Простата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Infobox anatomy
[[Податотека:Male anatomy mk.svg|thumb|десно|450px|Пресек на просечен маж. Видлива е простатата.]]
| Name = Простата
| Latin = prostata
| GraySubject = 263
| GrayPage = 1251
| Image = Prostatelead.jpg
| Caption = Male Anatomy
| Width = 300
| Image2 =
| Caption2 =
| ImageMap =
| MapCaption =
| Precursor =
| System =
| Artery =
| Vein =
| Nerve =
| Lymph =
| MeshName = Prostate
| MeshNumber = A05.360.444.575
| Code =
| Dorlands = seven/000087175
| DorlandsID = Prostate
}}
 
'''Простатата''' е сексуална [[жлезда]] која е дел од [[Репродуктивен систем|репродуктивниот систем]] на мажите.
 
==Градба==
Кај возрасен маж, таа нормално е голема како [[орев]] или [[костен]]. Простатата е сместена под [[Мочен меур|мочниот меур]], на основата на [[пенис|машкиот половен орган]] и непосредно пред [[Анален отвор|аналниот отвор]]. Простатата има предна страна, која е во однос со пубичната симфиза, задна страна која е во однос со [[ректум]]от, врв кој допира до перинеумот и база на која лежи мочниот меур. Во средината, простатата има тесна дупка. [[Мочен канал|Мочниот канал]] што ја празни мочката од [[мочен меур|мочниот меур]], минува низ таа дупка на патот кон врвот на [[Пенис (човек)|пенисот]].
 
==Функции==
Простатата лачи бистар „сок“ кој е дел [[сперма]]та при [[Ејакулација|ејакулацијата]].
 
==Заболувања на простатата==
Најчесто заболување на простатата е нејзиното зголемување кое е поврзано со стареењето на мажот. Најчесто, до возраст од 40 години, простатата не покажува никакви симптоми, а потоа кај дел од мажите се јавува состојба на зголемена простата. Повеќе од половината од мажите на возраст над 60 години се соочуваат со овој проблем. Причините за зголемувањето на простатата не се познати, но се претпоставува дека голема улога може да играат некои [[хормони]], како: [[тестостерон]]от, [[дихидратестостерон]]от (ДХТ) и [[естроген]]от.
Вообичаен симптом за зголемена простата е проблемот со честото уринирање во текот на ноќта, а тоа произлегува оттаму што зголемената простата притиска врз мочниот канал што поминува низ неа. Исто така, други симптоми се: при уринирањето првиот млаз доаѓа со задоцнување, млазот е послаб од вообичаеното, неможност за мокрење и чувство на неиспразнетост.<ref>„Простата - мала жлезда голем проблем“, ''Здравје'', понеделник, 10 ноември 2014, стр. 18.</ref>
 
==Лекување==
[[Податотека:Male anatomy mk.svg|thumb|деснолево|450px|Пресек на просечен маж. Видлива е простатата.]]
Постојат неколку можности за лекување на зголемената простата: На прво место доаѓа промената на животните навики (намален внес на [[Алкохолен пијалок|алкохол]] и [[кафе]] и намален внес на течности пред спиење, уринирање со пауза), потоа следува земањето одредени лекови, а како последна можност е [[Хирургија|хируршката]] интервенција. Притоа, се користат повеќе третмани, како: [[трансуретрална иглена аблација]] (TUNA), која е позната како [[радиофреквентна аблација]] и [[трансуретрална микробранова аблација]] (TUMT). Најпознат хируршки третман е [[трансуретрална ресекција на простатата]] (TURP) со регионална или општа [[анестезија]]. Операцијата се изведува со помош на инструменти кои се вовлекуваат во простатата низ мочниот канал и со нив се отстранува зголемениот дел. [[Операција]]та е минимално инвазивна, без хируршки резови и со скратен болнички престој.<ref>„Простата - мала жлезда голем проблем“, ''Здравје'', понеделник, 10 ноември 2014, стр. 18.</ref>