Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Како прва теорија во рамките на геополитиката се смета концептот за Хартленд или „срцевината на светот“ изнесена од британскиот географ [[Џон Мекиндер]] во [[1904]] година<ref>[http://geography.about.com/library/misc/blmackinder.htm Mackinder's Heartland Theory (на англиски јазик)]</ref>. Според оваа теорија на Мекиндер „срцето на светот“ (анг. heartland) се наоѓа во Источна Европа и оној кој командува со него владее со „светскиот остров“ - Евроазија, што значи дека тој владее и со светот. Врз основа на оваа теорија се развиваат двата главни правци во геополитиката: ''телурократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Копното''“ од која до денес произлегуваат правците и доктрините на континентализмот, евроазијството и ''таласократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Морето''“ од која пак излегува правецот и доктрината на (евро)атлантизмот.
[[File:Halford-Mackinder.jpg|thumb|180px|лево|Халфорд Џон Макиндер, творец на основниот концепт на ''Хартленд'' во геополитиката]]
Со сѐ поголемиот економски и техничко-технолошки развој и напредок на човештвото што се одразувал на јакнењето на државите и нивните војски се отворила потребата за проучување на значењето и стратешката важност и предности на физичкиот географски простор во однос на нивниот опстанок, раширување и доминација во светот. Поради сето тоа на почетокот на ХХ век постоел огромен интерес и постојан развој на геополитиката со геополитичкото и геостратешкото размислување. Во тој поглед предничел интересот на германските географи, генерали и истражувачки кои поведени од сфаќањето за државата како жив организам и потребата од нејзино територијално раширување на „животен простор“ заради опстанок ја развиле германската школа на геополитика на чија основа [[Нацистичка Германија]] и [[Адолф Хитлер]] ја изградиле својата државна, воена и надворешно политичка доктрина<ref name="Милески" />. Тоа повлијаело за многу негативни ставови кон геополитиката по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] поради што таа била речиси занемарена и скоро напуштена како дисциплина<ref name="Kristof, K.D." />. Со сѐ побрзиот информациско-технолошки развој во подоцната фаза на [[Студена војна|Студената војна]] и појавата на делата на [[Хенри Кисинџер]] и [[Збигњев Бжежински]], започнал повторниот интерес кон геополитиката но овој пат повеќе од научен пристап, со што таа е повторно вратена како дисциплина на научната и истражувачката сцена во светот. Глобализацијата и крајот на Студената војна изразен со новата борба за прераспределба на моќта во светот означија ново и сѐ поголемо актуелизирање и подем на интересот за геополитиката како научна, истражувачка и стратешко-државничка дисциплина во науката и меѓународните односи.
 
==Толкувања и дефиниции==
Ред 45:
===Геополитика на воздушниот простор===
[[File:Де-Северски - Геополитика на воздушниот простор.jpg|thumb|мини|лево|Мапа на рамнотежата на моќта помеѓу [[Америка]] и [[Евроазија]] заснована на контролата воздушниот простор, според Александар де Северски]]
Со зголемената динамика на развојот и напредокот на технологијата во почетокот на ХХ век се појавила нова фаза и концептуализација на геополитиката. Инспирирани од напредокот на користењето на воздухопловните сили, италијанскиот пилот Џулио Духет и американскиот пилот со руско потекло Александар де Северски ја засновуваат геополитиката на воздушниот простор<ref name="Шаревски" />. Врз основа на телурократските и таласократските начини на размислување за супериорноста на копнената и поморската моќ во однос на доминација во светот Де Северски изнесол тврдење за супериорност на воздухопловната моќ предлагајќи дотогаш невидено "глобално воздухопловно гледиште" во геополитиката<ref name="Шаревски" />. Тој верувал дека речиси целосна превласт на воздушниот простор и тоа не само локалнана илилокално ниво, како и привремена воздухопловна супериорност е можна<ref name="Jones" />. Според неговото мислење на положбата, конфигурација и азимуталнта еквидистантна проекција во центарот на картографски приказ на [[Северен Пол|Северниот Пол]] има клучно значење околу кое се судираат американските и советските воздухопловни сили. Додека поголемиот дел од воздушниот простор на доминација на [[САД]] се протега врз [[Централна Америка|Централна]] и [[Јужна Америка]], а [[СССР|советската]] доминација на воздушниот простор се протега врз [[Азија]] и [[супсахарска Африка]], целиот [[Северeн Пол]], [[Европа]], [[Евроазија]] и [[Северна Африка]] се во т.н. ''област на одлука'' во просторот на дострелот и опсегот на двете воздухопловни сили<ref name="Jones" />.
 
===Геополитика на вселенскиот простор - Астрополитика===