Капали чаршија (Истанбул): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
== Намена ==
 
Во внатрешните делови од чаријата се продавале поценети стоки како бижутерија, оружје и кристал. Сандал пазар бил центар за трговијата со свила, на Пабучулар пазар се продавале обувки. [[Турци]]те традиционално купувале жолти обувки, грците сини, евреите црни а ерменците црвени. Портите на чаршијата биле чувани од обезбедување. За влез во објектот во вечерните часови требало посебна дозвола од властите. Единствената ноќ во која пазарот бил отворен била во времето на празнувањето во чест на враќањето на султанот [[Абдул Азис]] од [[Египет]]<ref name=gul50/>.
Тој е познат по место каде што се продава најмногу [[накит]], [[керамика]], [[зачин]], теписи и.т.н. Многу од тезгите во чаршијата се групирани според видот на стоката, со одредени области за кожени палта, златен накит и слично.
 
И покрај преземените мерки, во чаршијата често се случувале кражби. Најголема била онаа од [[1591]] година кога 30.000 златни монети биле открадени<ref name=gul61>Gülersoy (1980) p. 61</ref>. Овој настан го потресил целиот град, што од властите било наредено чаршијата да остане затворена за две недели, а луѓето биле измачувани додека не бидат најдени парите кои биле скриени под рогозините на подот. За обвинет бил еден млад персиец, а султанот [[Мурад III]] пројавил милост и заповедал обвинетиот да биде егзекутиран преку бесење, а не преку мачење<ref name=gul62>Gülersoy (1980) p. 62</ref>.
Објектот сам по себе претставува самостојно мало градче и еден од најголемите трговски центри во светот, не само поради големата му плоштина туку и поради големиот број на магазини и трговци. Комплексот претставува огромен лавиринт кој зазима површина од 30.700 квадратни метри, со над 80 улици. Во Капали Чаршија има околу 4.000 продавници, 5 џамии, 1 училиште, 7 чешми, 10 кладенеци, 1 протечна вода, 1 себил, 22 порти и.т.н. Во двата најстари безистени, денеска се продаваат персиски килими. Уште на самиот влез на Сандал безистен се наоѓа битпазар, каде се продаваат стоки главно со втора употреба.
 
Чаршијата работи секој ден во неделата. Во чаршијата се вработени околу 36 илјади луѓе а во текот на летниот период се претпоставува дека бројот на посетителите е околу 500.000 луѓе на ден а додека во зимскиот околу 300.000.
 
== Галерија ==