Јордан Грабулоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q1090724 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Бил директор на Училиштето за применета уметност во Скопје, претседател на ДЛУМ, член на ликовната група «Денес», дописен член на МАНУ од 1981 година.
Учествувал на повеќе изложби во земјата и во странство.
Самостојно излагал во Скопје (1966, 1970, 1986, 1988 — ретроспектива), Охрид (1961), Париз (1985), а групно во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Париз, Лондон, Виена, Атина, Венеција, Каиро, Сиудадг. Мексико и др.
Почетоците на неговото уметничко творештво датираат уште од гимназиските денови во Прилеп, зашто тој бил еден од талентираните младинци во последната група што Велебит Рендиќ ги открил меѓу своите ученици во прилепската гимназија и што ги подучувал во ателјето на ликовната секција, кое работело и по забраната на Уметничкото здружение, на две години пред почетокот на Втората светска војна. Во тој период Грабулоски бил соученик и се дружел со Димче Маркоски, со кого заедно цртале пејзажи низ Прилеп.
Од тогаш зачувани се доста негови дела: седум цртежи, пет пејзажи — три со молив, два со креда, еден автопортрет со молив, «Глава на младинец» со креда, потоа, од двете страни на еден картон, два пејзажи во пастел, две скулптури во непечена глина — «Глава на селанец» и «Жена со стомни».