Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
Веднаш после формирањето, бригадата водела борби против германските и [[балисти]]чките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во Дебарца, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
 
Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ ноќта меѓу 5 и 6 декември започнала марш преку планината [[Галичица]] и Албанија до слободната територија во [[Меглен]], Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во [[Дебарца]] повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата [[Мраморец]], [[Турје]] и [[Сливово]]. На 9 декември бригадата имала краток одмор во [[Герман (Леринско)|Герман]], а на 10 декември во нејзиниот состав влегол батаљонот „Стив Наумов“ како Петти батаљон. Бригадата пристигнала на [[Кајмакчалан]] на 14 декември. После 13 дена марш, на 18 декември бригадата пристигнала во село [[Фуштани]], [[Меглен]]ско.
 
== Февруарскиот поход ==