Народна Република Кина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 148:
Освен географската положба и релјефот на [[клима]]та на [[Азија]] големо влијание имаат и [[монсун|монсунските]] [[ветар|ветрови]]. Во долините на големите реки се чувствуваат влијанијата од [[океан]]от длабоко во внатрешноста на копното, сè до [[Монголија]]. Поради тоа во југоисточниот дел на Кина има [[суптропска клима]] (1600 до 2000мм врнежи). А во северниот дел има ладна и сува [[континентална клима]]. Тука [[дожд|врнежите]] не достигнуваат 1000мм. Во северниот дел на Кина сушите се многу чести. Најмногу врнежи има во јужните краеви на Тибет поради [[лето|летните]] монсуни. Во западниот континентален дел на Кина [[зима|зимите]] на високите планини се долги и многу ладни, а летата се кратки и студени. Во југоисточното приморје на Кина [[тајфун]]ите често прават пустоши.
 
=== Води ===
Големата речна мрежа на Кина ја сочинуваат реките [[Јангцекјанг]] (која е трета река по должина во светот), [[Хоанг Хо]] (жолта река), [[Шијанг]], [[Соанг Хо]], [[Јианга]] и [[Амур]]. Во северниот дел на Кина речната мрежа е добро развиена, но во зима реките замрзнуваат. Во Jужна Кина, главна река е [[Сикјанг]] која со разгранета делта се влева во [[Јужнокинеско Море|Јужнокинеското Море]]. Пловни се реките во јужниот и во средниот дел на Кина. Постојат и пловни канали, од кои најпознат е Големиот Канал, долг 1.800 км и служи за наводнување. Со каналите се овозможува наводнување на 49,8 милиони хектари од [[земјоделство|земјоделските]] подрачја во Кина. Најголем број [[езеро|езера]] има во внатрешниот дел на Кина.