Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
 
==Толкувања и дефиниции==
[[File:Хартленд и Римленд.jpg|thumb|300px|десно|Картата на светот врз основа на основите геополитички концепти за „Хартленд“„хартленд“ (јадро-стожер) и „Римленд“„римленд“ (обрач)]]
Под поимот геополитика во американската литература се подразбира општествена научна дисциплина, која се занимава со проучување на ефективноста на етничките, демографските и економските аспекти врз политиката на државата<ref name="Милески" />. Според бугарскиот професор Карастојанов, геополитиката претставува додаток на природните, економските, социјалните и демографските особености на државата во креирањето на нејзината политика<ref name="Милески" />. Според „Социолошкиот терминолошки речник“ на [[МАНУ]], геополитиката се дефинира како научна дисциплина која истакнува дека земјата на која живее еден народ или на која е организирана државата има пресудна улога во организирањето на политичкиот облик на општеството и водењето на државната политика<ref name="Милески" />. Професорот на Универзитетот во Портланд, Ладис Д. Кристоф, дава дефиниција за геополитиката како проучување на политичките феномени во: 1) нивните просторни односи и 2) нивните врски во однос на зависноста и влијанието на Земјата, како што се сите оние културни фактори кои го сочинуваат предметот на проучување на хуманата географија (антропогеографија) во широка смисла на зборот<ref name="Kristof, K.D.">{{наведено списание|last=Kristof, K.D.|first=Ladis|year=1960|title=The Origins and Evolution of Geopolitics|journal=The Journal of Conflict Resolution|publisher=Sage Publications|volume=1|issue=4|page=34|issn=0022-0027|language=англиски}}</ref>. Понатаму, тој ја поедноставува дефиницијата на геополитиката како политика која е интерпетирана географски или анализирана од и врз основа на нејзиниот географски контекст<ref name="Kristof, K.D." />. Прецизна дефиниција на предметот на геополитиката дава и проф. Мартин Гласнер кој смета дека геополитиката е изучување на државите во контекст на глобалните просторни феномени во обид да се разбере основата на моќта на државите и интеракцијата на државите во светските и меѓународните односи<ref name="Glassner">{{наведена книга|last1=Glassner|first1=Martin|last2=Fahrer|first2=Chuck|title=Political Geography|series=3rd|year=2004|publisher=Wiley|location=Hoboken|language=англиски}}</ref>. На ова сфаќање се надоврзува и дефиницијата која смета дека геополитиката е прочување на односите помеѓу политичкото дејствување и географскиот простор во меѓународните односи. Доста поедноставена дефиниција на тоа што е геополитика дава и еден од најновите правци на критичката геополитика кој смета дека геополитиката може да се опише како теорија за решавање на проблемите и практика на владеење во одреден простор<ref name="Милески" />.
 
Ред 21:
 
===Телурократија - правласт на копното===
Врз основа на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на копното е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''телурократија'' '''. Името телурократија потекнува од [[Латински јазик|латинскиот]] збор ''telus'' со значење на ''копно'' или ''земја'' [[Грчки јазик|грчкиот]] збор ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на копното'' или цивилзација заснована на копнената моќ. Самиот правец на геополитичко мислење се заснова на човековиот начин на живот на копното и неговата важност за човековиот опстанок. Низ вековите па сѐ до денес се задржало извонредното стратешко значење на поседот на територија кое ги подразбира можностите за (земјоделско) производство на храна при што обезбедувањето на храна значело и независност, а од [[Индустриска револуција|Индустриската револуција]] во XVIII век па до денес значењето и важност на копнените поседи се зголемило и со можноста за искористување на природните суровини и ресурси како рудите, нафата, природниот гас. Во два наврати силите на копното го доминирале светот, а тоа се: ''ерата на коњичко јавачка подвижност'' кога познатото [[Монголско царство]] на чело со [[Џингис Хан]] го завладеало најголемиот дел од евроазиското копно, а потоа ''ерата на трансконтиненталните железници'' кога [[Руска империја|Руската империја]] ја завладеала [[Евроазија]]. Токму појавата и изградбата на трансконтиненталните железници и можноста преку нив за брзо време да се пренесат голем број на војници, воена опрема т.е. војска и суровини и непосредната опасност кон [[Британија|британските]] колонијални поседи во [[Индија]] и [[Блискиот Исток]] од руската транссибирска и предложената германска железница [[Берлин]] - [[Багдад]] влијаеле за официјалната појава на геополитиката како дисциплина преку концептот за Хартледхартлед на Џон Халфорд Макиндер. Најпознати телурократски големи сили односно империи базирани на копнената моќ и поседи во минатото и денес се: [[Русија]], [[Германија]], [[Кина]].
