Рамелсберг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 88:
* Кула Мајстор Малтер (''Maltermeisterturm'') (најстара рударска градба во Германија на површината)<ref name="Knolle"/>
* стари рударски копови (најстарите од {{римски|11}} и {{римски|12}}).
 
== Рударска опрема ==
=== Кула Мајстор Малтер ===
 
[[Податотека:MaltermeisterTurm.jpg|мини|Кула Мајстор Малтер ''Maltermeisterturm'']]
 
Кулата Мајстор Малтер (''Maltermeisterturm'') е најстара зачувана надземна рударска градба на Рамелсберг и веројатно во цела Германија. Била изградена околу 1500 година на падината на Рамелсберг. Првично, кулата била користена за надгледување на коповите; од 1578 година била користена како ѕвонарник (''Anläuteturm'').
 
Од средината на {{римски|18}} век, во кулата живеел мајстор Малтер (''Maltermeister''). Управувал со дрвото потребно за рудникот, кое било мерено во малтери, германска единица, од каде потекнува и името на кулата.
 
=== Херцбершко езеро ===
 
[[Податотека:HerzbergerTeich.jpg|thumb|left|Херцбершко езеро]]
 
Со цел да има доволно вода за движење на воденичките тркала во сушни периоди било изградено Херцбершкото езеро во 1561 година. Од 1926 година, ова било користено како шумски пливачки базен. До затворањето на рудникот, водата била користена за разладување и топлата вода била враќана во езерото.
 
=== Болрих ===
 
Поради германското економско чудо по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] и острото подигнување на цените на [[олово]]то и [[цинк]]от во 1950 година, биле спроведени истражувања за руда. По успешните обиди за обработка на оваа нискоквалитетна руда (содржина на метал од околу 25%), приготвувањето на рудата започнало во 1953 година на Болрих над селото Окер. Повторно, рударскиот архитект, Фриц Шуп, бил одговорен за проектирање на објектите.
 
Местото бил поврзано со Рамелсберг преку рударска железница низ Геленбек. Отстранувањето на оловото во Окер и обработката на цинкот во Харлингероде биле спроведувани преку стандардна железница.
 
<gallery>
Податотека:Waldbadherzbergerteich1.jpg|Херцбершко езеро (''Herzberger Teich'')
Податотека:Aufbereitungbollrich.jpg|Приготвување на рудата на Болрих
</gallery>
 
== Комеморативна монета ==
 
Во 2008 година, Стариот град на Гослар и Рамелсбершките рудници се нашле како мотив на златната монета од 100 евра, која ја издавала државата секоја година.
 
== Планинарска патека ==