Славиште: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
==Природно-географски и релјефни одлики==
[[File:ЕкспедицијаРанковце76.jpg|thumb|mini|left|Глетка од рамнината на Славиште во јужниот раб на подножјето на [[Осогово]]]]
Котлината Славиште се наоѓа во крајниот североисточен дел на [[Македонија]]<ref name="Енциклопедија">{{наведена енциклопедија|last=Андоновски|first=Томе|editors=Блаже Ристовски|title=Славишка Котлина|encyclopedia=Македонска енциклопедија|publisher=МАНУ|location=Скопје|year=2009|volume=2|pages=1377|isbn=978-608-203-024-1 (2)|language=македонски}}</ref>. Наоѓајќи се во изворишниот и средишниот тек од сливното подрачје на [[Крива Река]], котлината е како вметната творба помеѓу [[Осоговски Планини|Осоговските Планини]] на југ и планината [[Герман (планина)|Герман]] на север<ref name="Енциклопедија" />. Поточно, Славиште е котлина спуштена во старата родопска релјефна маса, издолжена во главно во правец исток-запад<ref name="Јован Трифуноски">{{наведена книга|last=Трифуноски|first=Јован|authorlink=Јован Трифуноски|title=Кривопаланачка област|year=1976|publisher=ХАЗУ|location=Загреб|language=српскохрватски|pages=298–301}}</ref>. Вкупната површина изнесува 786 км<sup>2</sup>, а само 7000 хектари е рамничарско земјиште<ref name="Енциклопедија" />. Котлината е формирана по тектонски пат во текот на терциерот<ref name="Енциклопедија" />. Рамката на котлината е ограничена со раседи<ref name="Енциклопедија" />. Основна одлика на релјефот на Славишката Котлина се големите висински разлики помеѓу котлинското дно и речните долини од една страна и планинските врвови со кои е ограничена областа, од друга страна. Додека најинската точка кај селото [[Крилатица]] изнесува 415 метри, највисоките врвови на околните планини Герман, Девебаир и Осогово се издигнуваат од 1580 до 2252 метри, при што висинската разлика помеѓу најниската и највисоката точка изнесува 1837 метри<ref name="Јован Трифуноски" />. Според записите на [[Ѓорче Петров]] во книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]] од долината на реката [[Пчиња]] во Кумановско по ½ час движење низ една карпеста теснина се влегува во една крива и долгнавеста долина, која е всушност Паланечкото Поле<ref name="Ѓорче Петров" />. Паланечкото Поле го сочинува закосеното подножје на паланечкиот Козјак<ref name="Ѓорче Петров" />. Тоа е широко ½ - ¾ часа и долго 2 часа<ref name="Ѓорче Петров" />. Завршува на југ со зелената долина во подножјето на Лисец, низ којашто протекува Крива Река<ref name="Ѓорче Петров" />. Паланечкото Поле е мала котлина односно е многу мало и има облик на триаоглник чиишто агли се: Чифте-хани, [[Ветуница]] и [[Гулинци]]<ref name="Ѓорче Петров" />. Во горниот крај, полето преку две ќошиња се задава на југоисток во [[Осогово]] преку долот на [[Дурачка Река]] и на североисток по [[Крива Река]] во аголот меѓу Козјак и Деве Баир<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|editor=превод: Марио Шаревски|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|edition=2016|year=1896|pages = 150|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Иако е со песокливо-глинеста почва, којашто е со слаб принос, ова поле е доста обработено. Славишкото Поле е исполнето со плиоценски езерски седименти<ref name="Енциклопедија" />. Во плиоценските седименти во атарите на селата [[Ранковце]], [[Гиновци]] и др. се јавуваат дебели пластови на бетонитски глини<ref name="Енциклопедија" />.
===Граници===