[[File:Панрегионална доктрина-Хаусхофер.jpg|thumb|300px|лево|Поделба на светот според Доктрината на Пан-Региони на Карл Хаусхофер]]
Во рамки на телурократската геополитичка мисла на почетокот и во првата половина на XIX век се развила познатата ''германска школа на геополитика'' која се засновала на детерминизмот и социјалниот дарвинизам. Зачетник на оваа школа бил Фридрих Ратцел кој прв го воспоставил гледиштето за споредба и аналогија на државата со ''жив организам'' кој како и човекот за да опстане мора да расте и да се развива преку територијално проширување на ''животниот простор'' (герм. ''Lebensraum'') непоходен за опстанок на државата и за напредок на луѓето. Ратцел дури изнесол и седум закони за растежот на државата, а самата органска теорија за државата како живо битие е надополнета од страна на Рудолф Кјелен кој тврдел дека државата е организам составен од пет органи при што го создал и терминот геополитика<ref name="Sharevski" />. Како најзначаен претставник заедно со Ратцел, во рамки на оваа учење се истакнал германскиот генерал Карл Хаусхофер кој сметајќи ја државата зе жив организам и повикувајќи се на сфаќањата за еластичноста на границите (поттикнати од американските мислители Махан и Тејлор) го воспоставил мислењето дека секоја држава има право на воспоставување на природни граници поради неопходната потреба да расте и зајакнува со тоа што територијално ќе се проширува, во спротивност пак и се заканува одумирање<ref name="Хаусхофер" />. Според неговото сфаќање еластичноста и проширувањето на границите не мора да се заснова на географските белези и одлики, туку врз повеќестраниот пристап на човечкиот фактор како етно-националната припадност, јазикот, културата. Во однос на концептуализацијата на светот, Хаусхофер ја воспоставил ''Доктрината на Пан-Региони'' во која светот е поделен на 4 големи пан-региони: Пан-Америка предводен од [[САД]], Евроафрика предводен од [[Германија]], Пан-Русија предводен од [[Русија]] и Азиска зона на ко-просперитет предводена од [[Јапонија]], кои на основа на суровините и ресурсите се стремат кон ''самодоволност'' односно ''автархија'' како главна цел<ref name="Хаусхофер" />. Според неговото сфаќање само на овој начин преку поделба на 4 големи светски региони кои се предводени од економско-технолошки и воено најсилните држави неминовно ќе се воспостави рамнотежата и стабилноста за долготраен мир во светот<ref name="Хаусхофер" />. Според некои истражувачи, геополитичкиот поредок на моќта во светот во седумдесетите години на ХХ век, била најблиска до оваа замисла на Хаусхофер. Воедно, како најголем непријател на германското империјално проширување и доминација со светот Хаусхофер ја гледал [[Велика Британија]], а сметал дека треба да се остварува соработка со [[Русија]]. Како најзначаен концепт во однос на делувањето и проширувањето на државите Хаусхофер и оваа школа ја сметале ''моќта на волјата'' односно мотивацијата и решителноста на народите и нивните водства. На основа на учењата и концептите за животниот простор ''Lebensraum'' и еластичноста на границите [[нацистичка Германија]] ја изградила својата политичка и воена доктрина, иако самите творци на овие концепти никогаш не повикувале на злосторства против човештвото какви што биле сторени од Третиот Рајх за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Во денешно време најпозната и најактуелна геополитичка телурократска школа е руското ''Евроазијство'' или континентализмот претставени и застапувани од Александар Дугин.
