Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
Врз основа на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на копното е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''телурократија'' '''. Името телурократија потекнува од [[Латински јазик|латинскиот]] збор ''telus'' со значење на ''копно'' или ''земја'' [[Грчки јазик|грчкиот]] збор ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на копното'' или цивилзација заснована на копнената моќ. Самиот правец на геополитичко мислење се заснова на човековиот начин на живот на копното и неговата важност за човековиот опстанок. Низ вековите па сѐ до денес се задржало извонредното стратешко значење на поседот на територија кое ги подразбира можностите за (земјоделско) производство на храна при што обезбедувањето на храна значело и независност, а од [[Индустриска револуција|Индустриската револуција]] во XVIII век па до денес значењето и важност на копнените поседи се зголемило и со можноста за искористување на природните суровини и ресурси како рудите, нафата, природниот гас. Во два наврати силите на копното го доминирале светот, а тоа се: ''ерата на коњичко јавачка подвижност'' кога познатото [[Монголско царство]] на чело со [[Џингис Хан]] го завладеало најголемиот дел од евроазиското копно, а потоа ''ерата на трансконтиненталните железници'' кога [[Руска империја|Руската империја]] ја завладеала [[Евроазија]]. Токму појавата и изградбата на трансконтиненталните железници и можноста преку нив за брзо време да се пренесат голем број на војници, воена опрема т.е. војска и суровини и непосредната опасност кон [[Британија|британските]] колонијални поседи во [[Индија]] и [[Блискиот Исток]] од руската транссибирска и предложената германска железница [[Берлин]] - [[Багдад]] влијаеле за официјалната појава на геополитиката како дисциплина преку концептот за Хартлед на Џон Халфорд Макиндер. Најпознати телурократски големи сили односно империи базирани на копнената моќ и поседи во минатото и денес се: [[Русија]], [[Германија]], [[Кина]].
[[File:Панрегионална доктрина-Хаусхофер.jpg|thumb|300px|лево|Поделба на светот според Доктрината на Пан-Региони на Карл Хаусхофер]]
Во рамки на телурократската геополитичка мисла на почетокот и во првата половина на XIX век се развила познатата ''германска школа на геополитика'' која се засновала на детерминизмот и социјалниот дарвинизам. Зачетник на оваа школа бил Фридрих Ратцел кој прв го воспоставил гледиштето за споредба и аналогија на државата со ''жив организам'' кој како и човекот за да опстане мора да расте и да се развива преку територијално проширување на ''животниот простор'' (герм. ''Lebensraum'') непоходен за опстанок на државата и за напредок на луѓето. Ратцел дури изнесол и седум закони за растежот на државата, а самата органска теорија за државата како живо битие е надополнета од страна на Рудолф Кјелен кој тврдел дека државата е организам составен од пет органи при што го создал и терминот геополитика<ref name="Sharevski" />. Како најзначаен претставник заедно со Ратцел, во рамки на оваа учење се истакнал германскиот генерал Карл Хаусхофер кој сметајќи ја државата зе жив организам и повикувајќи се на сфаќањата за еластичноста на границите (поттикнати од американските мислители Махан и Тејлор) го воспоставил мислењето дека секоја држава има право на воспоставување на природни граници поради неопходната потреба да расте и зајакнува со тоа што територијално ќе се проширува, во спротивност пак и се заканува одумирање<ref name="Хаусхофер" />. Според неговото сфаќање еластичноста и проширувањето на границите не мора да се заснова на географските белези и одлики, туку врз повеќестраниот пристап на човечкиот фактор како етно-националната припадност, јазикот, културата. Во однос на концептуализацијата на светот, Хаусхофер ја воспоставил ''Доктрината на Пан-Региони'' во која светот е поделен на 4 големи пан-региони: Пан-Америка предводен од [[САД]], Евроафрика предводен од [[Германија]], Пан-Русија предводен од [[Русија]] и Азиска зона на ко-просперитет предводена од [[Јапонија]], кои на основа на суровините и ресурсите се стремат кон ''самодоволност'' односно ''автархија'' како главна цел<ref name="Хаусхофер" />. Според неговото сфаќање само на овој начин преку поделба на 4 големи светски региони кои се предводени од економско-технолошки и воено најсилните држави неминовно ќе се воспостави рамнотежата и стабилноста за долготраен мир во светот<ref name="Хаусхофер" />. Според некои истражувачи, геополитичкиот поредок на моќта во светот во седумдесетите години на ХХ век, била најблиска до оваа замисла на Хаусхофер. Воедно, како најголем непријател на германското империјално проширување и доминација со светот Хаусхофер ја гледал [[Велика Британија]], а сметал дека треба да се остварува соработка со [[Русија]]. Како најзначаен концепт во однос на делувањето и проширувањето на државите Хаусхофер и оваа школа ја сметале ''моќта на волјата'' односно мотивацијата и решителноста на народите и нивните водства. На основа на учењата и концептите за животниот простор ''Lebensraum'' и еластичноста на границите [[нацистичка Германија]] ја изградила својата политичка и воена доктрина, иако самите творци на овие концепти никогаш не повикувале на злосторства против човештвото какви што биле сторени од Третиот Рајх за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Во денешно време најпозната и најактуелна геополитичка телурократска школа е руското ''Евроазијство'' или континентализмот претставени и застапувани од Александар Дугин.
====Хартленд (стожер)====
[[File:Heartland-Mackinder-map.jpg|thumb|мини|300px|Географска мапа со првичната концептуализација на просторот на Хартленд (јадро, срцевина) на светот направена од Халфорд Џон Макиндер во 1904]]