Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
 
===Таласократија - сили на морето===
Истоврмено во поглед на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на морето е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''таласократија'' '''. Името таласократија потекнува од [[Грчки јазик|грчките]] зборови ''thalassa'' со значење на ''море'' и ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на морето'' или цивилзација заснована на поморската моќ. Овој правец и концепција на геополитичко размислување се развило на основа на начинот на живот на морските крајбрежја каде што жителите - рибари, а потоа и морепловци и морнари, ја користеле предноста и поволноста да пловат преку водните пространства на големи далечини каде што имале можност да одземат ресурси со сила или пак да продаваат и купуваат производи на тој начин развивајќи ја трговијата и воедно во случаи на неуспех преку повлекување да ја избегнат опасноста од целосно уништување. На овој начин бил развиен концептот на ''проекција на моќ'' кој разбран како можност и способност на државите да војуваат, тргуваат и одржуваат власт преку огромни водни пространства и одалечени краишта во светот, бил од клучно значење во времето на т.н. Колумбовска или ''ератаера на морепловството'' (XV-XIX в.) кога биле откриени новите континенти и воспоставени колонијалните поседи на империите на [[Португалија]], [[Шпанија]], [[Велика Британија]], [[Холандија]], а потоа во ХХ век повторно се актуелизирала неговата извонредна стратешка важност со развојот на воздухопловството и вселенските летови. Најпознати таласократски големи сили односно империи базирани на поморската моќ и поседи во минатото и денес се: [[Велика Британија]], [[САД]], како и своевремено колонијалните империи на [[Шпанија]], [[Португалија]], [[Холандија]], [[Франција]] (со исклучок на времето на [[Наполеон Бонапарт]]).
 
Идеен творец на поморската геополитичка и геостратешка е американскиот адмирал, геостратег и историчар на војните и морепловството Алфред Тајер Махан, кој повикувајќи се на англискиот пример на превласт и доминација заснована на поморската надмоќ и империја повикувал за прекинување на американската политика на изолационизам и воспоставување на светска доминација преку изградба на силна морнарица и контрола на важните поморски точки како теснеци и протоци.
====Римленд (обрач)====
[[File:Spykman's Rimland-map.jpg|thumb|300px|десно|Приказ на концепот на Римленд на картата на светот]]