====Хартленд (стожер)====
[[File:Heartland-Mackinder-map.jpg|thumb|мини|300px|Географска мапа со првичната концептуализација на просторот на Хартленд (јадро, срцевина) на светот направена од Халфорд Џон Макиндер во 1904]]
Концептот и поимот ''Хартлендхартленд'' е создаден од британскиот учен, географ и политичар сер Џон Халфорд Макиндер. Според суштината на неговата смисла и значење овој концепт првенствено може да се преведе и разбере како ''' ''срцевина'' ''', ''' ''јадро'' ''' или ''' ''стожер'' ''' во и на просторот. Во неговиот концепт поттикнат од британските империјалистички интереси Хартлендхартленд првично претставен во 1904 како стожерна област - ''Pivot Area'', е географски сместен во длабоката внатрешност на [[Евроазија]]<ref name="Cohen">{{наведена книга|last=Cohen|first=Saul|title= Geopolitics of the World System|year=2003|publisher= Rowman & Littlefield Publishers|location=Lanham|pages=13–16}}</ref>, во непристапните копнени предели од каде што е лесно достапно за напад секое место на „Светскиот Остров“ така што со можноста за лесно одбивање на поморските сили како неминовна последица од поседот на оваа област произлегува светска доминација<ref name="Шаревски">{{наведено списание|last=Шаревски|first=Марио|coauthors=Милески Тони|year=2014|title=Концептуализација на политичката карта на Балканот|journal=Безбедносни дијалози|publisher=Филозофски факултет|volume=1|issue=5|pages=45–63|issn=1857-7172|url=http://sd.fzf.ukim.edu.mk/pdf/SD%20Vol.5_No.1%202014%20PDF_so%20korici.pdf|language=македонски}}</ref>. Од гледна точка на Макиндер, Хартлендхартленд именуван и како „светска тврдина“ е првично подрачје на подвижност (мобилност) на копнените сили, непристапно за поморските сили <ref name="Jones" />. Во тоа време како главна поморска сила во светот доминирала [[Велика Британија]], па оттаму геополитичката замисла за Хартлендхартленд на Макиндер била во контекст на јакнењето на начините за копнена подвижност кои се повеќе влијаеле за зголемување на моќта на британските соперници – копнено заснованите имеприи и големи сили како [[Русија]] и [[Германија]]<ref name="Шаревски" />. Земајќи ги предвид актуелните збиднувања и настани во своето време, Макиндер ќе го надополни, преосмисли и ревидира својот концепт за Хартлендхартленд на два пати. Еднаш во 1919 година, проширувајќи ги границите на областа сметана за Хартлендхартленд вклучувајќи ги областите на [[Источна Европа]] од литоралот на Балтичкото до Црното Море како најважен дел во неговата значајна изрека за контролата на светскиот остров и доминација со светот<ref name="Шаревски" />:
<blockquote>
''Кој владее со Источна Европа ја контролира срцевината (Хартлендхартленд); Кој владее со оваа средишна област го контролира светскиот остров; Кој владее со светскиот остров господари со светот''<ref name="Mackinder">{{наведена книга|last=Mackinder|first=Halford John|title=Democratic Ideals and Realities|year=1919|publisher=H.Holt|location=Лондон|language=англиски|page=106}}</ref>.
</blockquote>
 
Следната измена на концептот била направена во 1943 година, кога покрај повторна промена на границите (исфрлување на средишните и источните делови на Сибир – т.н. Леналенд) била главно насочена кон промена на теоретското значење на самиот концепт. Имено, во оваа ревизија Макиндер го променил суштинското значење на концепцијата на Хартлендхартленд од арена на подвижност (област на мобилност на копнените сили) во средиште („тврдина“) на моќ заснована луѓе, ресурси, суровини, внатрешни сообраќајни-комуникациски линии и јадро на индустриската инфраструктура<ref name="Cohen" />. Поради ваквата промена на значењето на концептот настанало распространување на употребата на поимот Хартлендхартленд за повеќе различни делови во светот, што придонело до тоа термниот да се дефинира повеќе од аспект на тоа што е отколку каде се наоѓа <ref name="Jones">{{наведено списание|last=Jones|first=Stephen|year=1955|title=Global Strategic Views|journal=Geographical Review|publisher=American Geographical Society|volume=4|issue=45|pages=492–508|doi=10.2307/211614|url=http://www.jstor.org/stable/211614|language=англиски}}</ref>. Ова всушност значи дека употребата на концептот Хартлендхартленд во двете значења, како јадро на копнените сили во смисла на област каде што подвижноста е олеснета и место од каде што може лесно и едноставно да бидат нападнати сите останати поврзани места или како јадро на моќта засновано на човечките, природните и индустриските ресурси во комбинација со поволната географска положба и услови, каде што и во двата случаи контролата на овие подрачја овозможува изгледи за доминација – може да биде применета насекаде во светот како на глобално така и на регионално ниво<ref name="Шаревски" />. Несомнено, ова е најзначајниот геополитички концепт кој всушност претставува и основа на геополитиката сам по себе со што воедно се одржува со својата релевантност сѐ до денешни дни.
