Индија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 103:
Од 16 век, европските сили, како Португалија, Холандија, Франција и Велика Британија воспоставиле трговски врски, а подоцна ги искористиле внатрешните конфликти за воспоставувње на колонии во земјата. До 1856, поголемиот дел од Индија е под контрола на Британското источноиндиско друштво. Една година подоцна, се организира национално востание од побунетите воени единици и царства, познато како Првата војна за независност на Индија или бунтот Сепој, кој сериозно ја предизвикал контролата на Друштвото, но на крајот бил неуспешен. Како резултат на нестабилноста, Индија била ставена под директна власт на британската круна.
 
=== Современа Индија ===
Во 20 век, започна национална борба за независност од страна на Индискиот национален конгрес (ИНК) и други политички организации. Неколку радикални индискиот револуционери, како што се Субхаш Чандра Босе и Бхагат Синг, го предводеле вооружениот бунт против британскиот Раџ . Меѓутоа, дефинирачки аспект на Индиското движење за независност бил ненасилниот отпор предводен од Махатма Ганди и ИНК. Под водство на Ганди, милиони Индијци учествувале во граѓанската непослушност „Напуштете ја Индија“, движење против Британскиот Раџ.
Во септември 1939 година, Индија и објавува војна на Германија и во екот на Втората светска војна, повеќе од 2,5 милиони индиски војници се бореле против силите на Оската. Индиската армија претставувала еден од најголемите контингенти во сојузнички сили кои учествувале во борбите во Северна и Источна Африка, Западната пустина и италијанската акција и одиграла клучна улога во запирањето на навлегувањето на силите на кралството Јапонија на фронтот во југоисточна Азија. Сепак, некои индиски националисти соработувале со силите на Оската за соборување на британскиот Раџ. Индиската национална армија (ИНА), предводена од Бозе, создала коалиција со силите на Оската и водела неуспешна воена акција против британската Индија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Индија