Прилеп, Борула се гледа како една ниска рудина, којашто од север-североисток заградува еден кат на Прилепското Поле, а од долината на р.Бабуна таа изгледа како доста висока планина, од што треба да се заклучи дека Прилепското Поле е значително повисоко од коритото на р.Бабуна<ref name="Ѓорче Петров" />. Северните падини претставуваат една пространа корија, под името Црничка Планина, од којашто се доставуваат најмногу дрва за огрев во Прилеп. Под северната падина на Козјак и над Црница се издигнува в.Роман<ref name="Ѓорче Петров" /> (Крнорог). Од него започнува еден гребен Црнушка Планина, која се спушта по источен-североисточен правец, паралелно со р.Бабуна. Врвот Роман е покриен со шума; доста дрвја се среќаваат и понатаму по северните падини на гребенот. Во својот источен крај гребенот се претвора во ридови. Преку Долги Рид тој гребен се соединува со остатокот од Бабунските Планини<ref name="Ѓорче Петров" />. Од источната падина на Којак, имено, од врвот Мали Врв, којшто се издигнува над Тројаци и под Козјак започнува друг гребен<ref name="Ѓорче Петров" />.
 
==Градба и геолошки состав==