 
===Таласократија - превласт на морето===
Ред 38:
Идеен творец на поморската геополитичка и геостратешка е американскиот адмирал, геостратег и историчар на војните и морепловството Алфред Тајер Махан, кој повикувајќи се на англискиот пример на превласт и доминација заснована на поморската надмоќ и империја повикувал за прекинување на американската политика на изолационизам и нејзино стапување на глобалната сцена како светска сила преку изградба на силна морнарица и контрола на важните поморски точки како теснеци и протоци низ кои поминуваат главните и најзначајни поморски трговски линии т.н. ''тесни грла'' (анг. ''chokepoints''). Во своето најпознато дело „Влијанието на поморската сила врз историјата“ (1890), Махан наведува шест основни фактори кои влијаат на развојот на поморската моќ: географската положба, физичка структура и конфигурација на бреговите, големината на територијата, бројот на населението, националниот карактер, како и карактерот на државната власт во смисла на политичкиот систем, сфаќањата и гледиштата на политичкото водство<ref name="Jones" />. Тој предложил дека САД треба изградат своја флота и поморски бази паралелно на британските од [[Куба]] и [[Панама]] во [[Атлантски Океан|Атлантскиот]] до [[Хаваи]]те и [[Филипини]]те во [[Тихи Океан|Тихиот Океан]]<ref name="Милески" />. Согледувајќи го искуството од британската империјална доминација во светот Махан заклучил дека поморската надмоќ е клучна за проектирањето на моќ во светот и е тесно поврзана со економската ефикасност и можноста за пловидба, трговија и блокада на останатите европски и светски држави (преку контрола на стратешките точки - ''теснеци'' низ кои минуваат линиите на поморски транспорт) при што сето тоа неминовно води кон можност за превласт во светот. На основа на овие гледишта преку концептот за проекција на моќ со подоцнежниот технолошкиот развој се развиени и геополитиката на воздушниот и вселенскиот простор. Изнесената идеа на Махан за стапување на [[САД]] како голема сила на глобалната сцена е всушност и темелната основа на сите современи геополитички гледишта за САД како светска суперсила и хегемон, од кои најпознати се оние на Хенри Кисинџер и особено на Збигњев Бжежински. Следејќи ги гледиштата на Кисинџер за геостратешкото тројство на односите на [[САД]] со [[Кина]], [[Европа]] и [[Русија]] односно [[Евроазија|евроазиското копно]], Бжежински го објавил своето значајно дело насловено „Големата шаховска табла: Американскиот приматот и неговите геостратешки императиви“ (1998), каде што опишувајќи го американскиот триумф во [[Студената војна]] во смисла на контрола над [[Евроазија]], го дал заклучокот дека за прв пат во историјата, "не-евроазиска" сила се појавила како главен арбитер на односите на моќ во [[Евроазија]]<ref name="Бжежински">{{наведена книга|last=Brzezinski|first=Zbignew |title=Тhe Grand Chessboard: American Primacy and Its Geostrategic Imperatives|year=1997|publisher=Perseus Books|location=New York|language=англиски|pages=30–31}}</ref>. Самата книга ја истакнува неговата цел: "формулацијата на сеопфатен и интегриран евроазиска геостратегија“<ref name="Бжежински" />, за светско водство на [[САД]]. Ваквата евроазиска стратегија е неопходна ако се имаат предвид согледувањата на Макиндер и Спајкмен, потврдени и од Бжежински, Евроазија е мегаконтинент чија што кумулативна (збирна) моќ неколкукратно ја засенува американската<ref name="Бжежински" />. Актуелната американската доминација во светски рамки, особено изразена во бројните воени интервенции по завршетокот на Студената војна во деведесетите години на ХХ век и почетокот на XIX век, се заснова на поморската моќ, односно на бројните поморски бази на [[САД]] во светските океани и мориња кои можат да опслужуваат носачи на авиони и воена опрема. Имајќи го ова во предвид, со цел да бидат важни релевантни сили во светот и [[Русија]], [[Кина]] и [[Индија]] засилено ги градат, зајакнуваат и модерницизираат своите воени морнарички флоти.
