Милтон Манаки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+текст
+текст
Ред 41:
Милтон имал природна дарба за комуникација со луѓето, имал голем круг на пријатели, често седел во кафеаните да игра табла, но и често патувал. Во периодот од 1898 до 1904 година, забележано е дека посетил 41 населено место.<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, фотодокументи од 1-370.</ref> Активно учествувал во движењето за осознавање на Власите од асимилаторското влијание на Грчката патријаршиска црква, а според некои сознанија, членувал и во [[ВМРО|Внатрешната македонска револуционерна организација]], воспоставувајќи канал за пренос на оружје од [[Лариса]] до [[Битола]].<ref>Павле Константинов: „Браќа Манаки“, Млад борец, Скопје, 1982, стр. 36.</ref>
 
Во 1904 година се преселил во Битола заедно со брат му, бидејќи таму изградиле фотоателје на главната улица [[Широк Сокак]]. Во Битола за првпат видел кинопретстава, и автомобил по градските улици. Во 1906 година купил велосипед и се зачленил во велосипедскиот клуб „Спорт“.<ref> „Творештвото на браќата Манаки“, група автори, 1996, Скопје, стр. 33.</ref> Значајно место во неговиот живот заземаат неговите патувања во странство ([[Цариград]], [[Букурешт]], [[Солун]], и др.), при што воспоставувал контакти со високите власти. Особено значаен е престојот во Букурешт во 1906 година, кога заедно со брат му биле примени на аудиција кај романскиот крал [[Карол I]], зеле учество на големата фотографска изложба и добиле златен и сребрен медал.
Во 1904 година се преселил во Битола заедно со брат му, бидејќи таму изградиле фотоателје на главната улица [[Широк сокак]].
 
==Фотографска дејност==
Милтон бил фасциниран од фотографијата, за него тоа било можност да биде во постојан контакт со видни луѓе, за да ги фотографира или да им ги однесе готовите фотографии. За кратко време станал вистински мајстор на фотографијата. Паралелно со фотографијата, Манаки започнал да изучува и снимање со кинокамерата „Биоскоп 300“. Од посебно значење се нивните 450 фотографии и еден кусометражен филм снимени за време на [[Младотурската револуција]], 1908 и 1909 година, како и ангажманот за посетата на турскиот султан [[Мехмед Решад V]] во Битола, во 1911 година. За таа цел, Милтон
 
== Поврзано ==