Затемнување на Сонцето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 54:
 
===Геометрија===
[[File:Geometry of a Total Solar Eclipse mk.svg|thumb|300px|right|Геометрија на целосно затемнување на Сонцето (не во размер)]]Дијаграмите десно го покажуваат усогласувањето на Сонцето, Месечината и Земјата за време на затемнување на Сонцето. Темно сивиот регион помеѓу Месечината и Земјата е [[умбра|умбрата]], каде Сонцето е целосно замрачено од Месечината. Малата област каде умбрата ја допира површината на Земјата е место каде целосно затемнување може да се забележи. Поголемата сива област е [[пенумбра|пенумбрата]], во која делумно затемнување може да се забележи. Набљудувач во [[умбра#антумра|антумбрата]], областа на сенката надвор од умбрата, ќе види прстенесто затемнување.<ref>Mobberley, pp. 30–38</ref>
 
[[Орбита на Месечината|Орбитата на Месечината]] околу Земјата е наклонета под агол нешто повеќе од 5 степени кон рамнината на орбитата на Земјата околу Сонцето ([[Еклиптика|еклиптиката]]). Поради ова, за време на млада Месечина, Месечината обично ќе помине на север или на југ од Сонцето. Затемнување на Сонцето може да се јави само кога младата Месечина се појавува во близина на една од точките (познати како [[Орбитален јазол|јазли]]) каде орбитата на Месечината се вкрстува со еклиптиката.<ref name="Harrington">Harrington, pp. 4–5</ref>