====Римленд (обрач)====
[[File:Spykman's Rimland-map.jpg|thumb|300px|десно|Приказ на концепот наза Римлендримленд на картата на светот]]
Друг многу влијателни геополитички концепт во однос на контрола на одредени географски просторна површина со цел да се владее и доминираа во светот е теоријата на Rimland, создадена од страна на американскиот професор по меѓународни односи Николас Спајкмен. Концептот на бил инспириран и развиен во тесна врска и како одговор на Макиндеровиот концепт за стожерна централна област - Хартлендхартленд, клучна за доминација на светот<ref name="Sharevski">{{наведена книга|last=Sharevski|first=Mario|authorlink=корисник:Македонец|title=The Balkans after 1991 through the prism of geopolitics|url=https://is.cuni.cz/webapps/zzp/detail/135325/?lang=en|edition=магистерска теза|year=2014|publisher=Карлов Универзитет|location=Прага|page=26}}</ref>. Според суштината на неговата смисла и значење овој концепт првенствено може да се преведе и разбере како ''' ''обрач'' ''' околу просторот на ''Хартлендхартленд'' (јадрото) кој овозможува негово сопирање, блокада и рамнотежа на силите. Општата дефиниција на концептот наза Римлендримленд може да биде сфатена како подрајче на поморска достапни земји што го опкружуваат Хартлендхартленд - светското копнено јадро, овозможувајќи можности да се задржи и блокира моќта на оваа стожерна средишна област и на тој начин да се овозможи на доминација во одреден регион и светот<ref name="Sharevski" />. Спајкмен смета дека евроазиските крајбрежни области вклучувајќи приморска [[Европа]], [[Блиски Исток|Блискиот Исток]], [[Индија]], [[Југоисточна Азија]] и [[Кина]] го претставуваат клучот за контрола на светот поради бројноста и одликите на нивното население, нивните богати ресурси и употребата на внатрешни морски линии<ref name="Sharevski" />. Значењето на приморските или маритимни области произлегува од отворениот пристап до сите трговски патишта<ref name="Шаревски" />. Големото геостратешко значење за поседување на оваа област е изрази со зборовите на Спајкмен парафразирајќи ја мислата на Макиндер:
<blockquote>
''Кој го контролира Римланд, тој управува со Евроазија; Кој управува со Евроазија, тој ја определува судбината на светот.''<ref name="Шаревски" />
</blockquote>
Оваа област е ранлива на моќта на двете поморски и копнени сили и таа мора да биде управувана од страна на двата типа на сили за опстанок<ref name="Sharevski" />. Римленд што всушност е внатрешната или погранична полумесечина од концептот на Макиндер и според географската положба околу централна област и достапност за поморски сили е од клучно значење за сопирањето и задржувањето на силите кои ја контролнираат областа на стожерот - Хартлендхартленд<ref name="Sharevski" />. Во тој контекст, со поседување на географската област идентификуван како Rimland е првенствено во однос на блокирање на проширувањето на власт (и) контролирање на внатрешност. Слично како Макиндер, во осмислувањето на концептот на Римлендримленд, Спајкмен промовира две географски величини во светската политика и тоа Стар и Нов Свет<ref name="Шаревски" />. Првиот го сочинуваат [[Евроазија]], [[Африка]], [[Австралија]] и помалите острови кои се наоѓаат во близина на споменатите континенти, додека вториот или Новиот Свет го сочинуваат Америка и западната хемисфера. Двата света, според Спајкман се испреплетуваат еден со друг преку Атлантскиот и Тихиот Океан<ref name="Шаревски" />. Основна карактеристика на Новиот Свет е неговата хегемонистичка суштина под влијание на [[САД]], додека Стариот Свет е разделен и во него недостасува доминирањето на една сила. И покрај бројните разумни и валидни критики за фрагментација во поглед на одликите физичко-географските и човечкиот фактор во опфатените региони, што ја правата на контролата на овие подрајчја невозможна, предностите на концептот на Римлендримленд биле применети и искористи во американската политика на задржување на ширењето на [[СССР]] и комунизмот во раните фази на Студената војна преку создавањето на воено-политичките сојузи како [[НАТО]], ЦЕНТО, СЕАТО кои географски го опкружувале тогашниот свет на комунистички држави составен од [[СССР]], [[Кина]] и др.<ref name="Шаревски" />.
 
===Геополитика на воздушниот простор===
Ред 77:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Геополитика| ]]
[[Категорија:Меѓународни односи]]